• Latest

ДДВ-то за храната останува 5 отсто, луксузните добра ќе се даночат со 10 проценти

December 2, 2022
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ДДВ-то за храната останува 5 отсто, луксузните добра ќе се даночат со 10 проценти

December 2, 2022 15:15
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Прогресивниот данок се укинува  и од први јануари останува данокот на личен доход на 10 проценти. Се размислува да се воведе данок за екстра профити на компании кои за време на кризата оствариле натпросечни профити.

Хонорарците ќе може доброволно да плаќаат придонеси, но од 2024 година откако ќе се направат законски измени и платформа за фриленсери.

Ова се само дел од новините во даночната реформа која треба да почне да се применува од први јануари.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања.

Целта на оваа даночна реформа и претставениот концепт според него е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен.

Со 10 проценти ќе се даночат луксузните производи

Покрај за платата во менаџерските договори ќе се плаќа данок на личен доход и за менаџерските бенефиции како тие за стан, возило, стипендии за деца. Кај Данокот на додадена вредност останува повластената ставка од 5 проценти за храната, но со 10 проценти ќе се даночат луксузни производи. Во повластена стапка од 5 проценти ДДВ пак ќе влезат средствата за менструална хигиена.

Бесими најави дека се размислува за воведување еден или два викенди без ДДВ, попврзани со празници, во кои граѓаните ќе може да купуваат само прехранбените производи. Даночната реформа стартува од 1 јануари, а владата веќе испланира во буџцетот за наредната година од даночната реформа да се соберат над 70 милиони евра.

-Даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања. Целта на оваа даночна реформа и претставениот Концепт е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен вели Бесими.

Македонија има широка листа на производи, во која се вклучени над 3.000 тарифни броеви. Сега таа листа ќе се ревидира и се прави согласно новата тарифна ознака што се користи во ЕУ. На таа листа со повластена стапка остануваат сите основни производи и домашни производи што се користат кај нас, но ќе се ревидираат луксузните производи кои се на таа листа.

Овој Концепт ќе има етапна примена и стартува од 1 јануари 2023 година ги содржи препораките од дебатите што ги организираше Министерството за финансии со експертската јавност, невладиниот сектор, политичките партии, бизнис заедницата и други заинтересирани страни, а поддршка за целиот процес има и од меѓународните институции.

Исто така се прифати и барањето на бизнис заедницата за реинвестираната добивка, имајќи ја предивид актуелната состојба и влијанието на енергетската криза, патака во наредниот период ќе се работи на модел таа реинвестирана добивка да се насочи кон поддршка на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, дигитализација, зајакнување на човечкиот капитал, односно да се мотивираат инвестициите онаму каде има поодржливи решенија.

Ќе се зголемуваат и казните за злоупотреби при плаќање на данок на добивка

Додека пак за производите за менструална хигиена наместо 18 ќе се плаќа 5 отсто. Ова е една од измените предвидени со даночната реформа која ќе стартува од следната година, а ја усвои Владата.

Меѓу измените се предвидува и малите фирми да може да бираат дали ќе плаќаат данок на добивка или пак на вкупен приход. Ќе се даночнат уплатите во доброволниот пензиски фонд од страна на фирмите.

А, допрва ќе се дебатира дали да се воведе данок за екстра профит на фирмите кои заработиле над 20% годишно повеќе споредено со профитите од пред 4 години. Ќе се зголемуваат и казните за злоупотреби при плаќање на данок на добивка.

Според Владата на овој начин ќе се воведе праведно даночење.

А очекувањата се во буџетот да се слеат 70 милиони евра од оваа даночна реформа која ќе се спроведува етапно во следните години.

С.Танеска

Tags: Бесимивлададдвфинансии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ