• Latest

„Веселите пиштолџии“ во валкана хајка

April 27, 2023
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

„Веселите пиштолџии“ во валкана хајка

April 27, 2023 07:15
in ES-PRESS-O, ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не мора да се прави посебна анализа на настапот на еден понизен послушник на режимот на Груевски, кој за награда доби амбасадорско место во Бразил, и еден сакам-да-бидам-новинар, верен режимски слуга, кој ќе остане запаметен по урнебесниот лапсус пред камери кога МВР го нарече МВРО како што го нарекуваше и режимската министерка во тоа време.

Радио/видео настапот на овие двајца на 24 април зрачи со неконтролирана злоба и омраза. Човек просто да не верува како може некој да нареди толку неповрзани зборови едно по друго во бесмислена и грда смеса од простотилак, фрустрација и агресија. Впрочем, ништо ново. Се работи за само уште еден од безбројните напади со лични навреди и дисквалификации (првенствено против мене), медиумски хајки и линч како во „најдобрите“ денови на режимот и какви што, не се секирајте, ќе има уште многу на патот кон ЕУ. Изборната трка започна одамна, а како што ќе изминува 2023 година, антиевропските пропагандисти ќе ги засилуваат нападите токму против релевантните и кредибилни извори на информации.

Воедно, функцијата на овие двајца е, колку што можат, знаат и умеат, да учествуваат во операцијата „маратонско пропагандно гракање“. Не е важна смислата, важно е непрестајно да се удира по пропагандниот барабан. Така функционира таа машинерија – со лаги, злоба и деструкција. А овде зборуваме за едно потпросечно издание на таа пропаганда.

Освен со омраза и лични навреди и клевети, настапот на Боцевски и Златев беше преполн со противречности, лаги и манипулации. Тие јавно се соголија и ја покажаа својата исклучително валкана, неприкриена омраза, агресија и деструкција кон демократските процеси во една земја. Спротивно на сѐ што подразбира јавниот интерес.

Гледајќи ги, неизбежно се наметнува впечатокот дека немаат поим (за) што зборуваат. Но без оглед на тоа, тие ги кршат сите принципи на професионалност и етика во медиумите и јавната комуникација. Покажаа елементарна неинформираност и незнаење. Една евтина импровизација која никому не му служи за ништо. Освен можеби ним лично, за да ја заработат својата надница за валканото пропагандно завивање пред микрофоните.

Со крајно невешта замена на тези и лошо прикриената омраза кон Западот, однесувањето на овие двајца потсетува на мортус пијаните „патриоти“ под сенката на споменикот на Никола Карев пред Собранието во јули минатата година.

Меѓу сите груби лаги и манипулации што беа изнесени во текот на овој неславен настап на овој дует, е и тешката лага дека Цивил Медиа објавил текст во кој еден новинар бил нападнат врз основа на неговата етничка припадност. Лажната одбрана на уредниците на овој лош медиумски продукт отиде дотаму што „бранејќи го“, токму тие го потенцираа етничкото потекло на споменатиот новинар и го потценија, како него, така и цела една етничка заедница. На крајот, единствено што може да се заклучи за овие двајца мразачи во етерот е дека се недоделкани незнајковци, без почит и познавање на културата на другите етнички заедници.

Во таа тешка егзалтација, „заборавија“ и да го цитираат текстот што им беше повод за оваа секвенца од тажниот им настап. Мораа да го „заборават“ затоа што, во спротивно, ќе дојдеа во судир со самите себеси. Инаку, се работи за текстот „Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите“ од новинарскиот ветеран Љубомир Костовски, објавен на Цивил Медиа, во кој се анализира работата на дел од македонските медиуми.

Вистината е дека во текстот кој дуетот Боцевски-Златев го користат како муниција во валканиот пропагандистички напад против Цивил, ни оддалеку, буквално со ништо не се ни навестува нешто што би упатило на етничка или било каква припадност на новинарот. Таму нема ништо што асоцира на припадност, освен матичната медиумска куќа и препознавање (и опсервација) на работата на новинарот. И тоа во контекст на медиумската куќа. И ништо повеќе.

„Одбраната“ на овие весели вербални пиштолџии ги откри токму нив како националисти, преполни со предрасуди и стереотипи. И омраза.

Цивил е македонска граѓанска организација што постои 23 години, меѓународно позната по своите вредности и бескомпромисни заложби за човекови права и слободи, за еднаквост и почитување на различностите. Тоа барем не мора да се објаснува – познато е, признато е, прифатено е.

Но дали во овој отровен настап на овие, како од ланец пуштени, мразачи се крие стравот и на нивните газди?

Многу веројатно. И тоа набрзо ќе го откриеме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БоцевскиЗлатевпропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ