• Latest
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Еуро Вучиќ – Хардкор Вучиќ, 1:0

January 25, 2023
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Еуро Вучиќ – Хардкор Вучиќ, 1:0

Четири примери зошто не е изненадувачки политичкиот лупинг на Вучиќ во однос на Косово и други белешки за еквилибристиката

January 25, 2023 14:32
in АНАЛИЗИ, ЕДИТОРИЈАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Вучиќ уште еднаш покажа дека одлично ја познава меѓународната и балканската политичка реалност. И уште повеќе, ја покажа својата извонредна способност да се прилагоди на таа реалност. Во долгото видео обраќање, навидум неволно, со познатите обвиненија на сметка на Западот, српскиот претседател кажа дека, сепак, е спремен да го исполни германско-францускиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Образложението му беше реалистично – ако не го прифати планот, Србија ќе биде изолирана и сиромашна (како македонската држава во време на Груевски). А патот е цврсто трасиран – членство во ЕУ, тоа недвосмислено го кажа српскиот властодржец.

Притоа, Вучиќ рече и дека „нам ни е потребен мир со Албанците и одговорен пристап“. Европски. Просечен балкански националист (српски, албански, македонски или некој друг) сигурно има проблем да го препознае Вучиќ во овој и низа други ставови што ги кажа по состанокот со претставниците на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија.

Добро пакување

Вучиќ, како и во претходните десетина години откако е на власт во Србија, добро знае да ги спакува и продаде своите одлуки на различни публики (и гласачи). Се разбира, кога велам добро, ги подразбирам балканските стандарди за политичар. (Тоа е лик кој мисли дека јавноста има дури и пократко паметење отколку што навистина има. И најчесто е во право.)

Борба со самиот себеси

Вучиќ е во постојана борба против самиот себеси. Што значи тоа? Навидум, српскиот автократ често доживува идеолошко политички трансформации. Вешто и добро игра на самиот раб на логиката, што е својствено за поголем дел од балканските политичари (и пошироко). Ја познава и ја разбира реалната политика.

Затоа, често дава изјави, па и носи одлуки во спротивност со претходно дадени изјави. Постојано се наоѓа во конфликт со сопствениот национализам и популизам. Впрочем, политиката на Балканот, за жал, често се сведува на конфронтација на политичките елити со реалноста што ја создаваат самите. А за своето „менување на курсот“ добиваат аплаузи и финансиски пакети за економско закрепнување и „јакнење на демократските институции“.

Голем плус за Србија и за регионот

Да бидеме реални, спремноста на Вучиќ за реализација на планот за нормализација на односите со Косово е голем плус за Србија, но и за целиот регион. Но не е големо изненадување. Сигналите за тоа дека Вучиќ веќе ја скроил својата европска капа беа тука и порано.

Има бројни примери за тоа како Вучиќ успешно еквилибрира меѓу различните публики во својата земја и различните центри на моќта надвор од Србија.

Пример 1: Го нарече Курти „терористички олош“, а потоа седна на иста маса со него во Тирана

На 1 декември, минатата година, се јави по телефон на ТВ Пинк (целосно под негова контрола) и истури лавина од навреди и говор на омраза за српските политичари во Косово, Рашиќ и Трајковиќ (ги нарече „најлошиот српски олош, од дното на кацата“), и косовскиот премиер, Курти (го нарече „терористички олош“). „Подобро да ме нема, отколку да ви ја предадам [Србија] во рацете. И затоа никој од Србија нема да оди во Тирана [на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан]“, со висок тон, патетично, извика Вучиќ во телефонската изјава. Пет дена подоцна даде помирлива изјава, а неколку дена подоцна, си седна на столчето на Самитот во Тирана.

Со ова однесување, тој ги задоволи апетитите на сите – и националистите со говорот на омразата, и прогресивните ентитети со помирлив тон веднаш потоа, и Брисел со учеството на Самитот.

Пример 2: Вучиќ потпиша спогодби за економска нормализација со Косово

И порано, во 2020 година, како учениче, Вучиќ седна пред експретседателот на САД, Доналд Трамп, а потоа и ги потпиша спогодбите за економска нормализација со тогашниот косовски премиер, Абдула Хоти. Непотребно е да се нагласува дека националистите и во Косово и во Србија овој чин го оценија како предавство во своите земји. Но сите си потпишаа, а Трамп си стави на конто уште еден меѓународен дипломатски успех. И тогаш, но и сега, Србија сѐ уште е далеку од признавање на Косово како држава, но оди кон тоа.

Пример 3: Три во едно

Во септември 2022, Вучиќ на вообичаено долгата и театрална прес конференција, изјави дека ЕуроПрајд мора да се одложи или откаже. (ЕуроПрајд се одржа.) Истовремено, соопшти дека премиерскиот мандат на Брнабиќ се продолжува. Образложението за откажување на ЕуроПрајд му беше контрадикторно. Се пожали дека државата нема капацитет да се справува со, како што ја нарече, „кризата“ во односите со Косово, а во истата реченица кажа дека земјата се спрема за „Отворен Балкан“. Три во едно.

Истиот ден, од твит на Жозеп Борел, јавноста дозна дека е постигната спогодба со која се решава спорот со регистарските таблички меѓу Србија и Косово.

Пример 4: Не постои алтернатива за ЕУ

За време на насилните протести на радикалните националисти против европската преговарачка, Вучиќ за ТВ Сител даде интервју во кое недвосмислено ја покажа својата ЕУ определба и тоа силно ѝ го препорача на македонската антиевропска опозиција. „Гледајте да одите напред“ – порача Вучиќ, сведочејќи дека преговорите со Брисел се тешки и дека болна е точката за Косово, но дека не постои алтернатива за патот кон ЕУ.

Политички лупинзи

На повеќе средби со колеги тврдев дека, ако некој во Србија придонесе кон надминување на спорот со Косово, тоа ќе биде токму Вучиќ, иако е најпознат токму како популист, автократ и националист, политичкиот подем го започна како евроскептик и шурува со Кремљ дури и среде брутална агресија против Украина.

Зошто ги прави тие политички лупинзи? Затоа што знае да ја согледа реалноста кога таа мора неизбежно да ја прифати, на еден или на друг начин.

Можеби Вучиќ не е добар пример, но добро би било кога националистите и радикалите во земјава би го следеле барем неговиот пример.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Вучиќгерманско-француски планЕУКосовоКуртипопулизамСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ