• Latest

Костадиновска-Стојчевска – Доундолуакис: Нови можности за зајакнување на соработката во културата со Грција

January 15, 2023
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска – Доундолуакис: Нови можности за зајакнување на соработката во културата со Грција

January 15, 2023 18:56
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата меѓу Северна Македонија и Грција. Во време на неизвесност, важно е да се негуваат и зајакнуваат односите со соседните земји. Ова беше заклучокот од денешната средба меѓу министерката за кутура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Грција, Елени Доундолуакис, пренесува МИА. 

Средбата се реализираше пред отворањето на Министерската конференција за култура „Алијанса Баукултур“ во Давос.

– Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата меѓу двете земји. Од особена важност е што голем чекор на овој план е веќе направен, но верувам дека допрва следи период на интензивни активности, рече на средбата Костадиновска-Стојчевска.

Доундолуакис истакна дека грчкото Министерство, исто како и македонското, ги следи насоките за интензивирање на односите во културата.

Соговорничките се согласија дека по потпишувањето на Преспанскиот договор значително се продлабочени односите во културата и дека потпишување на билатерален документ меѓу двете држави, ќе биде од особено значење за унапредување на соработката во овој сегмент. Воедно, тоа ќе овозможи размена на конкретни проекти и уметници, како и поголема комуникација меѓу институциите од двете држави.

На средбата беше потенцирано дека соработката во делот на културата е особено видлива меѓу музичките фестивали во двете земји, како и во блиската комуникација и активности на музеите за современа уметност, која веќе дава одлични резултати.

Во таа насока од страна на министерката Костадиновска -Стојчевска, на средбата беше изразен интерес за учество на нашата земја со културни содржини на манифестацијата „Елефсина – Европска престолнина на културата за 2023 година“.

Костадиновска-Стојчевска ја истакна и важноста на потпишаниот Меморандум за соработката меѓу Министерството за култура на Северна Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, што резултираше со посета на експертска група од Грција и изработка на проект за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

На Министерската конференција за култура, „Алијанса Баукултур Давос 2023“ министрите за култура на земјите потписнички на Декларацијата од Давос 2018, како и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, ќе се осврнат на влијанието на пазарот и на бизнисот во создавањето квалитетна животна средина, со културата како нејзин составен дел.

 

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаГрцијаДоундолуакисМинистерство за културасоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ