• Latest

За економските експерти данокот на солидарност е оправдано решение

February 16, 2023

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За економските експерти данокот на солидарност е оправдано решение

February 16, 2023 13:00
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Се очекува во најкус период Законот за данок на солидарност да се најде пред пратениците на пленарна седница, откако власта го поднесе во Собранието по скратена постапка. За да биде усвоен, најпрвин треба да го помине филтерот во Комисијата за финансирање и буџет, но дел од членовите побараа текстот да се најде на поширока јавна расправа.

Во меѓувреме, дел од економските експерти го поздравија предложеното законско решение. Според професорот Ванчо Узунов не треба да се користи називот „данок на солидарност“, бидејќи, како што додаде, ова е данок на екстра профит и се однесува на компании кои за време на ковид кризата, но и енергетската криза направиле големи профити, а истовремено други загубиле многу.

Узунов додава дека иницијативата за ваков закон се должи на фактот што не се отварија најавените промени со прогресивното оданочување.

-Аналогно на блок тарифите на струја, така е и со овој данок, ако некој троши повеќе струја ќе плати повеќе, така е и со данокот. Секој може да прави профит, но редно е да плати и данок согласно профитот кој го направил, додава Узунов.

Според универзитетскиот професор ќе има притисоци од страна на компаниите и коморите, бидејќи природно е тие да не сакаат поголеми даноци, но економски гледано овој данок е оправдан зашто нашето економско законодавство е слабо регулирано, односно се плаќаат малку даноци.

Инаку, според најавите на Владата и Министерството за финансии со донесувањето на овој закон, ќе се овозможи ублажување на последиците од енергетската и ценовната криза преку плаќањето на еднократна солидарна јавна давачка за 2023 година од страна на обврзниците, така што ќе се обезбедат финансиски средства кои во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата, односно за помош на најранливите категории.

Обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

Ваквиот данок на солидарност е предвидено да ги опфати сите фирми што минатава година имале промет од над 10 милиони евра и овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, ако е поголема од 20%, ќе платат данок по стапка од 30 отсто.

Заменикот министер за финансии, Филип Николоски во гостувањето во „ТВ24“ повтори дека сметководителите имаат доволен период да ги направат пресметките.

Самото име на данокот покажува дека целта е оние што направија дополнителен профит во време на криза, кој не доаѓа со инвестиции и циклуси, да покажат солидарност токму кон оние на кои им е најмногу потребно. Тие пари ќе бидат насочени за мерки, за помош на граѓаните која им е најпотребна во ваква економска криза. Со законот ќе бидат опфатени околу двесте компании, а прв услов е ако прометот е над 10 милиони евра, а вториот услов е ако профитот е над 20 отсто поголем од просекот на профитот од минатите четири години. Од овој данок би се собрале околу 70 милиони евра, кажа Николоски.

Во образложението на подносителот на законот, Министерството за финансии, се вели дека „во услови на криза, дисторзијата на пазарот е неминовна. Од една страна се социјално загрозените категории на граѓани кои тешко ја поднесуваат ценовната и енергетската криза, а од друга страна се определен број на компании кои како резултат на таа криза остварија значително зголемени приходи“.

Законот е усогласен со минатогодишната Регулатива на Европската Комисија, со која придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека посочените компании кои оствариле вишок профит поради неочекувани околности пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар.

-Данокот на солидарност, како што се нарекува во последниот предлог, а како што е наречен и во самата ЕУ директива, не е дел од даночната реформа. Тој нема за цел да се зголемат расходите во Буџетот, туку на веќе донесен Буџет со овие дополнителни средства ќе го намалиме буџетскиот дефицит и јавниот долг и истите ќе бидат искористени исклучиво за справување со кризата. Со ова  како генерација ќе се справиме со предизвиците што ги имаме денес, а не како товар за идните генерации. Тоа е целта на овој закон, како еднократно решение, кое се препорачува од ЕУ и е во исклучителни околности како што е сега во време на криза, истакна неодамна министерот за финансии Фатмир Бесими, додавајќи дека со ваквиот начин на собирање средства се избегнуваат дополнителни задолжувања.

Од Министерството за финансии додаваат дека ваквиот данок е од општ интерес за сите граѓани и неговото воведување ќе се заснова на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кои секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности.

Завчера во Собранието се изгласаа потребите од носењето на данокот на солидарност, а сега чека зелено светло од Комисијата за финансирање и буџет.

Премиерот Димитар Ковачевски апелира собраниската Комисија за финансирање и буџет што поскоро да организира јавна расправа за Предлог-законот за данок на солидарност, за текстот да се најде на пленарна седница.

-Упатувам апел до Комисијата за финансирање и буџет, согласно законските процедури, да го стави законот на расправа во Собранието, ако треба да повика и експерти и низ распрва, ако има забелешки, тие да се усогласат во законот ако се прифатливи за мнозинството и потоа законот да се реализира, подвлече премиерот.

Од Владата се повикуваат и на слични одредби кои ги донеле повеќе земји кои вовеле или најавиле дека ќе воведат т.н. данок на екстра профит, како Хрватска, Бугарија, Грција, Унгарија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија. Законот предвидува и глоба во износ од 3.600 до 12.000 евра во денарска противвредност за даночен обврзник правно лице (среден трговец) и од 6.000 до 20.000 евра во денарска противвредност на даночен обврзник правно лице (голем трговец) доколку се наведат неточни податоци поради кои дошло до утврдување на помал износ на данок за солидарност. Данокот треба да биде исплатен до 31 мај годинава, а надлежна институција за спроведување на Законот е Управата за јавни приходи.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: данок на екстра профитданок на солидарностенергетска кризаМинистерство за финансииузунов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ