ТЕМА НА ДЕНОТ
ВМРО-ДПМНЕ меѓу Мицкоски и Груевски
Преписките помеѓу Мицкоски и Груевски на социјалните мрежи кулминираат дотаму што силно се разнишани темелите на партијата. Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој со одлуките да не ги поддржи уставните измени го кочи патот на Македонија кон Европската унија, денеска преку Фејсбук објава му се обрати на поранешниот претседател на партијата, екс премиер и бегалец од правдата Никола Груевски. Поголемите политички партии во Македонија се загрижени за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и бараат одговори. СДСМ бараат Мицкоски да одговори за диловите со Груевски и дали ги прикрива барањата за амнестија. Од ДУИ велат дека средбите со Заев и Груевски беа за помирување во Пржино, а со Мицкоски за Кривичниот законик. И тие се загрижени за случувањата во ВМРО ДПМНЕ.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Дезинформациските текови во Западен Балкан укажуваат на поврзаноста меѓу странските штетни влијанија и домашните актери кои користат дезинформациски наративи чија цел е дестабилизација на регионот и попречување на европските и евроатлантските интеграции на државите од Западен Балкан. Дезинформациите не се само медиумски проблем, тие се и безбедносен проблем. Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината. Нашето општество мора да функционира како еден организам, подготвен и способен да ги одврати дезинформациите“, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Во своето обраќање пред делегатите на Генералното собрание на ОН, украинскиот претседател Володимир Зеленски како перманентна закана за светскиот мир ја посочи Русија која секоја деценија започнува нова војна. Секоја деценија Русија започнува нова војна. Делови од Молдавија и Грузија остануваат окупирани. Русија ја претвори Сирија во урнатини. А ако не е Русија, хемиското оружје никогаш немаше да се користи таму, во Сирија, изјави Зеленски.
ФЛЕШ ВЕСТИ
КУЛТУРА Скопје ја доби титулата-Европска престолнина за културата за 2028 година. Одлуката е соопштена денеска од Европската комисија во Брисел, по вчерашната презентација на апликациите на земјите кои беа во потесен избор за оваа престижна титула.
ОДЛУКА Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
СРЕДБА Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми: Албанија денеска претседава со Советот за безбедност на ОН; Османи порача ЕУ да ги награди проевропските земји; Вучиќ може да биде казнет ако оди во Косово без дозвола од Свечла
КОМЕНТАРИ
Колку вреди зборот на Меџити: До кога ќе се играат игри со здравјето и животот на дијабетичарите
„Луѓето со дијабетес се поранливи на стрес. Во оваа категорија, контролата на шеќерот во крвта е веќе проблематична, а зголеменото ниво на кортизол како резултат на стресот доведува до Кушингов синдром. Тоа е предизвикано од продолжено изложување на кортизол и се манифестира со специфично зголемување на телесната тежина (масни наслаги на лицето, вратот, околу половината), проблеми со кожата (стануваат потенки, малку се појавуваат модринки, стрии, рани се потешко се лекува), ментални нарушувања, хормонални нарушувања, остеопороза и мускулни проблеми“, комнетира Драган Мишев.
Подготви: Б. Јордановска