• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

24 ЧАСА: СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во клинч по проширувањето на „црната листа“; според Рот, Србија не може во ЕУ се додека Вучиќ му се заканува на Косово; заврши увидот во Избирачкиот список за дијаспората

March 19, 2024

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во клинч по проширувањето на „црната листа“; според Рот, Србија не може во ЕУ се додека Вучиќ му се заканува на Косово; заврши увидот во Избирачкиот список за дијаспората

March 19, 2024 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во клинч за Законот за рестриктивни мерки по проширувањето на „црната лист“на САД

Последното проширување на „црната листа“ на САД со назначувањето на поранешната обвинителка Катица Јанева и на актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат за шеф на државата Стевчо Јакимовски , ги возбуди духовите и кај Власта и кај опозицијата, кои со меѓусебни обвинувања си префрлаат зошто се уште не се носи  Законот за рестриктивни мерки со кој лицата на црната листа нема да може да извршуваат јавни функции и дали, и со кој друг од веќе постоечките закони, тие може да бидат санкционирани во земјава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рот: Србија не може да влезе во ЕУ се додека Вучиќ му се заканува на Косово

 „Претседателот Вучиќ нешто погрешно разбра. Перспективата за членство во ЕУ не важи само за Србија, туку и за сите држави од Западен Балкан, вклучувајќи го и Косово. Не постојат работи како „или Србија или Косово“. Но, Вучиќ е во право, со него на чело нема можност Србија да влезе во ЕУ“, објави Рот на платформата „Х“ по заканите на српскиот претседател кон Косово.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБИРАЧКИ СПИСОК Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората за претојните претседателски (24 април) и парламентарни  избори (8 мај)…

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатури за претседател на државата до Државната изборна комисија (ДИК)…

ИЗБОРИ Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и Скендер Реџепи – Зејд, претседателот на Движењето на народот  денеска потпишаа договор за коалиција за претстојните претседателски и парламентарни избори. Ахмети…

БАРАЊЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани, информираат денеска од Министерството за правда.

 ВОЈНА ВО УКРАИНА

Министрите или државните секретари задолжени за европски прашања на земјите членки на Унијата во тој контекст ќе дебатираат за нацрт-заклучоците за Самитот посветени на состојбите во Украина и на Блискиот Исток, проширувањето на ЕУ, безбедноста и одбраната и на земјоделската политика…

Брза одлука на американскиот Конгрес да ја деблокира финансиската помош за Украина е од „критично значење“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија армија има сериозно недостиг од муниција против…

КОНФЛИКТИ

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека сепак ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење…

Договорот ЕУ-Египет не е само за мигрантското прашање, туку опфаќа широка програма за поддршка на египетската економија и навистина претставува голем историски потег, истакна потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас…

Со пристигнувањето на израелската делегација во Катар, официјално почнаа преговорите за постигнување договор за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас.. Според весникот „Једиот Ахронот“, преговорите за размена на…

СВЕТ

Земјите на ЕУ ќе воведат санкции за 30 руски функционери поради смртта на водечкиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, изјави шефот за надворешна политика на блокот. „Се договоривме за санкции…

Молдавија протера руски дипломат поради отворање избирачки места за претседателските избори во Русија во нејзиниот отцепен регион Транснистриа(Приднестовје), соопштија од Министерството за надворешни работи откако во вторникот го повика рускиот амбасадор

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

Се навршува една година од Охридскиот договор помеѓу Косово и Србија. Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, на првата годишнина од Охридскиот договор побара Косово и Србија да го спроведат овој договор, нагласувајќи дека тоа е последен пат двете земји да преминат во европската ера, пишуваат косовските медиуми.

Министерството за инфраструктура на Косово пред неколку дена одлучи на север и на целата територија на Косово да ги отстранат сите сообраќајни знаци на државата Србија, со што ќе ги заменат со официјални знаци на населени места според законите на Косово.

ИНТЕРВЈУ

Димовски за ЦИВИЛ МЕДИА: Неказнивоста на насилството во Собрание е мотивација за младите

„Ние немаме врсничко насилство само кај децата, ние имаме врсничко насилство и меѓу пратениците и тие се врсници едни со други како колеги, прво се напаѓаат вербално па се до физичко насилство. На одредени Комисии имало тепачки меѓу пратеници, имало нереди на собраниска говорница, имало нереди во собраниската сала итн. и сето тоа е видливо за граѓаните и за помладите. И од тука потекнуваат одредени работи, односно огледувајќи се на претставниците од највисокиот законодавен дом или во институциите на системот, тогаш младите посегнуваат по тоа и велат – зошто и ние не би го правеле тоа. Насилството во институциите никогаш не било казниво, единствено казниво беше влегувањето во парламентот на 27 април, и тука се казнети граѓаните, а не се казнети оние кои ги гледаат како насилници од кои земаат одредени примери“, вели Владо Димовски од невладината организација Центар за толеранција и доживотно учење, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

 ПРОПАГАНДА

Очигледен пример за тоа како функционира руската пропаганда во дел од македонските медиуми е последното сензационалистичкото и некритично пренесување на веста споделена од руското Министерство за надворешни работи дека од 90 македонски државјани кои се пријавиле да се борат на украинска страна, 30-мина од нив веќе се убиени. Одреден број македонски медиуми, координирано, (како) под команда, со сензационалистички наслови, ја пренесоа оваа вест на руското МНР, без притоа воопшто да се посомневаат, ниту со еден прашалник на крајот од реченицата, во вистинитоста на ова тврдење, за кое руската страна не нуди никакви релевантни докази. За проверка од трета независна страна не станува ниту збор, а воопшто не се ни прашува за методите преку кои е дојдено до ваквата (дез)информација, пишува Драган Мишев во анализата „ Кој се „израдува“ на наводното загинување на 30 македонски државјани на боиштата во Украина“.

Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиинтервјуконфликтимониторингполитика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ