• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќе се распишат предвремени избори на северот на Косово; повторно експлозии во северна Митровица; нови детали за ситуацијата во кампот МЕК во Драч

June 23, 2023

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќе се распишат предвремени избори на северот на Косово; повторно експлозии во северна Митровица; нови детали за ситуацијата во кампот МЕК во Драч

June 23, 2023 11:52
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово, а во северна Митровица синоќа повторно имаше експлозии,  јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ – ПРЕС.

КОСОВО

Бота Сот: Предвремени избори и ослободување на тројца полицајци, што порачаа лидерите вчера по средбите во Брисел

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Брисел изрази подготвеност да распише предвремени локални избори во Косово, но „во согласност со правната рамка на земјата“.

„Разбираме дека има потреба од предвремени избори во четирите општини на север, со процес на кој му претходи владеење на правото, отворена и фер кампања и слободни и демократски избори. Не можам да кажам дека ситуацијата е безбедна поради билатералните средби и имаме стабилен мир, но од оптимизмот на медијаторот можам да кажам дека има знаци дека деновите што следат ќе бидат подобри од оние што ги оставивме зад нас. “, рече Курти, пренесува Бота Сот.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово.

РТВ 21: Повторно експлозии во северна Митровица

„Косовската полиција потврди дека во доцните вечерни часови на 22 јуни се случиле две експлозии во Северна Митровица. Од овие експлозии нема повредени.“, пренесе РТВ21.

Газета Експрес: Србите во Грачаница и денеска протестираат за поддршка на осомничениот за воени злосторства

„Денеска напладне во Грачаница ќе се одржи трет по ред протест, како што се тврди „поради апсењето на Драгиша Миленковиќ од Кишница“, кој е осомничен дека извршил воени злосторства над затворениците во притворот во Липјан пред војна во Косово..

Во исто време, граѓаните на Грачаница и неговата околина им даваат поддршка на сите Срби од северно Косово кои се уапсени поради хулиганство и напади врз новинари во Лепосавиќ.“, пренесе Газета Експрес.

Балкан Веб – Британската пратеничка  му одговори на амбасадорот Хил: Србија има договор со Русија и приведе тројца косовски полицајци

Пратеничката во Парламентот на Велика Британија, Алиша Кернс, му одговори на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, откако ја одржа обуката на американските сили со оние на Србија, наречена „Platinum Wolf”.

„Подобро „Платинест волк“, заедничка вежба со земја која потпиша договори за надворешна политика со Русија како продолжение на незаконскиот распад на Украина и во моментов незаконски приведува тројца косовски полицајци“, напиша Кернс, пренесе Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

Леѕо: Контрола во кампот на МЕК, Обвинителството сослушува 10 муџахедини, бара  да ги заплени камерите во кампот

„Десет ирански муџахедини беа сослушани во Обвинителството во Драч како сведоци за настанот што се случи утрото во вторник, на 20 јуни, во кампот на МЕК во Манез, Драч.

Иранците вчера беа испрашувани  за тврдењата дека полицијата употребила насилство врз нив и дека тие се одговорни за загубата на животот на еден член во кампот.

Извори од обвинителството велат дека и при вчерашното сведочење останале на истиот став.“, пренесе албанскиот медиум Леѕо.

КОЛУМНА

Коха: Дали Америка сè уште е „џандарот на светот“?

„Единствениот логичен заклучок е американските бизниси да ја напуштат Кина, не само за да се елиминираат ризиците, туку и да се оттргнат од зависноста од Пекинг. Но, проблемот за европските и азиските сојузници на Америка е тоа што е многу тешко да се направи разграничување од Кина. Само помислете на огромните инвестиции што ги направија европските производители на автомобили во кинеските фабрики за електрични автомобили. Американското раководство навистина би било добра идеја. Но, патувањето во Европа ја поткопува вербата во неа“, пишува во статија од Блумберг, преведена на албански јазик и пренесена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ