• Latest

Да живее разноликоста, критиката и изборот!

November 7, 2016

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Да живее разноликоста, критиката и изборот!

November 7, 2016 14:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Младичот вели, шуќур, за разлика од пред некоја година, почна да се дискутира и за квалитетот на кандидатските листи за изборите. Тоа е добро, и таа дискусија треба да се поттикнува, а не да се гуши.

Во тоа име, неколку поенти.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Најпрвин, околу учеството на активисти од Шарената револуција на листите, младичот би сакал повторно да потсети дека, покрај граѓанските активисти и неопределените граѓани, и други партии учествуваа во Шарената револуција, и дека СДСМ, па и граѓанските активисти кои се на листите на оваа коалиција, немаат право да се прогласат за ексклузивни застапници на “шарените” или на други граѓански протести. На пример, на многуте протести во изминативе години учествуваа и членови на Левица, Достоинство, Обединети за Македонија, разни структури со предзнак ВМРО (ФРОДЕМ, ВМРО-НП итн…), па и членови на Унитети, ПДП, Беса… Кој и како ќе ги застапува граѓаните и нивните барања од десетиците движења и масовни протести во последниве неколку години, ќе се види многу брзо.

Затоа, младичот со нетрпение ги очекува листите и на другите коалиции, да ги видиме и таму кандидатите и нивниот квалитет. Па, потоа, да ги анализираме и програмите, пристапот и реториката на тие што ќе се натпреваруваат на изборите.

Второ, тоа што на предложените листи на СДСМ се најдоа ликови како Лилјана Поповска или Ферид Мухиќ, кои до неодамна беа поддржувачи на политиките на режимот, а и ликови кои се хомофоби, противници на абортусот, верски конзервативци, итн, отвора простор за поголемо критичко восприемање на политичката понуда пред денот на одлука, 11 декември. И тоа е, исто така, добро.

За разлика од многумина, младичот не е воопшто разочаран. Напротив, го радуваат овие грешки во чекори на најголемата опозициска коалиција, затоа што па и некритичкото голтање на сè што се сервира од кујните на Бихаќка, не е на арно. Подобро е што овој сигнал на компромисерство дојде порано, отколку подоцна. Белки ќе ги свести и луѓето во таа коалиција, во другите коалиции, а богами и гласачите. Затоа што избор помеѓу помалото и поголемото зло не ни врши веќе работа. А ниту слепата доверба.

Да резимираме, почитувани лепотанки и лепотани: Овие вратоломии може да го ублажат малку, но не и да го одложат падот на МВРО. Штетата од овие “стратегии” секогаш оди на конто на оние што ги создаваат и спроведуваат, а не извлекуваат поуки и не се опаметуваат.

Најбитно од сè: Гласајте за кого било, само не за началниците, кои го погазија нашиот уставен и правен поредок, влегоа до гуша во криминал и кражба, и ни го уништија општеството. За да ја поправиме штетата, ќе ни треба долгогодишна посветена и напорна работа, базирана пред сè на идеализам, а не на јалова прагма и компромиси. Затоа – да живее изборот, нека има што повеќе разноликост, критика, опции, затоа што главата од вишок не боли!

Tags: избориМакедонијаПетритСДСМЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ