• Latest

Чингоски сведочи за тешки изборни манипулации

February 1, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Чингоски сведочи за тешки изборни манипулации

February 1, 2016 11:53
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Владо Чингоски, адвокат од Охрид, поранешен функционер на СДСМ, посведочи за тешки манипулации во сите изборни процеси до сега во Република Македонија. Тој изнесе фрапантни податоци за состојбите во изминатите години и сега, за злоупотребите и притисоците, како и за контроверзната улога на различни учесници во изборните процеси. Тој ги разобличи намерите и позициите на поголем дел од присутните во салата. 

Чингоски беше еден од учесниците на Средбата со граѓанките и граѓаните на тема СИТЕ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ во Охрид. Настанот се одржа во големата сала на Општина Охрид, на 30 јануари 2016.

“Јас сум сведок, а овде со мене бил и Зоран Вељаноски во многу изборни циклуси, како член на Oпштинска изборна комисија, сум бил и секретар во 1990, ‘94, ‘96, ‘98, 1999, 2000, 2002, 2005 година, и оттогаш повеќе не сум член во изборните комисии. И знаеме како се гласа. Знаеме како се вршат приотисоци, знаеме како се фалцификувало, не е „бугарски воз“, туку „македонски воз“ е, Бугарите не се попаметни од нас да измислат како се фалсификува, тие се мали деца за нас, и го знаеме сето тоа. Знаеме и за „Магнус“, знаеме и тепање, знаеме сé живо. И сме учествувале, кој активно -кој пасивно, сите сме учествувале.

Овде поентата е дали Вие, како невладина организација, ќе ги пратите изборите, ќе ги констатирате сите тие неправилности и дали ќе дадете објективен извештај до оние на кој што треба да им дадете извештај. А, дека ќе има фер и демократски избори, ќе нема – фер избори, еве ви гарантирам дека ќе нема повторно, затоа што овдека не се граѓани…

Не е ниту Зоран граѓанин, директор е на гробишта, не е ниту госпоѓата граѓанка, директорка е на градинка, не e ниту господинот граѓанин, директор е на градски пазар… Значи, сите сте овдека дојдени во некоја функција. И добро е што тие се организирале, (ве молам, додека зборевте јас молчев), тие се организирале да Ви го направат ова, а што спие СДСМ, нека спијат уште во нивните простории, што можам јас, како можам јас да им помогнам?

Инаку, сиве овде се директори, дури и братучед ми Стефан Џинговски, тој е од ВМРО-ДПНМЕ, дојден е наменски, затоа што е од Капетанијата, капетанот му е тука и тој мора да е тука. Значи, не е тоа проблемот, апсолутно не е проблемот овдека – какви ќе бидат изборите. Ви гарантирам дека изборите нема да бидат ниту од едната, ниту од другата страна, фер и демократски и кредибилни. Меѓутоа, вашата работа е дали ќе можете вие мониторинг да направите, дали ќе можете да направите една добра слика и анализа – дали тие избори се слободни и демократски. Дајте објективен извештај, дали се слободни и демократски, ако тоа не го направите, бадијала е сé овде да се дискутира.

Ние имавме пример со Мост, од Мост рекоа – ние ќе бидеме објективни. СДСМ беа на власт, во Мост сите набљудувачи од СДСМ беа. Сé што беше неправилно на избирачките места, за набљудувачите на МОСТ, немаше никакви проблеми…

Истото го прават сега и ВМРО-ДПМНЕ, тие можат и се инволвираат во МОСТ, се инволвираат набљудувачи, си инволвираат луѓе, и тие после си даваат добри извештаи. Кога ќе се соберат извештаите во Мост (или во ЦИВИЛ), добри се извештаите и тие извештаи се пуштени до вашите надредени, до ОБСЕ или ОДИХР не знам кој….“

(Реакција од присутните од ЦИВИЛ: „Ние немаме надредени„!).

„Имате надредени, јас сум атеист, ама само бог нема надреден, инаку сите ние имаме надредени. И јас се чувствувам дека немам надреден, меѓутоа, кога ќе ме фатат во економска криза, мораш некого да молиш, тоа е факт, да бидеме искрени. Затоа да прекинеме со сите овие дискусии, јас мислев дека вие овдека ќе кажете како ќе го мониторирате овој процес, а верував дека од другата страна, барем ќе има граѓани, а овдека имаме само функционери. Јас морав ова да го кажам, вие како сакате, единствено овдека секретарот на општинското собрание, единствен кажа – ‘јас во овие три години не сакам да вршам притисок на вработените да гласаат’. Тоа можам да го кажам и да го потврдам и да му се заблагодарам, затоа што не беше таков случај, јас кога бев овде. Некој ветуваше дека 3 000 луѓе ќе однесе на митинг, имаше и такви случаи. Ако е така, секоја чест за господинот секретар. Меѓутоа, знаеме дека и во овој момент на терен работат, одат кај болни луѓе и им ветуваат, еве и кај мои роднини отидоа. Така е Стевчо? И му рекоа дека ќе му завршат работа за операција за око, така беше? За перде за катаракта. Значи, имаме случаи дека тоа се врши, а тоа е мито. Тоа е изборно мито…“, го заврши своето излагање Владо Чингоски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕзаканизлоупотребаизбориМакедонијаманипулацииОхридпритисоциСДСМЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result