• Latest

24 ЧАСА: Каде е разликата меѓу Иванов и Пендаровски; Северна Македонија е на одличен пат кон ЕУ; светот го одбележува Меѓународниот ден на демократијата

September 15, 2023
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Каде е разликата меѓу Иванов и Пендаровски; Северна Македонија е на одличен пат кон ЕУ; светот го одбележува Меѓународниот ден на демократијата

September 15, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Аболиција, амнестија, претседателска функција: Каде е разликата меѓу Иванов и Пендаровски?

Речиси целиот втор мандат на местото шеф на државата Иванов го мина во создавање на конфликти и злоупотреби на функцијата во одбраната на власта на Груевски. Аболицијата му беше едно од инструментите во таа насока. Нема ни трошка од тие методи во мандатот на Пендаровски, но тој постојано е мета на напад со лажни наративи…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Хан: Северна Македонија е на одличен пат кон ЕУ, партиските интереси да се стават на страна

Северна Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во последните недели, Украина нагло го забрза темпото на напади во и околу привремено окупираниот полуостров Крим, кој стана критичен центар за руската војска. Украинската војска тврди дека погодила рускиот систем за ракетна одбрана земја-воздух на Крим и два руски воени бродови во Црно море…

*

Руската пропаганда често го користи еврејското прашање за да внесе раздор и да ги подели Украинците и Евреите. Тоа го прави главно со паразитирање на историски прашања или со воздигнување на разни помали инциденти до универзални размери (често со нивно фабрикување)…

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДБРАНА Министерката за одбрана, Славјанка Петровска престојува во работна посета на САД, каде ќе се сретне со високи официјални претставници на Пентагон и на Стејт Департментот, соопшти Министерството за одбрана.

СЛУЧАЈ ОНКОЛОГИЈА За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на гласањето во Парламентот не гледа како на гласање за амандмани на Уставот, туку како на гласање за продолжување на европската интеграција во земјата.

СКОПСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ Третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) почнува денеска, а темата е „Европа – ДА, Европа – СЕГА“. Форумот ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

КОВИД ВАКЦИНА Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот – На вчерашната средба на косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Вучиќ во Брисел, на која посредник беше Жозеп Борел, не се постигна напредок во дијалогот. Курти бара признавање на Косово од страна на Србија, за веднаш потоа, без задршки, да почнат со реализирање на договорот во кој меѓу другото, се бара формирање Заедници со српско мнозинство. Жозеп Борел повика на итни избори на северот на Косово, за да се превенираат евентуални кризи.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

На денешен ден, пред 16 години светот започна да го одбележува Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. Овој ден се одбележува секоја година низ светот за да се зајакне демократијата и да се истакнат нејзините вредности и принципи.

Темата на Меѓународниот ден на демократијата оваа година е „Зајакнување на следната генерација“. ОН се фокусира на суштинската улога на младите во унапредувањето на демократијата и обезбедувањето дека нивните гласови се вклучени во одлуките кои имаат големо влијание врз нивниот свет. Климатска правда и демократија се дел од таа тема. Ефектите од климатската криза врз животната средина денес е невозможно да се игнорираат, а станува сè поочигледно дека тоа е предизвик за демократијата: растечката несигурност на храна, миграцијата, недостигот на вода и екстремните временски настани предизвикуваат конфликти и им тежат како проблеми на гласачите.

АНАЛИЗА

Кинеската централна банка побара од некои од најголемите кредитори во земјата да се воздржат од итно квадратирање на нивните девизни позиции на пазарот и да имаат отворени позиции некое време со цел да се ублажи надолниот притисок врз јуанот. Како дел од овие неформални „насоки за прозорци“, од банките е побарано да не ги средуваат своите позиции на меѓубанкарските девизни пазари по секоја продажба во американски долари на клиентите, додека нивната девизна позиција не достигне одредено ниво, пишува Драган Мишев во анализата „Кина бара од големите банки да ги приспособат купувањата во долари за да го ублажи надолниот тренд на јуанот„

МРЕЖА

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата посочува дека овој ден потсетува дека демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се во основата на отпорните, инклузивни и сигурни општества, општества на граѓани на кои им е загарантирана слободата и достоинството, како и прогресот и одржливиот развој на нивната заедница. Маричиќ на објава на неговиот профил на Фејсбук потенцира дека Меѓународниот ден на демократијата истовремено е и повод да опстоиме во потрагата по демократски одговори на заканите во време на тензии и превирања.

СТАВОВИ

Во нашава јавност сѐ повеќе се етаблира нова параспортска дисциплина. Некако успеваме да  придонесеме кон светската палета на бесмислени натпревари и рекорди. Новата дисциплина е издржливост во следење на дебатните емисии на нашите медиуми и тоа во сите електронски модификации. Врв на издржливоста е следење на сите такви медиумски продукти во вечерните термини, а за оние љубители на екстремноста постојат ноќни интернет можности за следење на разни поткасти и „надкасти“, пишува Војо Маневски во колумната „Стрес-тест на македонски начин“

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестивојна против УкраинаизјавиСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ