ВЕСТ НА ДЕНОТ
Јавното обвинителство отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“.
Васев, освен забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, му е изречено и оддалечување од работното место. Додека, за Нухи е побарано само забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. По ова барање треба да одлучи Основниот Кривичен суд Скопје.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Државната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2872 предмети од кои 2788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива. При тоа решени се 2451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана. Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршување на мандатот.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Специјалистите на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ХУР) го нападнаа и го урнаа специјалниот комуникациски сервер на руското Министерство за одбрана, соопшти прес-службата на разузнавачката агенција во соопштение на својата веб-страница,
*
Руските пропагандисти продолжуваат да го „бустираат“ наративот за наводниот конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СРЕДБА Премиерот Талат Џафери, денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река. На средбата, соопштија од владината прес-служба, биле пренесени честитки од премиерот на Албанија, Еди Рама, за изборот на премиерот Џафери и на на новата Влада.
БЛОКАДИ Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје. Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси, соопштија од Град Скопје.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА Русинка обвинетa за „екстремизам“ поради објавување слика на виножито на Инстаграм, хомофобијата стана официјална политика на Кремљ
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: ЕУ ги повика Србија и Косово да постигнат договор пред изборите во САД и ЕУ; економијата во Албанија изградена врз загадување на животната средина; Динарот како следен предизвик за нормалноста
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ДОЗНАЈТЕ ШТО Е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ВО ПОМАЛКУ ОД ЕДНА МИНУТА
„Трол армијата“ на ВМРО-ДПМНЕ пред избори пуштена на најјако, односно во видеото во коешто говори претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во Општина Центар, измонтираа лажно видео парче во кое насобраните граѓани наместо да извикуваат дека се Македонци, извикуваа дека се Бугари, соти во извештајот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ „Троловите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажно видео во кое симпатизерите на СДСМ „викаат“ дека се Бугари“
СЛОБОДНА ЗОНА
Во претстојниве месеци ќе имаме музика која политичарите ќе ја свират за слухот на публиката како суштина на атмосферата, избегнувајќи да одредат што тоа конкретно ќе прават за да се решат насобраните проблеми и која песна тогаш ќе ја пеат“,пишува Војо Маневски во „Да си кажеме на време!“.
Подготви: Б. Јордановска