• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Започна спроведувањето на Проектот за управување со отпад во пет региони; според Ковачевски, нема потреба од лидерска средба; ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранција за троловите

April 5, 2023
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Корубин: Чуварот на демократијата е системот, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Касале: Без разлика од која политичка припадност доаѓаме, левица или централна десница, треба да негуваме љубов кон демократијата

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Украина ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир ако обезбеди прекин на огнот со Русија

October 9, 2025
Илустрација ВИ

Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

October 9, 2025
Фото: Астра/Телеграм

Пожар избувна во најголемата гасна постројка во јужна Русија по напад со дронови

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Започна спроведувањето на Проектот за управување со отпад во пет региони; според Ковачевски, нема потреба од лидерска средба; ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранција за троловите

April 5, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Започнува имплементацијата на Проектот за управување со отпад во пет региони во државата

Со потпишување договор за грант средства во износ од 700 илјади евра обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) МЖСПП практично го почна спроведувањето на проектот за Регионално управување со отпад во кој ќе бидат опфатени пет региони во земјава од кои во четири воопшто нема ни основна инфраструктура за управување со отпад. Проектот ќе се спроведува со средства од заемот од ЕБОР во висина од 55 милиони евра, кој е веќе верификуван во Собранието, а се очекува да биде реализиран во наредните три до четири години. Со него се предвидува изградба на нови регионални депонии во Новаци и најверојатно во Василево, како и подобрување на веќе постојната депонија во Русиново. Во нив ќе се депонира отпадот од 48 општини.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Нема потреба од лидерска средба, а процесот на уставни измени е структуриран

„Покрај прашањата за енергетската криза, ги информирав претседателите на политичките партии и беше така како што им кажав – немавме ниту рестрикции на струја, ниту ценовен шок, обезбедивме антикризни мерки за граѓаните итн. Второто главно прашање беше усогласувањето во однос на потребата за уставни измени со цел продолжување на европските интеграции согласно со усвоената преговарачка рамка од страна на Собранието со мнозинство гласови. На таа лидерска средба сите лидери на партии се сложија за потребата од носење на уставните измени, освен еден којшто молчеше и двајца којшто не дојдоа. Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба со оглед на тоа дека веќе ставовите се познати“, изјави Ковачевски на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранција за троловите, онлајн насилниците и малициозните профили на социјалните мрежи.

Раководството и Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, заедно со Интегрираната редакција на ЦИВИЛ Медиа донесоа одлука да ги заострат правилата за администрирање на профилите на Организацијата на социјалните мрежи. Со тие правила, Организацијата, всушност, само построго се придржува кон постојните правила за администрација на социјалните профили. Мерките што ги преземаат тимовите на ЦИВИЛ се: архивирање, пријавување и блокирање на профилите преку кои се водат пропагандните кампањи.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ започнува со серија средби со градоначалници на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“.

ИЗБОРИ

ЦИВИЛ подготвува нов сет препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

ПОСЕТА Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

БЕЗБЕДНОСТ Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните  да не наседнуваат на лажни електронски пораки кои се појавиле деновиве во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и предупредува дека се работи за обид за измама во меѓународни рамки.

АПЕЛ Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Министерството за одбрана на САД објави фотографија од воена помош вклучена во новиот пакет безбедносна помош за Украина кој беше објавен на 4 април.

Про- Кремљ пропагандистите измислија изјави на Државната служба за статистика на Украина и службата за државна гранична стража и ги извадија зборовите на пратеникот Арахамија од контекст за да шират лажни вести за тоа дека многу Украинци заминуваат во странство по изјавата на Путин за нуклеарното оружје во Белорусија.

Единиците на Државната гранична служба како дел од вооружените сили на Украина го одбија нападот на руската приватна воена компанија „Вагнер груп“ во текот на ноќта. Конкретно, 29 напаѓачи беа елиминирани, а повеќе од 40 беа ранети.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и првата дама на Украина Олена Зеленска пристигнаа во претседателската палата во Варшава.

ИНТЕРВЈУ

Близнаковски: Граѓаните сакаат демократија, но и авторитарен лидер, мал процент на евроскептицизам

Со доц. д-р Јован Близнаковски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје, разговаравме за податоците од неодамна објавеното Европско општествено истражување, во кое за првпат учествуваше и Северна Македонија.

АЛ-ПРЕС

По повод Меѓународниот ден на подигање на свеста и акција против мините, се одржа настан на кој се соопшти дека од крајот на војната, во Косово се деминирани над 95 илјади мини. Медиумите одбележаа 24 години од масакрот во Резала, Скендерај, кога српската војска и полиција егзекутираа 98 Албанци.

Ова  дел се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АНАЛИЗА

Назми Абдурахмани „Првите проценки велат дека процесот против Тачи, Весели, Красниќи и Селими ќе трае со години. Од обвинителството велат дека само ним ќе им требаат некаде околу две години да ги изнесат своите докази и сведоци.

Тачи, Весели, Красниќи и Селими беа испратени во Хаг пред повеќе од две години. Тие велат дека отишле во Хаг „да ја докажат својата лична невиност и да ги отстранат дамките од праведната војна на ОВК“.“, пишува Назми Абдурахмани во анализата „Експертите за ЦИВИЛ Медиа: Дали историјата на Косово се пишува или препишува со Специјалниот суд во Хаг. 

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Голем дел од граѓанките и граѓаните не ја лапнаа јадицата на антизападната пропаганда. Најголем дел од нив сакаат во ЕУ. Многумина и со малку разбирање што тоа точно значи, но знаат дека тие, а уште повеќе нивните деца, ќе живеат подобар живот.

Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да зачекори на патот кон Европа. Само треба да се охрабри и да го направи тој исчекор – историски.“, пишува меѓу другото Џабир Дерала во колумната „Вагонот што ја влече локомотивата назад“.

Дехран Муратов

„Денес се одбележува точно два месеца откако „гоцевата стража“ херојски со жив штит го одбранија гробот на нашиот револуционер Гоце Делчев, а со тоа е спречено преку ноќ да исчезне македонскиот народ.“, пишува Дехран Муратов во сатирата „Кај ќе ни беше крајот да не беа елитните командоси од „гоцевата стража“.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДневникполитикаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ