• Latest
Демонстрант со иранско знаме и црвени раце насликани на лицето присуствува на митинг за поддршка на иранските протести, во Париз на 9 октомври 2022 година. - Фото
: JULIEN DE ROSA/AFP

Иран осуди 400 луѓе на затворски казни до 10 години поради учество во протестите

December 14, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Иран осуди 400 луѓе на затворски казни до 10 години поради учество во протестите

December 14, 2022 15:28
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Демонстрант со иранско знаме и црвени раце насликани на лицето присуствува на митинг за поддршка на иранските протести, во Париз на 9 октомври 2022 година. - Фото
: JULIEN DE ROSA/AFP

Демонстрант со иранско знаме и црвени раце насликани на лицето присуствува на митинг за поддршка на иранските протести, во Париз на 9 октомври 2022 година. - Фото : JULIEN DE ROSA/AFP

Share on FacebookShare on Twitter

Бројките од провинцијата Техеран укажуваат на степенот на задушување на протестите предизвикани од убиството на Махса Амини. Судовите во и околу иранската престолнина осудија 400 лица под обвинение поврзани со неодамнешните протести, на казни затвор во траење до 10 години, пренесува Гардијан.

Али Алгаси-Мехр, началникот на судството за провинцијата Техеран, рече дека судиите им ги донеле пресудите на „бунтовниците“ – термин што го користат официјалните лица за сите демонстранти кои му пркосат на тврдокорното теократско владеење на Иран.

 „Сто и шеесет лица беа осудени на меѓу пет и 10 години затвор, 80 лица на две до пет години и 160 лица до две години“, изјави Алгаси-Мехр во коментар цитирани од веб-страницата за судството „Мизан.“

Техеран е една од 31 провинција во земјата, што значи дека вкупниот број на затворски казни веројатно ќе биде неколку пати поголем. Експертите за човекови права на ОН проценуваат дека од средината на септември ширум земјата се уапсени повеќе од 14.000 луѓе.

Движењето беше поттикнато од смртта на Махса Амини, Курдско-Иранка, која паднала во кома откако била претепана  од полицијата на моралот затоа што ја носела шамијата на погрешен начин, по што починала. Но, оттогаш се претвори во најголемиот граѓански бунт со години, при што Иранците го изразија својот бес поради децениското угнетување, мизогинија во име на религијата и меѓународната изолација.

Властите одговорија со сила, пукајќи и тепајќи ги демонстрантите. Канцеларијата на ОН на високиот комесар за човекови права соопшти дека повеќе од 300 луѓе се убиени во акцијата, меѓу кои најмалку 40 деца.

Сликата објавена на Твитер, наводно, покажува демонстранти како се упатуваат кон гробиштата во Сакез, западен Иран, во октомври по смртта на Махса Амини.

Моментот на вистината во Иран: што ќе биде потребно за луѓето да го соборат режимот?

Во обид да го спречи ширењето на собирите, Иран воведе прекин на интернетот. Неодамна, и за дополнително да го одврати несогласувањето, објави строги казни изречени од нивните судови, вклучително и 11 смртни казни, од кои две беа извршени.

Во понеделникот, властите обесија 23-годишен маж на градежен кран по избрзано и тајно судење. Маџидреза Рахнавард беше обвинет за убиство на двајца прорежимски борци на милицијата. Тој беше егзекутиран јавно, со врзани раце и нозе и со црна торба ставена преку главата.

Дијана Елтахави, заменик директор на Амнести интернешенел за Блискиот Исток и северна Африка, рече дека убиството покажува дека иранското правосудство е „алатка за репресија што испраќа поединци на бесилка за да шират страв и бара одмазда на демонстрантите кои се осмелуваат да се спротивстават.

Минатиот четврток, властите го обесија Мохсен Шекари, кој беше осуден за повреда на чувар со нож.

Амнести верува дека уште 20 лица се изложени на ризик од егзекуција за наводни прекршоци во врска со протестите. Сепак, иранските активисти стравуваат дека брзината со која луѓето се осудуваат на смрт – и враќањето на јавното бесење, кое стана ретко во последниве години – значи дека постои сериозен ризик од масовни егзекуции.

ФИФПРО, меѓународниот синдикат на фудбалери, во понеделникот соопшти дека е „шокиран и згрозен“ од извештаите дека професионален фудбалер, Амир Наср-Азадани, се соочува со егзекуција „по кампањата за правата на жените и основната слобода во неговата земја“.

Наср-Азадани е едно од шесте лица за кои Амнести рече дека очекува судење или веќе се во судница под обвинение за кое би можеле да добијат смртна казна.

„Ние се солидаризираме со Амир и повикуваме на итно отстранување на неговата казна“, порачаа од ФИФПРО.

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: егзекуцијазатворска казнаИранпресудаПротестичовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

Следете нè

No Result
View All Result