• Latest

Албански медиуми: Јавното обвинителство на БиХ во тесна соработка со косовското за оружјето во Бањска; ЕУЛЕКС испрати 6 полициски советници во Косово; СПАК ја иззема судијката Олдаши од судењето за Бериша

November 24, 2023
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
„Бољи живот“ - Лидија Вукичевиќ со јогурт на главата, Белград, 17 ноември 2026 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Вучиќ од вториот и третиот чин

November 18, 2026

Кремљовска мрежа ботови „Матрјошка“ поттикнува сепаратизам пред изборите во Шпанија

November 18, 2026
Големата сала во српскиот парламент (извор: parlament.gov.rs)

Србија: Вучиќ со 103-минутен говор ја претвори конститутивната седница во политичка пресметка – што се случи?

November 18, 2026
Еврокомесарката за проширување Марта Кос (photo: EC - Audiovisual Service)

Скандал: Српска националистичка песна на ЕУ форумот за проширување – што се случи?

November 17, 2026
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Јавното обвинителство на БиХ во тесна соработка со косовското за оружјето во Бањска; ЕУЛЕКС испрати 6 полициски советници во Косово; СПАК ја иззема судијката Олдаши од судењето за Бериша

November 24, 2023 10:53
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По верзијата на српското Јавно обвинителство, дека оружјето употребено во нападот во Бањска, на северот на Косово, од Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина соопштија дека го прифатиле барањето за взаемна помош од косовските власти. Обвинителството на Босна и Федералното одделение за полиција во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе ги спроведат потребните активности за утврдување на сите расположливи детали за потеклото на запленетото оружје“.

ЕУЛЕКС соопшти  дека на 23 ноември на Косово пристигнале шест полициски советници кои ќе ги поддржат избраните институции за владеење на правото, известуваат косовските медиуми.

Ова се дел од содржините од изборот што  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Експрес: Обвинителството на Босна и Херцеговина: Соработуваме со институциите на Косово за расветлување на истрагите за нападот во Бањска

Обвинителството на Босна и Херцеговина тесно соработува со институциите на Косово за расветлување на истрагите за нападот во Бањска.

„Босанското обвинителство го прифати барањето за взаемна помош од косовските власти. Обвинителството на Босна и Федералното одделение за полиција во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе ги спроведат потребните активности за утврдување на сите расположливи детали за потеклото на запленетото оружје“, соопштија од Обвинителството на Босна, пренесе Газета Експрес.

Бота Сот: Шест полициски советници од Холандија и Шведска пристигнаа на Косово, ќе и даваат совети на полицијата

ЕУЛЕКС соопшти  дека на 23 ноември на Косово пристигнале шест полициски советници кои ќе ги поддржат избраните институции за владеење на правото.

Во соопштението се наведува  дека на посебен начин ЕС на ЕУЛЕКС ќе ја советува косовската полиција како подобро да ги спроведува редовните полициски активности при спречување и борба против криминалот и обезбедување на безбедноста, а истовремено ќе го следи и почитувањето на нивните обврски за човекови права, да им служат на заедниците што ги штитат и да ја градат довербата на јавноста преку полициско работење ориентирана кон заедницата, пренесе Бота Сот.

Телеграфи: ЦИК соопшти дека од денеска гласачите ќе можат да ги менуваат избирачките места  во нивната општина

Централната изборна комисија (ЦИК) соопшти дека од денеска почнува со сервисирање на гласачите, кои ќе можат да го пронајдат и променат Гласачкиот центар.

Како што се наведува во соопштението, оваа служба на ЦИК ќе биде постојана, што значи дека гласачите ќе имаат можност да се информираат за гласачките центри и да побараат нивна замена и во неизборни години, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Сури: Истрагата на СПАК против Арбен Ахметај е политички мотивирана, се вели во извештај од американска правна канцеларија

Познатата американска адвокатска канцеларија Никсон Пибоди, која важи за една од најголемите и најважните компании не само во САД, туку и во светот, подготви детален правен извештај за случајот покренат од СПАК против поранешниот министер за финансии Арбен Ахметај, пренесе Сури.

АБЦ: СПАК поднесе  барање  до судот за разрешување на судијката Олдаши

Специјалното обвинителство (СПАК) до судот го поднесе барањето за разрешување на судијката Илириана Олдаши, на рочиштето за престанок на безбедносните мерки за поранешниот премиер Сали Бериша, пренесе АБЦ.

СПАК побара изземање на судијата Олдаши од процесот, бидејќи, според обвинителството, е во судир на интереси и треба да го напушти истражувањето на овој случај.

КОЛУМНА

Бота Сот: Политичката реалност и идентитетот

Опозицијата во Косово е поранешната соборена влада, која народот ја тргна од власт. Да се ​​биде опозиција не е само загуба, туку и награда, затоа што народот разрешува влада за да се подобри и да ги смени политиките што го предизвикаа падот: кражби, корупција, непотизам и  воопшто, недостиг на владеење на правото, пишува авторот Лис Букуроца во колумната „Политичката реалност и идентитетот“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ