• Latest
д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Таравари: Ингеренции немаме, инвеститорите ги препративме во Владата, реакција нема

September 6, 2019

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Таравари: Ингеренции немаме, инвеститорите ги препративме во Владата, реакција нема

Гостивар „произведува“ 80 тони отпад дневно. Сето тоа се депонира во регионалната депонија Русино што е на 600 метри воздушна линија од строгиот центар на градот. Општинските власти во Гостивар, како и насекаде низ земјава, немаат ингеренции над отпадот.

September 6, 2019 18:05
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ
д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари, отворено и директно говори за ЦИВИЛ Медиа за еколошките проблеми што го мачат градот и општината. Проблемите со кои се соочува локалната администрација и жителите на Гостивар се илустрација колку политиката на централно ниво е оддалечена од зелените политики и практики и колку тоа лошо влијае на квалитетот на животот. Гостивар „произведува“ 80 тони отпад дневно. Сето тоа се депонира во регионалната депонија Русино што е на 600 метри воздушна линија од строгиот центар на градот. Општинските власти во Гостивар, како и насекаде низ земјава, немаат ингеренции над отпадот. Од друга страна, депониите кои сега се најголемиот проблем на сите населени места низ земјата, претставуваат сериозен стопански потенцијал. Но, за сега, тоа се само црни еко точки…

ЦИВИЛ Медиа: Каков е односот на општината кон зелените теми, кон заштитата на животната средина во регионот и во општината?

Таравари: Ние како нова администрација во Општина Гостивар за овие две години почнавме со изработка на нова стратегија, бидејќи воопшто немаше стратегија, генерално за екологијата, која ја изработуваат вработените во општината, кои се под тој сектор, потоа невладините во Гостивар. Во таа работна група ангажиравме луѓе од Тетово и Скопје, и се надевам дека до крајот на годината ќе имаме стратегија на Општина Гостивар, како да се однесуваме кон животната средина. Инаку, можам да кажам дека Општина Гостивар е една од општините која највеќе инвестира во зелените површини, и се обидува да ги зачува парковите што постојат градот. Нормално е дека постојат еколошки проблеми, посебно со загадувањето на воздухот, бидејќи блиску до нашата општина, не подалеку од еден километар, се наоѓа регионалната депонија Русино, којашто е депонија на сите девет општини во Полошкиот регион. Колку и да правиме за животната средина, сепак е малку, но барем да почнеме со една стратегија, да видиме каде би бил нашиот град, нашиот регион, во следноте пет или десет години.

д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар: Нормално е дека постојат еколошки проблеми, посебно со загадувањето на воздухот, бидејќи блиску до нашата општина, не подалеку од еден километар, се наоѓа регионалната депонија Русино, којашто е депонија на сите девет општини во Полошкиот регион. Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ Медиа: Каков е односот меѓу локалната и централната власт во однос на темите како што е депонијата?

Таравари: За жал, немаме никаков однос. Со новиот министер, ќе видиме, но досега, речиси сме немале никаква комуникација во однос на овие теми. Се надевам дека со новото раководство во министерството, ќе изнајдеме некаква комуникација и да размислуваме заедно за проблемите бидејќи депонијата Русино не е проблем на Општина Гостивар, туку е проблем на целиот регион. Знаете дека од пред година и пол, ингеренциите над депонијата се одземени од страна на владата, не само за Општина Гостивар, не само за Русино, туку за сите регионални депонии, така што ние сме со врзани раце. Не можеме да направиме ништо, да инвестираме или да размислуваме што понатаму, со таа регионална депонија. Иако, искрено да кажам, во нашата општина се дојдени повеќе инвеститори, коишто се заинтересирани за инвестирање, за рециклирање на отпадокот и понатаму, произведување енергија, што е тренд во светот, меѓутоа, бидејќи немаме надлежности, не можеме ниту да зборуваме.

Истите тие инвеститори ги препративме во Владата, односно, до премиерот и надлежното министерство, но од таму нема никаква реакција. Јас би упатил еден апел до централната власт, или нека изнајдат решение, бидејќи тие ги имаат ингеренциите врз таа депонија, или нека ни ги вратат, па да седнеме како Полошки регион и данајдеме некое решение коешто би било подолгорочно за депонијата Русино, бидејќи таа е рак рана на Општина Гостивар, бидејќи е многу блиску до нашата општина, и таа е најголемиот загадувач на воздухот.

Таравари: Влез во депонијата не би требало да наплаќаат, но општината нема никакви ингеренции таму. Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ Медиа: Каква ви е комуникацијата со другите локални власти, на пример со Тетово и другите општини, во врска со ова прашање, бидејќи сепак е регионална депонија?

Таравари: Имаме релативно добри односи, бидејќи месното население до пред четири-пет месеци не дозволуваше да се фрлаат никакви отпадоци од другите општини, меѓутоа веќе постои добра комуникација, од десет барања на локалното население, ми се чини дека четири или пет се реализирани. Едното барање беше асфалтирање на патот, другото беше испитување на почвата и водата во околината на Русино, да се стават прегради околу депонијата, веќе се направени одредени инвестиции, од сите општини. Меѓутоа, потребен е посериозен пристап, за да дозволи месното население сите општини да ја користат таа депонија како регионална.

ЦИВИЛ Медиа: Ако депонијата е под надлежност на Владата и Министерството за животна средина, зошто се наплаќа влез во депонијата?

Таравари: Не би требало да наплаќаат, општината нема никакви ингеренции таму. Повремено го ангажираме јавното претпријатие Комуналец од Гостивар, за одредени активности. Преку јавното претпријатие ангажиравме една фирма за досредување, бидејќи се работи за еден огромен отпад што доаѓа од целиот град, а понекогаш се случува и од околните општини да однесат нешто, тоа е. Јас не знам ниту кој наплатува, треба да се преземат одредени мерки кон тие што наплатуваат. Но, бидејќи не се под наша надлежност, не можеме да преземеме нешто.

ЦИВИЛ Медиа: Кој би требало да преземе мерки?

Таравари: Владата или надлежното министерство. Треба да одат на лице место и да видат кои се тие што наплатуваат влез во депонијата. И се надевам дека во најскоро време ќе преземат одредени активности, да го спречат тоа и да не се случува понатаму.

Дијана Тахири
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Џабир Дерала
Монтажа: Ариан Мехмети

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Ова интервју е дел од проектните активности на организациската единица Зелен ЦИВИЛ во проектот „Зелена иднина“, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.


Д-р Арбен Таравари е градоначалник на Гостивар, поранешен министер за здравство (2017) и генерален секретар на Алијансата за Албанците.

Претходни содржини со д-р Таравари: Интервју, дел 1 и дел 2. Повремено пишува колумни во рубриката МИСЛА.

Print Friendly, PDF & Email
Share211Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ