• Latest

24 ЧАСА: Финансиска полиција влезе во Македонски навигации; разрешени двајца директори на М-НАВ; техничката влада по Водици

January 9, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Финансиска полиција влезе во Македонски навигации; разрешени двајца директори на М-НАВ; техничката влада по Водици

January 9, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во Македонски навигации, потврдуваат од М-НАВ. Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираа, ги прават врз основа на направениот извештај.

Владата разреши двајца директори на М-НАВ, Илир Мехмеди на местото на Фахрудин Хамиди, Милан Кораќ на местото на Љубе Стаменковски

Владата на седницата која е во тек донесе заклучок со кој му препорачува на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, а на негово место да дојде Илир Мехмеди…

Пендаровски: Се работи за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, потребно е итно расветлување на случајот М-НАВ

Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ  Повеќе од 2 билиони луѓе низ 50 земји во светот оваа 2024 година ќе одлучуваат за судбината на нивните општества преку различни форми на избори…

ТЕХНИЧКА ВЛАДА Од 22 до 28 јануари ќе се одвиваат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието, соопшти Кабинетот на претседателот на Парламентот по првата средба со координаторите на пратеничките групи.

АМБАСАДА НА САД ВО БИХ Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска соопшти дека Уставниот суд на БиХ во неколку пресуди јасно укажал дека одбележувањето на Денот на Република Српска на 9 јануари е противуставно.

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, бара куќен притвор за неговиот клиент, кој е меѓу осомничените за кого Обвинителството соопшти дека споделувал информации со извршителите на убиството за движењето на неговата ќерка.

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА САУДИСКА АРАБИЈА Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура од денеска до петок ќе биде во официјална посета на Северна Македонија.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Шолц ги повикува земјите од ЕУ да ја вооружат Украина, Орбан сигнализира можно укинување на ветото

  • Естонија ќе одвои 0,25% од БДП за одбраната на Украина во следните четири години

  • Мистериозна смрт на главната уредничка на руската државна телевизија и истакнат пропагандист на Путин, се сомнева дека била отруена

КОНФЛИКТИ

  • Што се крие зад цврстата поддршка на Ердоган за Хамас?

  • Најмалку 320 пропалестински демонстранти уапсени откако го блокираа сообраќајот низ мостовите во Њујорк

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

– Специјалниот суд ќе продолжи со работа по тринеделна пауза. Според календарот, од вторник до петок пред судот ќе се појави Пјетер Шала,а следната недела ќе продолжи судењето за поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Веселин, Јакуп Красниќ и Реџеп Селими.

– Премиерот Еди Рама ќе го свика владиниот кабинет на дводневен состанок на „Рана е Хедхун“, на брегот на Шенѓин.  Состанокот за повлекување ќе се одржи денеска и утре (9-10 јануари).

МОНИТОРИНГ

РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на „анализи“ и „истражувања“ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали

Тоа што државната новинска агенција МИА го пласираше во рубриката „МИА истражува“ и истото го пренесоа повеќе македонски медиуми, всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од таканаречениот „независен“ воен аналитичар Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр. Текстот на Буриќ е полн со произволни и паушални тврдења, забележува Мониторинг тимот на Цивил…

 

АНАЛИЗИ

Никогаш не можев да откријам кој рекол дека демократијата е налик на старите износени чевли. Оној кој ја кажал оваа дефиниција секако милел дека таа не мора да е привлечна како уредување, и на прв  поглед има многу маани (веројатно крпеници заради изабеност) ама добро легнува во секојдневниот живот, бидејќи, оној кој ги носи, сепак, се чувствува – удобно! Таа, демократијата, има функционалност, би се рекло со некој професорски речник!, пишува Љубомир Костовски во анализата „ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Мицковски го пробал јаболкото на груевизмот“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Пред големите денови, преданијата велат дека се отвора небото. Божјите висини го потсетуваат човештвото дека сѐ повеќе скршнува од зададениот пат. Не ми е дадено да ги тврдам ваквите исконски верувања, ама ете и јас како ќорава кокошка понекогаш погодувам зрно. На овој Бадник, откако го поделив лепчето, му ја залегнав да видам кој и колку го послужила среќата. И нормално, виснав на ФБ. И додека вртам по долгата листа на познати и непознати лица кои се сликале со бадниковата трпеза и со паричето од лепчето ме облеа светлоста на вистината, пишува Војо Маневски во колумната „На Бадник ми се разјасни: Од каде се наследува талентот за местење тендери“

 

ЕДИТОРИЈАЛ

Не е важно дали премиерката и претседателка на Браќата на Италија (Fratelli d’Italia), Џорџа Мелони, навистина го мисли или не го мисли тоа што го кажа за фашистичкиот собир во Рим на 7 јануари. Едноставно, идеолошката матрица на партијата што ја води Мелони, влече корени од фашизмот на Бенито Мусолини. Почнувајќи од италијанските социјалисти, завршувајќи со академските истражувања, хроники и анализи – Браќата на Италија ги опишуваат, најблаго речено, како ултрадесничарска партија со неофашистички корени и политики, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „ФАШИСТИЧКО ДЕФИЛЕ ВО ИТАЛИЈА: Инцидент, морбиден потсетник или реалност“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиконфликтимониторингтеми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ