• Latest

Дуев: Европските држави мора да се обединат, во спротивно, падот на Украина ќе биде крај на Европа

March 13, 2023
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Дуев: Европските држави мора да се обединат, во спротивно, падот на Украина ќе биде крај на Европа

March 13, 2023 14:42
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„На одбележувањето на „Гладоморот“ започнав со една реченица, „историјата ги запишува најголемите трагедии во минатото, но не само гласноста на злоделата на лошите луѓе, туку и страшната тишина на добрите луѓе. Беше паметење на едно далечно минато, а денеска сме собрани на една година од почетокот на руската агресија врз Украина.“, вели проф. Ратко Дуев на почетокот на својот говор на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“, во организација на ЦИВИЛ, во соработка со Амбасадата на Украина.

Дуев се осврна на последиците од руската агресија врз Украина во цела Европа, и посочи на повторната појава на фашизмот.

„Мојот кус говор денеска ќе го наречам „Една година од битката за Европа“, и ќе појаснам зошто. Бидејќи вакво нешто Европа не памети, од крајот на втората светска војна, една брутална агресија, со конвенционално оружје, во време на глобализација, време кога човештвото на некој начин се обединува на економски и на културен план… Европа повторно е зафатена, како и во минатото, со еден  страшен чин , и секогаш го поставувам прашањето, многу мои колеги, и на наши политичари, дали некој размислуваше што ќе се случи во Европа, доколку рускиот план за инвазија, успееше во планираниот период од една недела?

Дури му се предлагаше на претседателот Зеленски да ја напушти Украина, речиси сите беа убедени дека тој план ќе успее, дека нема алтернатива, но, ете, храброста на украинскиот народ покажа дека тој план не успеа. И, од тогаш започна мобилизација на европските земји, од тогаш започна да се дава секаква помош на Украина и украинскиот народ, но, јас ќе кажам дека опомените кои неколку пати ги напоменав, последица од шпанскиот грип, е појавата на фашизмот, последното со пандемијата со КОВИД 19, гледаме уште една таква појава, со самото тоа што Русите ги вратија термините античка Русија и денацификација, на многу начини ме потсетуваат на тие далечни времиња. Не знам зошто да се ослободуваме од национал-социјалистичко влијание, по 70 години, но, во војните интересот нема логика, така што сето тоа е духовна храна, за да на некој начин го придобие рускиот народ за она што се случува и денес.“, посочи Дуев.

Тој порача дека нашата земја треба да ја зголеми поддршката и помошта за Украина, и дека битката за Украина не може да остане само за Украина.

„Мора да кажам дека денес имаме нови Европјани, европските држави не се како денес, веќе немаме национални држави, станува збор за мултикултурна Европа, како што некои мои колеги ги нарекуваат „нови европјани“. Но, она што ме плаши е дека не смееме да дозволиме битката за Европа, не може да остане само на Украина. И затоа, од оваа говорница, апелирам дека навистина европските држави мора да се обединат, бидејќи, во спротивно, падот на Украина ќе значи – и така веќе деструкција на економски план на Европа, ќе значи можеби и крај на Европа и новите европјани. И затоа, секогаш велев дека нашето општество е многу мало, и ете, благодарение и на г. Џабир Дерала, да апелираме нашата поддршка кон Украина да се зголеми, како и помошта, бидејќи една година војна значи не само деструкција на инфраструктура, не само губење човечки животи, туку и далекусежно губење на материјалните и човечките ресурси на Украина.

Многу пати низ историјата, таа почва, уште 4000 години пред нашата ера била мост, каде што се случувале главните битки  и пресврти од кои што зависела Европа којашто ја гледаме.“, порача Дуев.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски, Александар Ризински

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

Tags: „Украина – година на хероизмот“конференцијаРатко ДуевЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ