• Latest
Фото; Скриншот

24 ЧАСА: Пендаровски број 1, Давкова ја доби двојката на изборното ливче; не поскапува парното за домаќинствата, тврди Бислимоски; нема договор за нова бугарска Влада

March 25, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пендаровски број 1, Давкова ја доби двојката на изборното ливче; не поскапува парното за домаќинствата, тврди Бислимоски; нема договор за нова бугарска Влада

March 25, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото; Скриншот

Фото; Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Жрдепката заврши: Пендаровски број 1, Давкова ја доби двојката

Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

  1. Стево Пендаровски
  2. Гордана Силјановска Давкова
  3. Стевчо Јакимовски
  4. Бујар Османи
  5. Билјана Ванковска Цветковска
  6. Арбен Таравари
  7. Максим Димитриевски

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Нема поскапување на парното за домаќинствата, тврди Бислимоски

-Во ниту еден случај нема да дојде до никакво поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, единствено може да дојде до намалување во зависност дали ќе има субвенции, дали ќе нема. Во текот на јули вообичаено ние ќе ја донесеме таа одлука. Можевме и сега да носиме популистичка одлука, кога ја намаливме цената за не домаќинствата, но се решивме да им се помогне пред се на овие потрошувачи кои во текот на енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МАТИЧНИ ЛЕКАРИ Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.

ЏАФЕРИ – СИЛВЕСТРИ Премиерот Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Италија во земјава Андреа Силвестри, на која е истакнато големото и искрено пријателство помеѓу двете земји создадено во 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу државите, соопшти владината прес-служба.

 БУГАРСКА ВЛАДА Шефицата на бугарската дипломатија и мандатар за состав на новата коалициска влада, Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, вчера изјави дека не е постигнат договор за формирање нова влада со централно-десничарската партија Промените продолжуваат (ПП).

МАРШ ЗА ЖРТВИТЕ НА ДИКТАТУРАТА Неколку десетици илјади Аргентинци се собраа вчера на Денот на сеќавањето на жртвите на диктатурата (1976-83) со порака „никогаш повеќе“ и против актуелните власти кои го оспорува бројот на жртвите и настаните што доведоа до тоа време.

 ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските воздухопловни сили уништија две балистички ракети истрелани од руските војници кон Кијив од привремено окупираниот Крим, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, генерал-полковник Микола Олешчук во објава на Телеграм,…

Меѓу Полјаците се зголемува подготвеноста доброволци, како и војници кои би ги испратила државата да се борат во Украина, а според истражувањето спроведено за локалните медиуми, денес 9,4 отсто од…

КОНФЛИКТИ

Израел се согласи со предлогот на САД за размена на затвореници и заложници, со кој ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, во замена за ослободување на 40 израелски заложници држени од Хамас во Газа,..

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

 Во Брисел денеска ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, со сретнат со посредство на специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. На средбата ќе се разговара за прекинот од оптек на српскиот динар во Косово, откако на 22 март страните ги дадоа своите предлози, пишуваат косовските медиуми.

Структурите кои ќе ги пречекуваат имигрантите кои доаѓаат од Италија ќе профункционираат на 20 мај, (договорот Рама –Мелони) Ова се предвидува во огласот објавен на 21 март од префектурата Рим, според кој се планирани 3 точки за прием и враќање на имигрантите, пишуваат албанските медиуми.

АНАЛИЗИ

Но, постои и  друга група луѓе која ги обвини руските безбедносните служби дека се фокусирале толку многу на Украина и на политичката опозиција и малцинските групи, од кои многумина имаат ист правен статус како ИСИС-К ( Алексеј Навални според руските закони се сметаше за терорист и екстремист. И секој кој е дел од L.G.B.T. заедницата се смета за екстремистичка), така да, оние кои се опозициски настроени сметаат дека можеби доколку безбедносните служби не беа фокусирани на рации во геј клубови и убивање на антивоените и активистите за човекови права, тие подобро ќе го спречеа овој напад, пишува Драган Мишев во анализата „Путин и пропагандистите се обидуваат да ја обвинат Украина за терористичкиот напад во Москва“

Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализи политикаВестиВојна во Украинаизбориизјавиконфликти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ