• Latest

24 ЧАСА: САД и Русија се договорија дека ќе се договараат; ако се утврди тешка дисциплинска повреда, Коцевски самиот ќе се повлече; Милановиќ положи заклетва за претседател на Хрватска; Русите со советски знамиња „заглавија“ во минско поле; Замислете свет во кој не постои вистина

February 18, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: САД и Русија се договорија дека ќе се договараат; ако се утврди тешка дисциплинска повреда, Коцевски самиот ќе се повлече; Милановиќ положи заклетва за претседател на Хрватска; Русите со советски знамиња „заглавија“ во минско поле; Замислете свет во кој не постои вистина

February 18, 2025 17:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
ТЕМА НА ДЕНОТ

РАЗГОВОРИ САД – РУСИЈА ЗА УКРАИНА

Разговори САД – Русија за војната во Украина: Путин е подготвен да разговара со Зеленски ако е потребно

САД и Русија водат разговори во Саудиска Арабија за војната во Украина, што е оценето како најзначајниот состанок на високо ниво од целосната инвазија на Москва пред три години…

Завршија разговорите САД – Русија во Ријад, според руската делегација разговорите биле „позитивни“

Американскиот Стејт департмент соопшти дека средбата меѓу американските и руските делегати во Ријад сега е завршена, објави Том Бејтмен, дописникот на американскиот Стејт департмент кој патува со Марко Рубио…

Стејт Департмент: САД и Русија се согласија да „ги адресаат проблемите“ на билатералните односи, да започнат преговори со Украина

Делегациите на САД и Русија се согласија „да се осврнат на надразнувачите на нашите билатерални односи со цел да се преземат чекори неопходни за нормализирање на работата на нашите соодветни дипломатски мисии“, рече портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус по денешните разговори во Ријад.

Валц: Дискусија за територијата и за безбедносните гаранции за крајот на војната во Украина ќе бидат основа на секаков вид разговори

„Ова треба да биде траен крај на војната, а не привремен крај, како што видовме во минатото. Знаеме дека практичната реалност е дека ќе има дискусија за територијата и ќе има дискусија за безбедносните гаранции. Тоа се фундаментални основи кои ќе бидат основа на секаков вид дискусија“, изјави по американско-руските разговори за ставање крај на војната во Украина, советникот за национална безбедност на САД, Мајкл Валц.

Рубио: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа

Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Ријад

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин

„ Одлуката ја оставам на политичарите. Јас строго сум работел и сѐ уште ќе работам согласно Законот. Условите доколку се исполнети согласно Законот за ЈО, стојам на тоа и нека ме разрешат, меѓутоа, доколку не се исполнети условите согласно Законот за ЈО, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин или на незаконит“, изјави републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.

РЕГИОН

Милановиќ положи заклетва за претседател на Хрватска

Зоран Милановиќ денеска свечено положи заклетва за втор мандат претседател на Хрватска пред претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, ветувајќи лојалност кон Уставот и оти ќе ја извршува должност за доброто на хрватскиот народ и хрватските граѓани.

СВЕТ

(ВИДЕО) Руски војници веејќи советски знамиња налетаа право на украинско минско поле во Курск, дроновите ги докрајчија

Самоуверено движејќи се кон украинските линии во Курската област во западна Русија со оклопни возила на кои дрско се вееше знамето на непостоечкиот Советски Сојуз, јуришната група на руската 155-та поморска пешадиска бригада навлезе право во минско поле поставено од украинската 47-ма механизирана бригада.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите дали се прави партизација или професионализација на судството и обвинителството?

СЛОБОДНА ЗОНА
Авторитарните сили, олигарсите и воените злосторници креираат нов светски поредок. Тоа е поредок што се темели на страв, дезинформации и репресија. Демократијата е под силна закана, вистината се изобличува, а слободата станува ретка привилегија. Како да се спротивставиме? Како да ги заштитиме вистината и слободното општество?- прочитајте во новото #esPRESSo на Џабир Дерала „Замислете свет во кој не постои вистина“.

Вооружени сили на рф и нивните контролирани воени формации продолжуваат да извршуваат воени злосторства, злосторства против човештвото и злосторства на геноцид на територијата на Украина. Злосторството на агресија на рф против Украина е злосторство на највисокото политичко и воено раководство на рф, пишува специјално за ЦИВИЛ Медиа Лариса Дир, вонредна и ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија во колумната „ Уништувањето на Мариупол: Трагите од воените злосторства не може да се избришат“

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ со амбасадорката на Украина, Лариса Дир: Ништо за Украина без Украина!

Во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, зборува за најновите предизвици со кои се соочува нејзината земја, за клучната улога на меѓународната поддршка и за тоа како Украина продолжува да се спротивставува на руската агресија. Во овој разговор, амбасадорката Дир сподели ставови и информации за крајно алармантните руски закани за нуклеарната безбедност на Украина, но и на целиот свет, геополитичките контексти на руската воена агресија и отпорот на украинскиот народ.

КОНТЕКСТ

На Трамп му се брза и многу му е потребна победа за да го зголеми своето влијание во внатрешната политика на САД, каде што се зголемува бранот на отворен и прикриен отпор кон неговата конзервативна револуција. Путин, напротив, ќе го забави преговарачкиот процес, повлекувајќи го по лажни патеки и ќорсокак, пишува Виктор Небоженко, директор на социолошката служба „Украински барометар“во текстот „ Договори или преговори?“

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиколумнитеми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ