• Latest

Албански медиуми: Специјалниот суд за воени злосторства во Косово продолжува со работа; „Рајска Бања“ под надзор на полицијата; албанската влада на дводневна работна седница во Шенѓин

January 9, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Специјалниот суд за воени злосторства во Косово продолжува со работа; „Рајска Бања“ под надзор на полицијата; албанската влада на дводневна работна седница во Шенѓин

January 9, 2024 11:30
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот суд ќе продолжи со работа по тринеделна пауза. Според календарот, од вторник до петок пред судот ќе се појави Пјетер Шала,а следната недела ќе продолжи судењето за поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Веселин, Јакуп Красниќ и Реџеп Селими.

Премиерот Еди Рама ќе го свика владиниот кабинет на дводневен состанок на „Рана е Хедхун“, на брегот на Шенѓин.  Состанокот за повлекување ќе се одржи денеска и утре (9-10 јануари).

КОСОВО

РТВ 21: Специјалниот суд продолжува со работа, овој месец се очекува одлуката за Пјетер Шала

Специјалниот суд ќе продолжи со работа по тринеделна пауза. Според календарот, од вторник до петок пред судот ќе се појави Пјетер Шала.

Во меѓувреме, следната недела ќе продолжи судењето за поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Веселин, Јакуп Красниќ и Реџеп Селими. Овој месец се очекува судот да одлучува за случајот со Пјетер Шала, кој е обвинет за воени злосторства, пренесе РТВ 21.

Газета Експрес: Полицијата ја чува „Рајска Бања“, од  МВР се уште нема одлука  за што ќе се користи

Косовската полиција продолжува да го чува туристичкиот комплекс „Рајска бања“ во Бањска-  Звечани.

Косовската извршна власт се уште не одлучила за што ќе се користи овој објект, кој со одлука на косовската агенција за приватизација е предаден на Министерството за внатрешни работи, пренесе Газета Експрес.

Зери – Хаџиу: Граѓанскиот законик ќе се обработи годинава, не сме сигурни дали ги имаме гласовите

Министерката за правда Албулена Хаџиу изјави дека е жално што сме во 2024 година, а Косово се уште нема Граѓански законик, но според неа тој ќе биде процесуиран во текот на оваа година, пренесува Зери.

АЛБАНИЈА

Шќип: Рама ја свикува владата, два дена во Шенѓин – скенирање на работата на министрите и целите за 2024 година

Премиерот Еди Рама ќе го свика владиниот кабинет на дводневен состанок на „Рана е Хедхун“, на брегот на Шенѓин. Состанокот за повлекување ќе се одржи денеска и утре (9-10 јануари).

Покрај министрите, се дознава дека на средбата ќе присуствува и генералниот секретар на СП, Бленди Клоси, како и шефовите на собраниските комисии.

Во фокусот на дискусиите на овој дводневен состанок ќе бидат целите за 2024 година, како и анализа и евалуација на работата за годината што ја оставивме зад нас, пренесе Шќип.

КОЛУМНА

Коха: „Случката во Херцег Нови се држи во стаклен сад“

„Освен тоа што „три момчиња Албанци биле претепани веднаш штом излегле од бродот“, сите други факти се разнишани. Дали тоа беше „младинска работа“ во жештината на моментот, или поинаку?

Петмина од осумте сторители се уапсени – информираат од црногорската полиција. Но, зошто осум лица против тројца, особено од соседната држава? Ова никогаш не се случило во нашите кодови, било Црногорци или Албанци.“, пишува авторот Фрок Чупи во колумната „Случката во Херцег Нови се држи во стаклен сад“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ