Албанскиот амбасадор Фатос Река на денешната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија подвлече дека тоа е една долга година која помина, и дека сите посакувавме да не мора да бидиме денеска овде.
„Помина една долга година од нападот на воените трупи на Руската Федерација, на слободна суверена држава како Украина, камуфлирана како „специјална воена операција“, кој предизвика илјадници жртви меѓу невините луѓе, масовно раселување на населението – со милиони бегалци во европските земји – и уништување на цела држава, а да не зборуваме за индиректното влијание врз светската енергетска и економска криза“, изјави Албанскиот амбасадор Фатос Река.
Тој на конференцијата појасни дека руската агресија предизвика извонредна солидарност во целата евроатлантска заедница, која ја поддржа Украина, ја отвори вратата за бегалците и се обиде да биде присутна за време на оваа невидена агресија.
„Сепак, ништо не одговара на неспоредливиот патриотизам, жртви и храброст на украинскиот народ во соочувањето и отпорот на оваа агресија и неутрализирањето на ескалацијата. Нивната одлучност не остави сите без зборови и беше целосно потценета од самата Руска Федерација“, изјави Река.
Река нагласи дека и потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Камала Харис – за време на Конференцијата за безбедност во Минхен – и министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба, јасно изјавија дека Русија извршила воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина.
„Во едно неодамнешно интервју, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, подвлече како сојузниците на НАТО обезбедија невидена поддршка за Украина, во однос на воена, хуманитарна и финансиска помош. Тој, исто така, не пропушти да спомене дека сè уште е потребна поддршка од сите земји-партнери, бидејќи, за жал, нема опипливи знаци дека Русија ќе го промени сегашниот курс на дејствување, ќе се врати на преговарачка маса и ќе се подготви за мир“.
Како што изјави од Њујорк министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, рече Река „141 земји-членки на UNGA ја усвоија резолуцијата со која се повикува на мир во Украина, потврдувајќи ја поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како јасен доказ за изолацијата и осудата на Русија. Албанија беше ко-спонзор на оваа резолуција“.
Во овие услови, сите ние мораме да продолжиме да стоиме покрај Украина, нејзиниот храбар, мирољубив и херојски народ, среде нивните жртви, додека војната не заврши и победи. Слава на Украина!
Н.Абдурахмани
Камера: Атанас Петровски/Александар Ризински
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети