• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Украина го потврди договорот за слободна трговија со Северна Македонија; гласањето на уставните амандмани значи политичка стабилност и брзо членство во ЕУ; ЦИВИЛ бара решителна акција за институционална помош за жртвите од сексуално насилство врз децата

August 17, 2023
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Украина го потврди договорот за слободна трговија со Северна Македонија; гласањето на уставните амандмани значи политичка стабилност и брзо членство во ЕУ; ЦИВИЛ бара решителна акција за институционална помош за жртвите од сексуално насилство врз децата

August 17, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Северна Македонија

Украинската Влада усвои резолуција за спроведување на договорот за слободна трговија со Северна Македонија. Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Гласањето на уставните амандмани значи политичка стабилност и брзо членство во ЕУ. Од една страна се важни за забрзано продолжување на реформите и впишување на Северна Македонија во новиот пакет за проширување на ЕУ, а од друга страна за  зајакнување на кохезијата и мултикултурниот карактер на македонското општество.Успешните уставни измени ќе значат јасна, чиста позиција за Северна Македонија, со исполнети критериуми од обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка. Следниот потег ќе биде на Европската комисија, која ќе биде сигурна дека Северна Македонија продолжува на европскиот пат,  изјави вицепремиерот Маричиќ во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСТАВНИ ИЗМЕНИ На еден ден пред седницата во Собранието на кое единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Северна Македонија, власта и опозицијата остануваат на своите непроменети ставови.

ЗАКОН ЗА ПЛАТИ  Законот за плати со кој ќе се регулираат и платите на функционерите и избраните лица е во изработка, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

СКРИНИНГ Официјална статистика на Северна Македонија има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди е оценката на Европската комисија содржана вонацртот на Извештајот од скрининг процесот на Кластер 1 – Фундаментални вредности во делот на Поглавјето 18 – Статистика.

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА Осум лица, меѓу кои и двајца македонски војници, се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрум во Домот на култура во Чрна на Корошкем, во Словенија.

ЗЕЛЕНИ Речиси два века по патувањето на Чарлс Дарвин околу светот, еколозите планираат да тргнат по неговите стапки. Тие преземаат двегодишно патување низ четири континенти за да го проучуваат ендемичниот див свет и да ја зајакнат заштитата.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Пред 15 години започна Руско инвазија врз Грузија. Иако самиот вооружен конфликт беше прилично краток (траеше само 5 дена), Украинците можеа да препознаат многу техники во нејзината информативна компонента што Москва ги користеше тогаш и повторно неодамна, во Украина.

*

Опасното проширување на воено-техничката соработка меѓу Иран и рф, вклучително во насока на снабдување и можно производство на ирански UAV во рф, бара итни и решителни дејствија на западните земји за неутрализирање на наведената опасност како за Украина, така и за другите демократски земји.

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ бара итна и решителна акција: Максимална казна за силувачите, институционална помош за жртвите и превенција од сексуално насилство врз децата во иднина

Како организација, посветена на промоција и одбрана на човековите права и слободи, ЦИВИЛ бара од институциите итно и решително да реагираат и на жртвите на сексуалното насилство да им обезбедат целосна професионална, медицинска и психосоцијална помош, а воедно да преземе превентивни и безбедносни мерки, ваквите ужасни случаи да не се повторат во иднина.

КОМЕНТАРИ

Ова да се случеше во било која друга држава денеска улиците ќе беа преплавени со луѓе кои ќе протестираа и ќе бараа правда и поголема заштита на децата, медиумите ќе правеа анализи, дебати со психолози, педагози… Но, наместо гласна реакција, ние денеска имаме огромен молк од сите, буквално од сите! Ниту невладини, ниту детската амбасада Меѓаши се уште не реагираа(т) за ваквите монстуозни чинови. Нема реакција ниту на социјалните мрежи…пишува Дехран Муратов во својот коментар „Невообичаен молк откако во еден ден се силувани четири деца, од татко(вци), брат, роднина“

БРЗА ПОШТА

Настрана фактот, со кој треба да се позанимаваат институциите одговорни за лицата кои себеси се поистоветуваат со познати личноси од историјата, со обелоденувањето на самата фотографија, нејзиниот објавувач, кој се става во улога на Месија, праќа порака, свесно или потсвесно (или подобро кажано вонсвесно) со која алудира на тајната вечера на која Исус бил предаден, пишува Драган Мишев во „Мицкоски со „апостолите“ на „тајна вечера“, кој е Јуда-та?“

СЛОБОДНА ЗОНА

Иако на прв поглед изгледа како придонес кон плурализмот, фрагментацијата на политичкото ткиво, може да предизвика и пад на квалитетот на политичкиот живот, а никако не значи дека е зајакната политичката култура. За време на изборните процеси, не мал дел од гласовите се губат поради прекумерната поделба меѓу повеќе политички субјекти. Кон тоа придонесуваат и изборниот систем, поделбата на изборни единици, моделот на пресметување на гласовите потребни за мандати и низа други, да речеме, објективни фактори. Барем тоа е впечатокот од долгогодишниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ, во кој учествувам од самиот почеток, пишува Џабир Дерала во колумната „ Недоверба, страв и гнев – или – зошто луѓето гласаат „за инает“?

*

Па оттука и прашањето за пратениците: ќе застанат зад дефокусот „Бугарите во уставот“ или зад фокусот „Македонските преговори со ЕУ“, или, преведено на партиските вокабулари, ќе застанат ли зад својата партија или зад својата држава?,  пишува Зоран Иванов по допрен глас во колумната „Зад својата партија или зад својата држава“

“

А јас ќе се симнам до восочната фигура на Тодор Лазаров во музејот во моето Ново Село и ќе седнам до него. Пред Тодор е последното негово писмо пред смртта каде напишал – „Македонија е изгубена!“ Ќе си поседам и ако неговиот дух е некаде над оваа клисура, ќе му порачам дека неговите хамлетовски дилеми се актуелни и денес и само од сегашните Македонци зависи дали „ќе нѐ биде или не“, пишува Војо Маневски во колумната „Лица и маски“

 

Д. Мишев

Tags: Вестиизјавиколумникоментарицивилни активности
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ