• Latest

Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права, решавањето на корупцијата е сечија задача, борбата за правда е борба против корупцијата

December 9, 2022
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права, решавањето на корупцијата е сечија задача, борбата за правда е борба против корупцијата

December 9, 2022 16:51
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Прес конференција на Цивил и Y4M од Германија: Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!

ЦИВИЛ и youth4media ги претставија заклучоците и резултатите од работата на Меѓународниот  семинар  „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ на денешната прес конференција насловена „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!“

На прес конференцијата се обратија Џабир Дерала од Цивил и д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог.  Учесници на  конференцијата беа и Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, Мкртич Тонојан, мултимедијален уметник од Ерменија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Сите чинители подеднакво треба да дадат свој придонес во решавањето на корупцијата

„Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата“, напиша премиерот Ковачевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКАНИ На електронска адреса на седум средни училишта во Скопје и денеска е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Закани на електронска адреса за поставена експлозивна направа и добија и  ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.

АНТИТЕРОРИЗАМ ЕК го обнови договорот со Северна Македонија за борба против тероризмот.

СУДСТВО Уставниот суд од денеска работи со шест од предвидени девет судии поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова.

БЛОКАДИ Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со блокада на сообраќајот во Скопје,  но од 10 часот изутринава автобусите  се поставени само на бул. „Илинден“.

АНТИКОРУПЦИЈА

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за човекови права и слободи

„ЦИВИЛ – Центар за слобода со години интензивно ја следи корупцијата, со посебен фокус на политичката корупција. Мониторингот најчесто е дел од долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права, политичките, а особено изборните процеси. За жал, корупцијата е составен дел од политичкото или поконкретно партиското битисување и обидите да се соберат политички поени и стекнување со неприкосновена моќ за одржување на власта.“

АНАЛИЗИ

„Јавноста знае дека корупцијата не е нова категорија, но граѓаните за начините на нелегални набавки, тендери, провизии, работни места за прв пат јавно слушнаа во 2015 откако тогашниот опозициски лидер, а подоцна премиер од редовите на СДСМ, Зоран Заев објави голем број на т.н бомби со најразлична содржина.“, извадок од анализата „Борбата со корупцијата ползи, ќе прочекориме ли со американска помош?“

ОТПОРНО НОВИНАРСТВО

Попоска: Целта на пропагандата и дезинформациите е со неиспукан куршум да се сруши целото општество

Кордалов: Граѓаните се жртви на дезинформациите и лажните вести

Костовски: Без срам на дебати се канат лица задолжени за пропаганда

Бoјаровски: Во нашата земја имаме лидери на политички партии кои се извори на дезинформации

Рамуш Муарем-Цирко: Социјалните мрежи се најопасен извор за ширење на дезинформации и пропаганда

Тунева: Опасен терен е кога контролата на дезинформациите ја прави власта

Џугуманов: Потребна е подобра комуникациска стратегија на сите државни институции, за да се намали просторот за ширење дезинформации

Селмани: Со посебни конвенции и санкционирање до борба со пропагандата и дезинформациите

Сарачини: Етаблираните медиуми да се вклучат во борбата со дезинформациите и во едукацијата на публиката

СЛОБОДНА ЗОНА

„Нема друг пат до правдата, освен преку борба против корупцијата. Секаде каде што луѓето се жалат на неправда – се наоѓа корупцијата. Некаде е видлива од авион, некаде е малку затскриена, но подеднакво убиствена“ ( извадок од рафалот на Џабир Дерала објавен на 23 ноември 2018 и е дел од публикацијата „Антикорупција“ во издание на ЦИВИЛ истата година)- Борбата за правда е борба против корупцијата.

„Македонија изгледа уште еднаш по процесот на прифаќањето на Преспанскиот договор кој го овозможи членството во НАТО, е сериозен таргет на хибридни напади чија цел е повторно да се задржи државата вон гравитациската сила на евроатлантските интеграциски процеси.“, пишува Борјан Јовановски во коментарот „Македонија е повторно таргет на хибридни закани“.

Д. Тахири

 

 

Tags: антикорупцијаблокадибомбидезинформацииДневникзаканипропагандачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ