Во албанските медиуми денеска преовладуваат вести за блокадата на цели општини и патишта во северниот дел од Албанија, а во Косово фокусот е на српско-косовскиот договор. Во продолжение е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот.
ТОП ЧАНЕЛ: Снегот на северот на Албанија ги затвори училиштата, на оската Ќафе Торе-Тет лавината го блокира патот
„Четврти ден по ред Тет и понатаму е блокиран на двата патни правци.
На оската кон Мола е Шошит има одрони, а патот се уште не е расчистен, додека во Ќафа е Торес состојбата со снег е влошена.
На ова подрачје има над 5 метри снег како последица на лавините кои продолжуваат. Последната, синоќа, само ја прошири картата на блокираниот пат. “, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.
ГАЗЕТА ТЕМА: 13 училишта од областа Скадар нема да започнат со настава во понеделник
„Министерката за образование и спорт Евис Куши преку објава на Фејсбук најави дека наставата ќе продолжи нормално во некои училишта во земјава.
Притоа истакна дека часот нема да се одвива само во 13 училишта од управната единица Скадар. Како последица од обилните снежни врнежи.“, пренесе албанскиот медиум Газета Тема.
КОХА: Полицијата покрена истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица
„Косовската полиција покрена истрага за случајот со натписот „Вагнер“ на ѕидовите на училиштето „Азиз Сулејмани“ и Здравствениот дом во Кодра е Минаторите во Митровица.
Во полицискиот извештај беше кажано дека за случајот е известен и старателот обвинител, додека засега не се знае кој го сторил ова кривично дело.“, пренесе косовскиот медиум Коха.
РТК: Европскиот план ја предизвикува Србија
Прифаќањето на концептот на европскиот план, освен за едно прашање, значи дека Србија е подготвена да разговара како да избегне замрзнат конфликт, изјави премиерката Ана Брнабиќ. Според неа, Србија мора да донесе некои тешки одлуки и дека планот ќе се разговара во институциите, пренесува косовскиот медиум РТК.
ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Протести во Приштина против изјавите на премиерот Курти
„На плоштадот „Скендербеу“ во Приштина започнаа протести поради изјавите на премиерот Албин Курти за српскиот политичар Оливер Ивановиќ.
Во знак на протест беше најавено дека децата на мачениците на Ослободителната војска на Косово ќе протестираат против изјавите на премиерот Албин Курти за починатиот српски политичар Оливие Ивановиќ со мотото „Преминере, не гази по нашата крв! ” Стоп, отстапување на историјата“, јави косовскиот медиум Газета Експрес.
Д. Тахири
Сите права се задржани.