• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Блокади од обилните снежни врнежи во Албанија, косовската полиција со истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица

January 23, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Блокади од обилните снежни врнежи во Албанија, косовската полиција со истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица

January 23, 2023 13:11
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанските медиуми денеска преовладуваат вести за  блокадата на цели општини и патишта во северниот дел од Албанија, а во Косово фокусот е на српско-косовскиот договор. Во продолжение е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот.

ТОП ЧАНЕЛ: Снегот на северот на Албанија ги затвори  училиштата, на оската Ќафе Торе-Тет лавината го блокира патот

„Четврти ден по ред Тет и понатаму е блокиран на двата патни правци.

На оската кон Мола е Шошит има одрони, а патот се уште не е расчистен, додека во Ќафа е Торес состојбата со снег е влошена.

На ова подрачје има над 5 метри снег како последица на лавините кои продолжуваат. Последната, синоќа, само ја прошири картата на блокираниот пат. “, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ГАЗЕТА ТЕМА: 13 училишта од областа Скадар нема да започнат со настава во понеделник

„Министерката за образование и спорт Евис Куши преку објава на Фејсбук  најави дека наставата ќе продолжи нормално во некои училишта во земјава.

Притоа истакна дека часот нема да се одвива само во 13 училишта од управната единица Скадар. Како последица од обилните  снежни врнежи.“, пренесе албанскиот медиум Газета Тема.

КОХА: Полицијата покрена истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица

„Косовската полиција покрена истрага за случајот со натписот „Вагнер“ на ѕидовите на училиштето „Азиз Сулејмани“ и Здравствениот дом во Кодра е Минаторите во Митровица.

Во полицискиот извештај беше кажано дека за случајот е известен и старателот обвинител, додека засега не се знае кој го сторил ова кривично дело.“, пренесе косовскиот медиум Коха.

РТК: Европскиот план ја предизвикува Србија

Прифаќањето на концептот на европскиот план, освен за едно прашање, значи дека Србија е подготвена да разговара како да избегне замрзнат конфликт, изјави премиерката Ана Брнабиќ. Според неа, Србија мора да донесе некои тешки одлуки и дека планот ќе се разговара во институциите, пренесува косовскиот медиум  РТК.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Протести во Приштина против изјавите на премиерот Курти

„На плоштадот „Скендербеу“ во Приштина започнаа протести поради изјавите на премиерот Албин Курти за српскиот политичар Оливер Ивановиќ.

Во знак на протест беше најавено дека децата на мачениците на Ослободителната војска на Косово ќе протестираат против изјавите на премиерот Албин Курти за починатиот српски политичар Оливие Ивановиќ со мотото „Преминере, не гази по нашата крв! ” Стоп, отстапување на историјата“, јави косовскиот медиум Газета Експрес.

Д. Тахири


 Сите права се задржани.

Tags: АлбанијаблокадиВагнерМитровицаПриштинаПротестиснег
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ