• Latest

Полицајци вршеле партиски притисоци на локалните избори

February 15, 2016
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Полицајци вршеле партиски притисоци на локалните избори

February 15, 2016 17:23
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Демонстрација на сила, примена на крајно недемократски и репресивни мерки, омаловажување и закани, влевање страв на граѓаните се дел од мерките со кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта на последните избори во повеќе општини од кај што вакви сведоштва доаѓаат дури три години по локалните избори во 2013 година.

Искуството кое што О.А. се охрабри да го сподели со нас е можеби еден од најеклатантните примери за агресивниот манир на водење на кампањата и самиот изборен процес, во случајов со поддршка на вработени во МВР.

О.А. има четиричлено семејство и со труд и мака, со тутунопроизводство, се обидува да ја обезбеди егзистенцијата на своето семејство. Овој човек не е симпатизер на политиките на власта. Токму затоа, за време на изборната кампања за последните локални избори му било наложено да гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дојдоа дома двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ, едниот Х. Б. вработен во МВР, а другиот исто така ми е познат од селото, Г.Б.  Ми се заканија дека ако не гласам за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе страдаме и јас и моите деца. Ми рекоа: `Ќе ти дадеме партиска книшка, а ако не гласаш ќе бидеш бележана овца и ќе страдаш!` Но, јас им кажав дека ќе гласам за кого сакам, се расправавме и се скаравме на крај“, вели О.А.

Тој, сепак, инсистира на својата анонимност. Вели дека не му е страв за него самиот, туку стравува за своите деца. Се плаши од можни последици во текот на нивното образование.

„Не знам што можат да направат, затоа треба да внимавам. Но, ако дојде коса до рамена, ќе кажам сѐ како беше, не се плашам за мене ни малку и сѐ што кажувам е вистина“ – вели овој тутунопроизводител.

Овие притисоци од страна на вработениот во МВР, врз нашиот соговорник, да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, резултирале со вербален конфликт, при што О.А. бил пријавен во полицијата во селото, а потоа и во партискиот штаб во градот.

Загрижен за семејството, овој човек одлучил да не се спротивставува натаму. Тој навидум подлегнал на заканата. Така, на денот на изборите, пред неговата куќа, дошол познат човек со такси возило, го однел до избирачкото место, каде што требало да го заокружи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не, не гласав за нивниот кандидат, не можев да го дозволам тоа, мое право е за кого ќе гласам, но не им кажав. Им беше сомнително, откако ги броеле гласовите и гласачките ливчиња, сфатиле дека не сум гласал за нив. Повторно реагираа, но јас не им признав. По изборите, пак ми се заканија дека ќе бидам обележан, дека каде и да одам, не ќе можам да завршам работа додека се тие на власт, ми рекоа, и во банка, и кога ќе го предавам тутунот, секаде ќе ми прават опструкции. И тоа се случи, тутунот ми го проценија класа подолу“ – вели О.А.

Овој човек тврди дека неговото искуство не е изолиран случај, туку дека врз многу жители во селата се вршел притисок на ист начин.

„Имаше многу такви работи, сите така, ги земаа од дома со автомобил, старите луѓе кои не знаат да гласаат, со сила им кажуваа што да заокружат. Имаше неподвижни луѓе, кои гласаа дома…“, додава О.А.

Тој вели дека и по овие настани имало партиски активисти од власта кои ја злоупотребувале својата функција. Тие по телефон на жителите им нуделе работни места, а некои кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ ќариле работни места. Исто така, имало граѓани кои за лојалноста биле наградувани со државно земјиште.

О.А. го сподели со ЦИВИЛ ова негативно искуство, со надеж дека ќе придонесе во иднина да се спречат ваквите форми на насилство, како инструмент за одржување на легитимитетот на власта.

Тој со оваа своја граѓанска исповед, придонесува да се врати демократскиот амбиент, во кој сите граѓанки и граѓани на Македонија ќе можат слободно, без притисок и закана, да го искористат своето уставно право, да го дадат својот глас за опцијата и политиките на партијата, преку кои веруваат дека ќе го остварат своето право.

Текст и камера: Моника Талеска

Tags: ВМРО - ДПМНЕзаканилокални избориМакедонијапартизацијапартискиполитизацијаполицијапритисоциуцениЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ