• Latest

Русковска не ја признава надлежноста на Јавниот обвинител, Русија ја губи информативна војна во Украина, агенциски вести со „скриена“ руска пропаганда

August 19, 2022

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Русковска не ја признава надлежноста на Јавниот обвинител, Русија ја губи информативна војна во Украина, агенциски вести со „скриена“ руска пропаганда

August 19, 2022 16:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Рускоска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители

„Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата“, изјави шефица на Основното јавно Обвининителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители на Решението за нејзина суспензија од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

„Само што доставив жалба до Советот на јавни обвинители. Членовите треба да се запознат со содржината на жалбата во која ги побивам наводите во Решението. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водам ќе продолжат со несмален интензитет, не верувам дека било кој колега ќе продолжи да постапува по нив, по ова што ми се случува мене“, изјави Русковска пред новинарите по поднесување на жалбата за нејзина суспензија.

Русковска во Советот на јавни обвинители се појави во придружба на телохранители чии услуги, како што рече, ги користи веќе некое време.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Џереми Флеминг: Русија ја губи информативната војна во Украина

Русија целосно ја загуби информативната војна во Украина и на Запад, пишува Сер Џереми Флеминг, директор на GCHQ, британската агенција за разузнавање, сајбер и безбедност, во авторски текст за The Economist.

Заблуда е да се каже дека сајбер просторот не бил фактор во војната во Украина. Двете страни користат сајбер способности за да ги остварат своите цели. Двете страни го разбираат потенцијалот за интегрирање на сајбер и информациска конфронтација со нивните воени напори. И двете страни знаат дека се вклучени во борба за влијание и мислење далеку подалеку од непосредното бојно поле. Тоа е многу модерна дигитална и сајбер војна, колку што е и брутална и деструктивна физичка војна, пишува Сер Џереми Флеминг.

ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Оџаклиеска: Регионалните депонии треба да претставуваат одржлив систем за управување со отпад

„Министерството за животна средина и просторно планирање донесе шест законски акти во сферата на управување со отпадот, кои добија поддршка од мнозинството пратеници во Парламентот и со нив воведуваме нов процес за циркуларна економија или искористување на отпадот како суровина. Се работи за пет регионални депонии затоа што за Североисточниот и Источниот регион веќе сме во некоја понапредна фаза, таму се обезбедени средства од ИПА-2 програмата. За овој заем станува збор за изградба на регионални депонии во југоисточниот, Југозападниот регион, во Пелагонискиот, Вардарскиот и во Полошкиот регион. Јас се надевам дека ќе добиеме поддршка од општините. Сметам дека мора да има блиска соработка меѓу централната и локалната власт во однос на изградбата на регионалните депонии“, изјави заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ  на тема „Зелени перспективи: отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“

„Регионалните депонии треба да претставуваат одржлив систем за управување со отпад кој треба да го реши расфрланиот отпад што го среќаваме наоколу“, изјави министерката.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.

*

Руски падобранец кој учествувал во борбите во Украина ја разоткри вистината за руската инвазија на Украина и побегна од земјата. Павел Филатјев ги знае последиците од тоа што го кажува. Овој поранешен падобранец сфаќа дека ризикува затвор, дека ќе го наречат предавник и дека неговите поранешни другари ќе го избегнуваат. Неговата мајка го поттикнала да избега од Русија додека може.

Не ја гледам правдата во оваа војна, вели Филатјев. Тој првпат лично седнува со новинар откако се вратил од боиштето во Украина и ја раскажува својата приказна, за лондонски Гардијан.

*

Пожар избувна во складиште за муниција во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков на Телеграма, пренесува Радио Свобода.

„Се запали складиште за муниција во близина на селото Тимоново во областа Валујски. Според последните податоци, нема жртви. Началникот на округот ги евакуираше жителите на селата Тимоново и Солоти на безбедно растојание“, напиша тој во објава на Телеграм. Причината за пожарот се истражува.

*

Вкупно 17 цивили се убиени во руските ракетни напади вчера доцна во ноќта и рано утрото врз градот Харкив. Уште двајца цивили загинаа во ракетниот напад на Русија врз градот Краснохрад, изјави началникот на регионалната воена управа на Харков, Олех Синиехубов на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Во текот на денот спасувачите ги демонтираа уништените куќи. За жал, под урнатините беа извлечени уште седум тела на жртви. Оттука, до сега, седумнаесет цивили се убиени во Харков, вклучително и момче родено во 2009 година. Четириесет и двајца цивили се повредени“, напиша Синиехубов.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Сатиричната измислица повод за говор на омраза кон министерката Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска со месеци е мета на говор на омраза и навреди на социјалните мрежи.

Нова серија од  крајно навредливи, дегутантни и мизогини коментари „изникна“ на социјалните мрежи  по една сатирична објава, која наменски беше пренесена од портал кој е преполн со навредливи содржини,  пред се кон владините претставници.

АНАЛИЗИ

Руска пропаганда „скриена“ во агенциските вести

„Точно е дека и ЕУ и Русија излегоа со изјави за ескалацијата на насилствата меѓу израелските сили и палестинските џихадисти. Но точно е и дека реакции и апели имаше од сите страни на светот, од големи и мали држави, релевантни и помалку релевантни светски организации и институции. Реагираа ОН, ОБСЕ, ЕУ, САД, Арапската Лига и кој сѐ не. Но овој наслов посебно ги доведува ЕУ и Русија во релација и ги изедначува по вредност и важност.

Што е целта на насловот и на текстот? Целта е да се изедначи важноста на ЕУ и Русија за важни прашања, а особено затоа што се работи за оружен судир. Да се прикаже Русија како важен фактор во светот кој може да се „загрижи“ за некоја криза“, вели Џабир Дерала во анализата.

Ретроспектива: Патот до ЕУ „поплочен“ со антиевропска и националистичка пропаганда

Помина повеќе од еден месец откако Собранието ги изгласа заклучоците за европскиот предлог што го понуди француското Претседателство со Советот на ЕУ, за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Северна Македонија, на 19 јули 2022, ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија. Но, пред да ги започне пристапните преговори со ЕУ помина низ тешки денови, бидејќи дел од опозициските партии се обидоа да го попречат патот кон ЕУ…

Пропагандните кујни работат ù за време на летните одмори, (со помал интензитет), додека нивните работодавци/шефови се сончаат на некоја плажа.

ЦИВИЛ повеќе пати апелираше до јавноста и медиумите да не поттикнуваат омраза и насилство и да се воздржат од ширење дезинформации, а до надлежните институции, да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат јавниот интерес, мирот и безбедноста“, се вели во анализата на Дехран Муратов.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСУДА „Комунална хигиена“-Скопје го осуди вербалниот напад врз новинарката од Мета, ќе има дисциплинска одговорност

ИЗБОРИ Денеска гласаат болни, немоќни, притвореници и затвореници за советници во Тетово и за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа

РЕШЕНИЕ Имаме шанса да ги решиме проблемите со Северна Македонија, кои траат со децении, но не беа третирани сериозно, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков.

– Сега имаме механизам за нивно решавање. Станува збор за т.н. француски предлог. Пред нас има широко поле за продолжување на работата и за расчистување на сите спорни прашања, рече Милков.

СЛОБОДНА ЗОНА

Никица Корубин

„Толку небулози, невистини и конструкции има во само овие две реченици, во кои ги барав и најдов Пајонците и Дарданците. Моите Мигдонци од насловот не успеав да ги најдам. На кои секако не им е местото во учебник од 6 одделение, а уште помалку во препораки за истите, бидејќи станува збор за многу тесен и стручен научен пристап, кој никако не може да биде наменет за основно образование. Туку, треба да биде предмет на многу научни студии, за тој период, меѓународно верификувани, кои разбирливо, кај нас ги нема. И како резултат на тоа што ги нема, нашата научна позиција, автоматски е крајно ослабена“, вели Никица Корубин во коментарот „Мигдонците од протоколот“.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ