• Latest
Заев и Мицкоски (монтажа на скриншот од емисија на ТВ 24)

Анкетата на Брима ги разбранува политичките духови, инспекциите не открија недостатоци во 18 модуларни болници, политички ОК Корал на ЦИВИЛ

September 20, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Анкетата на Брима ги разбранува политичките духови, инспекциите не открија недостатоци во 18 модуларни болници, политички ОК Корал на ЦИВИЛ

September 20, 2021 17:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Заев и Мицкоски (монтажа на скриншот од емисија на ТВ 24)

Заев и Мицкоски (монтажа на скриншот од емисија на ТВ 24)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

Анкета на „Брима”: Заев убедливо најпопуларен политичар

Денешниот ден протече во знакот на коментирање на резултатите од испитувањето на јавното мнение што го спроведе агенцијата „Брима“, а кое ексклузивно го објави “Слободен печат”.

„Најпопуларниот политички лидер во Македонија и натаму е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%). Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори, генерално, ги покажува ниските рејтинзи на политичарите“ – објави “Слободен печат”.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Никола Димитров : вистинскиот ветинг го прават безбедносните служби, тие имаат пракса, имаат искуство и најважно законски надлежности за таа работа

Во нашиот систем може Министерството да има некаков дополнителен филтер за вакви работи да спречи, меѓутоа вистинскиот ветинг го прават безбедносните служби, тие имаат пракса, имаат искуство и најважно законски надлежности за таа работа. МНР нема надлежност да издава безбедносни сертификати, односно нема процес и процедури што врши такви безбедносни проверки на кандидатите на луѓето.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНКЕТА  „Брима“: Најпопуларниот политички лидер во Македонија и натаму е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

ПОПИС Граѓаните масовно се попишуваат, а бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

ЗЕЛЕНИ   Рокот за аплицирање за програмата за размена на искуства и знаења за транзицијата од јаглен кон еколошки извори на енергија што се однесува на земјите од Западен Балкан и Украина е продолжен до 30 септември.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Северна Македонија, кој се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД, официјално е означен на средба на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од американската Амбасада во земјава.

НАТО ВЕЖБА Согласно сценариото на вежбата, ќе се реализираат активности што третираат повеќе области како елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, спасување и укажување помош на граѓани, што претставува одлична основа за развивање капацитети и способности за градење регионален пристап и стратегии со цел соодветно спротивставување, сузбивање на криминалните дејствија и преземање конкретни мерки на дејствување.

ИНСПЕКЦИИ Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници не констатира недостатоци.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Анкетата на „Брима“ за СДСМ реална, за ВМРО-ДПМНЕ наместена, ДУИ со слоган „Избери живот, гласај зелено“, осуда за заканите кон кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Во денешната изборна хроника на ЦИВИЛ, Според испитувањето на „Брима“, СДСМ и Зоран Заев има водство пред ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и другите политички субјекти. Веднаш по објавената анкета на „Брима“, во дел од медиумите кои се блиски до опозицијата се појави експресно истражување на извесна „Организацијата за граѓански активизам и независност”, според која најголема доверба меѓу политичарите ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ЦИВИЛ ЗА РАЗЛИЧНОСТИТЕ

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема, „Преку  почитување на различностите до справување со дискриминацијата“ на 21 септември (вторник), во 13, 30 часот, во мултимедијалниот Центар на Организацијата кај Бизнис центарот „Палома Бјанка“.

Тема на панелот е институционалната, медиумска и општествена (родова, етничка, социјална) (не)дискриминација, колку се почитуваат различностите во институциите, медиумите и во општеството, како до подобра комуникација помеѓу различни групи и заедници, препорака за практики за недискриминација во сите наброени аспекти.

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

СЛОБОДНА ЗОНА

Од тогаш приватниот сектор зајакна во некои делови, но сѐ уште атрактивноста на вработувањата во јавните претпријатија не се намали. Квалитетната понуда на кадри за овој сектор навистина е намалена, но од други причини. Сеопштата партизација го поттурна возот на иселувањето од државата. Па сега на располагање се партиските и роднинските листи на невработени лица. Посебно кога се работи за високоплатените јавни претпријатија на државно или локално ниво. пишува во својата колумна  „Јавно партиски претпријатија” Војо Маневски.

Со други зборови, одлагањето на тешки (за Заев) одлуки во политиката може да има непредвидливи ефекти… Како што е самиот Филипче, во цврста „прегратка“ со Заев, несомнено дел од градењето на перманентно повисокиот рејтинг на СДСМ во однос на нивниот главен политички опонент во последните неколку години, така и контроверзата со неговата оставка може да го „потопи“ тој партиски рејтинг и на локални избори таман за толку, колку значително да се изгубат изборите., пишува Сашо Орданоски во „ Во цврстата прегратка на Филипче.’’

Д. Мишев

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ