• Latest

Јагленот од Грција е меѓу најевтините во Европа, чини само 89 евра за тон

December 15, 2022

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јагленот од Грција е меѓу најевтините во Европа, чини само 89 евра за тон

December 15, 2022 15:17
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Набавен е јаглен од 600.000 тони за РЕК Битола по ниска цена од 59 евра за тон, а привршува постапката за обезбедување јаглен и за РЕК Осломеј. Според ова обезбеденена е доволна количина од овој енергенс за контринуирано производство на струја во земјава, а месечната потрошувачка на сите три блока во РЕК Битола е околу 60.000 тони јаглен е со вредност од 1800 до 2000 калории.

-Согласно преговорите на Владата овие набавки се од нашиот сосед Грција и цената на јагленот е една од најниските во Европа каде цената е над 70 евра за еден тон, вели генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој појасни дека во рудникот Суводол за да користиме од домашно производство има се помалку јаглен кој е и со пониска калорична вредност од 1500 до 1600, а од 2023 треба да почне со работа Живојно каде јагленот е со калорична вредност од 1650, а тогаш ќе се намали количината а увоз.

Според Ковачевски производството на електрична енергија од АД ЕСМ е стабилно и во пораст, а се намалува набавката на енергија. Набавената количина е наменета исклучиво за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата кои беа пред се донесени како енергетски мерки, додека домаќинствата и малите потрошувачи се задоволуваат исклучиво од сопствено производство.

Во моментот АД ЕСМ работи со сите капацитети во полн погон, освен блок 3 во РЕК Битола, за каде се очекува носечката единица од трансформаторот, и каде се инсталирани сите други делови во очекување за брзо стартување на блокот.

Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и првиот квартал од 2023 година во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ќе има непречено снабдување со мазут преку Грција, за непречено да функционира ТЕЦ Неготино. Веќе се јавуваат недостатоци на енергенси во Европа, па треба да обезбедиме непречено снабдување со овие суровини и да нема нивно ограничување при увозот.

Покрај јаглен и мазут од Грција

Со цел да се преброди енергетската криза, во пресрет на зимата, Грција обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Северна Македонија. Ваков договор е постигнат на средбите меѓу македонската и грчката делегација во Атина уште во септември, со цел да се овозможи непречено функционирање на електраните во Битола, Осломеј и Неготино.

-Војната во Украина диктира регионална и поширока соработка за соочување со оваа криза.Постигнавме договор дека првично снабдувањето со јаглен ќе продолжи без пречки во текот на целиот период, со што ќе бидат пуштени во употреба капацитетите на ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Постигнавме договор и за набавка на мазут, со кој без пречки ќе работи и ТЕЦ Неготино, изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој тогаш имаше средба со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис, за справување со енергетската криза.

Со Мицотакис се разговараше тогаш и за други  големи проекти, како гасоводот до Неготино од Евзони, за кој веќе има понуди за закупување на капацитети и изградбата би требало да започне до крајот на годината. Ковачевски информираше дека за изградбата на проектот Чебрен има единствена понуда од грчката ППС. Таа ќе помине низ филтрите на евалуација и до крајот на годината може да биде потпишан договор за изградба.

Двајцата премиери тогаш констатираа дека регионалната соработка е од големо значење со особен акцент на важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Интерконекторот со Грција, заедно со терминалот за течен гас (ЛНГ) во Александруполи, не се само економски, туку и проекти од стратешко значење. Новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александруполи, како што се вели, значи енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите.

Соња Танеска

Tags: ЈагленКовачевскимазутМицотакисструја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ