• Latest
Фото: Принтскрин - Радио Слободна Европа

Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи

August 14, 2023
UK mosque set ablaze
source: Screenshot Forbes

Запалена џамија во Велика Британија со две лица внатре, полицијата истражува сомнително злосторство од омраза

October 6, 2025

Заев го демантира Мицкоски: Со лаги за бугарски куфери со пари бега од своите неуспеси

October 6, 2025

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи

August 14, 2023 14:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА
Фото: Принтскрин - Радио Слободна Европа

Фото: Принтскрин - Радио Слободна Европа

Share on FacebookShare on Twitter

(Радио Слободна Европа)

Руската амбасада во Скопје за две години објавила двојно повеќе постови на социјалните мрежи од дипломатските претставништва на ЕУ, САД, Британија… Според истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD) тоа е дел од пропагандната стратегија и хибридната војна на Кремљ

Амбасадата на Русија во Скопје е рекордер меѓу дипломатските претставништва во Северна Македонија и на Западен Балкан според бројот на објави на социјалните мрежи и по бројот на интеракции на тие нивни објави. Само во 2021 и 2022 година, Руската амбасада има објавено двојно повеќе постови од дипломатските претставништва на Европската унија (ЕУ), САД, Велика Британија… и неколкукратно повеќе објави од македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

Ова го покажува истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD), кој ги следел објавите на повеќе амбасади на Балканот во изминативе две години. Анализата покажува и дека Руската амбасада во Скопје има многу повеќе објави и од македонското МНР.

Македонскиот фејсбук простор во стратегијата на Кремљ

Оваа активност, според Горан Георгиев, истражувач во софискиот Центар за проучување на демократијата и експерт за меѓународни односи и геополитика, е дел од стратегијата на Кремљ за ширење на руското влијание и пропаганда.

„Профилите на руските амбасади на социјалните мрежи се канал и засилувач на руската пропаганда и целата палета на дезинформациски наративи кои доаѓаат од Кремљ, од кои повеќето се насочени против Западот и демократскиот начин на живот. Амбасадите вршат клучна информативна (но и оперативна) функција во информациската војна на Кремљ против слободниот свет. Вкупниот број на објави на руските дипломатски претставништва на социјалните мрежи е значително зголемен од почетокот на инвазијата врз Украина, а дезинформациите се поексплицитни и поагресивни од кога било. Има и докази за тоа“, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ), Георгиев.

Бројот на објави на Руската амбасада во Скопје на социјалните мрежи е повеќекратно повисок од бројот на социјални објави на македонското Министерство за надворешни работи, кое, според истражувањето, постира во просек по три објави неделно (вкупно 5 во март и вкупно 12 во февруари 2023). што е околу 40 отсто од вкупниот број на објави на Фејсбук страницата на македонската Влада, на која се постираат по околу 12 објави дневно во просек.

Од Македонското МНР, до објавување на текстот, не добивме коментар за ова истражување.

Коментар за ова истражување и за резултатите од него, побаравме и од Руската амбасада во Скопје, но не добивме одговор, со образложение дека се воздржуваат од коментар бидејќи „нивната нормална работа била оквалификувана како дезинформација“.

Руска амбасада во Скопје: Принудени сме да се воздржиме од коментирање

За коментар на ова анализа на Центарот за истражување на демократијата од Софија, официјално се обративме до Амбасадата на Руската федерација во Скопје.

„Со оглед на тоа што нашата нормална дипломатска работа ја карактеризирате
како дезинформација, принудени сме да се воздржиме од коментирање на Вашите
прашања“, стои во одговорот од Руската амбасада во Скопје на нашето барање за коментар на истражувањето на Софискиот центар.

Први на просторот на некогашна СФРЈ и први на Балканот

Податоците во истражувањето се добиени преку мониторинг со специјализирани софтвери за преземање на податоци од онлајн медиуми, профили на социјалните мрежи на политичари, јавни личности и дипломати и онлајн канали на комуникација на дипломатските претставништва од регионот на Балканот.

Според бројот на објавите на социјалната мрежа Фејсбук, дипломатските претставништва на ЕУ, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и САД во Северна Македонија во 2021 и 2022 година објавиле околу 7.500 постови. Над 50 отсто од овие објави отпаѓаат на руските дипломатски претставништва во земјава.

Од сите земји од поранешна Југославија, руските дипломати во Северна Македонија најмногу постови имаат објавено во земјава, додека на Балканот, руските дипломатски претставништва повеќе имаат објавено само во Романија. Таму од вкупно 10.500 постови, 7.100 отпаѓаат на руските дипломатски претставништва, покажува истражувањето на софискиот центар.

Фејсбук објавите биле во фокусот на истражувањето, и како што велат, „ова е релевантно, бидејќи над 90 отсто од остварениот сообраќај на социјалните мрежи во Југоисточна Европа се одвива на Фејсбук“.

Колку се постира во 2023 година?

Како што покажуваат податоците прикажани во извештајот на софискиот Центар за проучување на демократијата, од сите руски амбасади во з

емјите од Западен Балкан, амбасадата на Русија во Северна Македонија објавила најмногу постови и добила најмногу интеракции (лајкови, коментари и споделувања) во двегодишниот период 2021 – 2022.

„Трендот на висока активност продолжува и во 2023 година, при што Руската амбасада во Скопје објави 717 објави на кои има речиси 50.000 интеракции од први јануари до денес“, изјави за РСЕ, Горан Георгиев, експерт за меѓународни односи и геополитика и истражувач во софискиот Центар за проучување на демократијата.

Објавите како дел од хибридна војна

Според бројот на интеракции на корисниците со постовите на дипломатските претставништва, како што се допаѓања (лајкови), коментари и споделувања, Фејсбук страницата на Руската амбасада во Северна Македонија е, исто така, на врвот на Балканот, според бројот на жители.

Во Бугарија има најмногу интеракции на корисниците на објавите на веб-страницата на руската амбасада, односно 2,3 милиони интеракции, потоа следува Грција со 770.000, Романија со 517.000 и Северна Македонија со 296.000. Кога овие податоци ќе се поделат со бројот на жители, излегува дека во Бугарија на секои три жители има по една интеракција, во Северна Македонија на секои седум жители, Грција на 14 и Романија на 35 жители има по една интеракција.

Сето ова, вели Георгиев, „може и треба да се гледа како ел од хибридната војна на Кремљ.

„Дискурсот на руските дипломатски служби, и онлајн и офлајн, целосно излегува надвор од воспоставените стандарди на меѓународната дипломатија и во пракса е алатка за влијание и мешање во внатрешните работи на земјата домаќин. Нормално, тоа се прави под раководство и со поддршка на централните власти во Русија, вклучително и тајните служби. Колку една земја е поранлива на руско влијание (социјално, економско, политичко итн.), толку повеќе локалниот руски амбасадор може да си дозволи и поширок пристап има до информативниот простор на земјата“, вели Георгиев за РСЕ.

Како да се направи разлика што е пропаганда, а што вистинска информација?

Социјалните мрежи, вели Георгиев, го револуционизираа начинот на кој се креира и консумира информациската содржина.

„Секој може да објавува текст, видео или аудио што потенцијално може да допре до огромна публика со релативно мал напор. Недостигот од ефективна регулација и умереност на содржината ги прави социјалните мрежи идеални платформи за манипулација и мешање со странски информации“, појаснува истражувачот. Според него, друг важен момент е дека хибридната улога на руските амбасади се зголемила по почетокот на инвазијата врз украина поради сериозното ограничување на официјалните медиуми контролирани од Кремљ како РТ, Спутник… Исто така, вели Георгиев, локалните медиуми во Европа вообичаено не сакаат да емитуваат интервјуа или друга содржина со „дипломати на земјата агресор“. Овие промени „ги принудија руските власти уште повеќе да прибегнуваат кон алтернативни медиуми и начини за влијание врз јавноста“.

МОСТ: „Фејсбук“ е еден од центрите во кој се развиени мрежи кои ја засилуваат руската пропаганда

И неодамнешното истражување на граѓанската асоцијација МОСТ, кое е прво вакво во Северна македонија и во регионот, покажува дека „Фејсбук“ е еден од центрите во кој се развиени и се координираат мрежи кои ја засилуваат руската пропаганда, дезинформациите и манипулациите со информации во Северна Македонија. Во тој „центар“ забележано е масовно пренесување и присуство на претставници на Кремљ.

Во оваа студија на МОСТ, насловена „Една година од руската агресија врз Украина“, биле анализирани и идентификувани над 10.000 постови на Фејсбук во овој контекст и утврдено е дека во функција на ширење на руската пропаганда во земјава се вклучени и „домашни актери“, кои го овозможуваат и засилуваат тоа, или ги пренесуваат пораките.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МедиумипропагандаРусијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ