• Latest

Makexit: Пустиот остров – Македонија!

July 2, 2016
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

October 7, 2025

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Makexit: Пустиот остров – Македонија!

July 2, 2016 14:19
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Додека ЕУ почнува со економски санкции за Македонија, а САД (ќе) ги затвора границите за македонските криминалци од власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го баталуваат НАТО и ѓоа се вртат кон Русија, задоволно триејќи ги рацете што и ММФ си заминува, па ќе можат да се задолжуваат со уште поскапи кредити, да си живеат во виртуелната реалност од халуционогените медиуми, уништувајќи ја иднината на генерациите кои не можат или не сакаат да избегаат од Татковината… Бегството и од идејата, од европскиот сон на Македонија, е конечно, збогување со здравиот разум

sinisa-stankovic-500x333
Пишува: Синиша Станковиќ

Лицето – марионета на оние кои го наместија на функцијата, кое без срам и перде се закани дека размислувало да ја употреби и војската за „разрешница“ на длабоката политичка криза во која неговите налогодавачи ја туркаат Македонија веќе цела деценија, и кое, за жал, сé уште е врховен командант, си донело одлука да не учествува на Самитот на НАТО во Варшава, „поради игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот…“!

Иако неговиот Кабинет тврди дека ваквата „Калимеро“-одлука на Ѓорге Иванов, обременет нели, „со фрустрациите од предолгото чекање“, само ја продолжува праксата, воведена уште од самитот во Кардиф во 2014 година, небулозниот потег на „мекото срце“ кое помилуваше криминалци, па се пишманеше, па се правдаше…, всушност, само ги симна маските. Белки сега, на сите рационални луѓе во пљачкосаната Македонија, им станува јасно дека децениската мантра за евроатлантските интеграции на тендер-коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, е само луфтбалон за замајување на јавноста, која апатична и демотивирана, додека крвта и ја пиеја бескрупулозни арамии, кутрата си веруваше дека „НАТО ќе не брани, а ЕУ ќе не рани“.

Иако и експремиерот Никола Груевски минатата недела среде Брисел најавуваше дека дебатирал со Европејците, за да дал „максимум да се намалат штетите што опозицијата ги направи во изминатиот период на Република Македонија(!?), а во поглед на македонските евроатлантски интеграции“, глумата и лицемерието веќе не врват. Потегот на Иванов, е само уште еден илустративен пример за катастрофалната надворешната политка на Македонија, која како селска мома на која одамна и поминало времето за мажење, фрла ишарети на сите потенцијални беќари, само за да купи уште малку време (за доцедување на пресушената држава, без европските закони и стандарди), кокетирајќи проѕирно, всушност, лажејќи без исаф, и на Запад и на Исток.

Паралелно со ѓоа-јуначењето на врховниот командант, лидерот на коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, маргиналната Демократска партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ (која глумеше српски лампион и во властите на СДСМ), се потпишал на руска иницијатива за воено неутрална територија на Балканот, заедно со српските партии од Република Српска (БиХ), и одделни партии од Црна Гора и Бугарија. Потписот врз декларацијата со владејачката руска партија „Единствена Русија“, според потписникот од Македонија, имал за цел „проектот да стане стратешка доктрина и во иднина да биде инкорпориран во општоевропските разгледувања на новата континентална архитектура на безбедноста“. Илерииииии! Македонија во „континеталната безбедносна архитектура“… Море, „Скопје 2014“ на планетарно ниво, ако треба.

Настрана руската надворешна политика која, во склад со своите интереси на Балканот, ја спроведува кампањата за блокирање на НАТО на овие простори, за резилот со ваквите трагикомични македонски „дипломатски“ излети да биде поголем, јасно е дека веројатно никој во власта (дури ни од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ, белки, дума да нема, ако УДБА сé уште не им е судба на некои од екскомандантите) не смета дека може навистина да ја поттурне Македонија во балканската орбита на Русија. Туку, едноставно, налудничавите планови за спас на капиталот стечен во деценијата безумен грабеж, според теркот на семејството на Вождот, се важни за да продолжи да се создава дополнителен хаос, да се купува време, и Македонија да стане пуст забатален остров, на кој ќе владее безаконие. И никој нема да се занимава со барање отчет и одговорност од Фамилијата, послушниците, опортунистите или заведените, сеедно, за уништувањето и на последните шанси за какво-такво заздравување и поместување на државава кон цивилизациските вредности.

Па, така „лудаците“ кои „немаат за леб, а купуваат чоколадо“ и понатаму ќе можат секојдневно да нé задолжуваат до испостување и на последните ресурси. Само, сега, изгледа со уште поскапи кредити. Нели, Меѓународниот монетарен фонд – ММФ повеќе нема да има резидентен претставник во Македонија, откако во август годинава завршува мандатот на сегашниот претставник, зашто „посилно присуство на Фондот во Македонија станало помалку потребно во отсуство на програма со земјата“, но претставници на ММФ ќе доаѓале во Скопје „на разговори со властите и со претставници на граѓанското општество“. А додека, тие разговараат со добрите стопани/домаќини, истата таа власта јагмаџиски ќе си ги полни џебовите, ќе арчи за будалштини и за кич и ќе испраќа специјалци и борни коли на студенти, на неистомисленици, на здраворазумни граѓани …

Паралелно со тоа, поради намерните блокади во сите сфери, со кои власта го оневозможува излезот од политичката криза, остварувањето на потпишаното од Пржино и профункционирањето на СЈО и на правната држава, стигна и првата санкција на Европската унија (како за нерешавањето на политичката криза во Македонија, така и заради влошување на ситуацијата и во областите во кои Владата и институциите, демек, и нудат успешни проекти на ЕУ). Санкцијата, според медиумите, предвидува замрзнување на дел од помошта од ИПА-фондовите од околу 27 милиони евра за годинава, а „дополнително ќе решавало за преостанатите 50 милиони евра, како и за финансирањето на Коридорот 8“.

13310485_977656952352774_2087175220342056412_n

„Запад не отпишува, Исток не не запишуе…“, оти добро знае дека властите во Македонија се неискрени.

А тоа, им отвора пат на разноразни фанатици, како потписниците на соопштението на Светскиот македонски конгрес, во кое се бара „Претседателот и Владата да ги предупредат мигрантите и меѓународната заедница дека илегалното и насилното влегување на мигрантите на територијата на Македонија ќе се смета за агресија и за објава на војна, на којашто Македонија ќе одговори со сите сили и средства!“

И се предупредува дека „вооружените сили на Македонија мора да бидат подготвени да реагираат брзо, бескомпромисно и безрезервно, како во услови на војна, со цел заштита на територијалниот интегритет и суверенитетот на Македонија“, од наводниот нов бегалски бран од Африка кон Европа, кој изнесувал околу дваесет милиони мигранти…

Чисто патем, Тодор Петров и неговиот СМК, ги повикуваат и македонските политичките партии „на одговорно однесување и откажување на сите протести кои ја намалуваат борбената готовност на вооружените сили на Македонија и ги растргнуваат на територијата на Републиката и на граничната линија со Грција“. И онака, меѓу редови, потсетуваат на задачата, која не успеа да ја исполни диригираниот ГДОМ: „СМК од Владата бара да бидат елиминирани сите здруженија и фондации и нивните обиди, покриени со странски грантови, за влез и времен или траен прифат на мигранти од Азија, Блискиот исток и Африка на територијата на Македонија!“

Сé со една цел. Македонија да остане пуст остров! Запустен и од Бога заборавен. Вон, и што подалеку од Европа! Со до заби вооружени специјалци против младината, со триплирана жица против бегалците, со забранети здруженија и фондации на „предавниците“, море, со забранети политички партии кои ги растргнуваат вооружените сили со протестите, ако треба… Само да се пролонгира буричкањето во сé попразното азно, да се избегне заслужената казна на виновниците за стрмоглавувањето на дното. Ќе бидеме ли дотолку улави, и тоа да го дозволиме?

Print Friendly, PDF & Email
Tags: IvanovГруевскиЕУмигрантиММФНАТОРусијаСАДСЈОСМКСтоиљковиќ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ