• Latest

24 ЧАСА: Лични документи само со закажување; Џафери за спроведување на Предлог-законот за рестриктивни мерки; анализа на ЦИВИЛ за троловските напади

February 6, 2024

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Лични документи само со закажување; Џафери за спроведување на Предлог-законот за рестриктивни мерки; анализа на ЦИВИЛ за троловските напади

February 6, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од утре само со закажување за лични документи во ПС Пролет

Од утре, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Џафери: За Предлог-законот за рестриктивни мерки потребно е да се создадат дополнителни можности за спроведување на правните аспекти

-Моето гледиште е политички, како политичко решение во смисла создавање предуслови за зацртување на предусловите за борбата против корупцијата и организираниот криминал. И ако тоа би требало да биде додадена вредност за напорите на државата за справување со таа појава во тој контекст е политичка одлука во смисла да се создаваат нови можности, дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, она што е конкретната борба и во тој контекст мислам дека е неопходно да се гледа законот, не стриктно само од правен аспект, туку и од политички контекст да се гледа работата пошироко за да ја има прифатливоста по однос на целта која што се поставува пред законот. Правниот дел, професионалниот дел, јас не би сакал да го оспорам секако фелата си има право да си ги гледа и затоа и е правната фела, меѓутоа покрај правниот аспект државата има политички обврски и можности и потреби кон граѓаните да излезе со дополнителни мерки по однос на борбата со корупцијата, рече Џафери

ФЛЕШ ВЕСТИ

СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИИ Сите четири потенцијални стратешки инвеститори веќе имаат доставено банкарска гаранција, а според бизнис плановите кои ги имаат доставено, вкупно ќе инвестираат 786 милиони евра…

НЕПРАВИЛНОСТИ ВО МНАВ Тројцата инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) по двонеделниот надзор на четирите огласи за вработување во М-НАВ констатирал неправилности…

ДИК Државната изборна комисија може да функционира со шест члена, тоа е согласно Деловникот, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања …

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Службата за безбедност на Украина ја неутрализираше моќната мрежа HUMINT управувана од ФСБ, која беше вклучена во собирање високо чувствителни доверливи податоци…

КОНФЛИКТИ

  •  На вчерашниот состанок на Советот за безбедност на ОН, заменичката на генералниот секретар на ОН за политички прашања Розмари ди Карло ги повика сите земји да спречат нова ескалација на тензиите на Блиски Исток…

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

– Златан Арсиќ, кој беше обвинет за воени злосторства во Каменица во 1999 година, беше ослободен во понеделник, на 5 јануари, откако Основниот суд не докажа дека е припадник на српската полиција. Пред него, 16 други лица обвинети за воени злосторства на Косово беа ослободени со судски одлуки по завршувањето на војната, пишуваат косовските медиуми.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на ХепиТв призна дека пред терористичкиот напад во Бањска, три ноќи по ред се сретнал со Милан Радоичиќ, главниот човек кој призна дека го организирал нападот на 24 септември, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца српски терористи.

ДЕЗИНФО

Дознајте во помалку од една минута што се теории на заговор и дипфејк!

Теорија на заговор е верување дека мала група моќни луѓе спроведуваат тајни операции во сопствена корист, на сметка на општеството.

Дипфејк е измамничка практика на користење напредни технологии за аудиовизуелна манипулација и фалсификување на содржината, често и со употреба на машинско учење и вештачката интелигенција.

МОНИТОРИНГ

Едукативните содржини на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите наидоа на одличен одзив, но во нив се препознаа и дезинформаторите, мразачите и пропагандистите

Едукативните видео содржини на ЦИВИЛ во кои, во помалку од една минута се објаснуваат основните поими поврзани со дезинформациите, наидоа на одличен одзив и позитивни оценки кај голем број граѓанки и граѓани. Во првото од 12-те видеа, се објаснува поимот ДЕЗИНФОРМАЦИЈА – намерно ширење лажни или погрешни информации за измама или манипулација…

Проф. Трајковски се заканува кон студентите и води политичка кампања: Не ме интересира политика, ама новата влада мора да го врати името

После точно 5 години молк, и на само неколку месеци пред одржување на парламентарните и претседателски избори, на проф. Владимир Трајковски му текна дека му смета името Северна Македонија и се закани дека ќе им ја намали оценката на студентите во чиј индекс пишува Северна Македонија…

АНАЛИЗИ

Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, апликацијата Телеграм оствари значително влијание врз украинската публика. Речиси милион корисници ја преземале апликацијата во деновите по 24 февруари 2022 година. Во моментов, 88% од Украинците ја користат оваа апликација. Денес, Телеграм за голем број Украинци е извор на вести, предупредувања за проектили кои летаат блиску до локацијата, собирање средства од волонтери и пристап до нецензурирани информации од бојното поле до секој телефон, го пренесува Укринформ истражувањето на украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност, пишува Драган Мишев во анализата „Телеграм“ за Кремљ во 21 век е како „Енигма“ за нацистите во Втората светска војна“.

СЛОБОДНА ЗОНА

На претстојниве избори не само Алијансата, чинам, ќе биде клучна секоја партија па и најмалите без оглед дали ќе бидат во коалиции или не, а секој глас ќе има тежина посебно поради фактот за веќе сè понагласената диференцијација на линијата за неодложно отпочнување на ЕУ преговорите или за чекање подобри времиња за таа цел, згора, кажано во оваа една реченица, пораките на моќниот Вашингтон се многу јасни и нив, барем засега предизборно и од разбирливи и манипулативни причини, ги игнорира само ВМРО-ДПМНЕ и некои други помали партии …, по допрен глас пишува Зоран Иванов во: „Во кризни времиња не е баш популарно да си во власта“

Овој буџет ќе важи до следната година. Бидејќи сите прогнози се дека Влада може да се формира најрано во втората половина на годината, ребалансот е можен дури некаде на есен и тоа само доколку нема изненадувања и проблеми околу составување на новата Влада. Овој текст го пишувам за граѓаните да имаат сознанија кога слушаат разни ветувања за брзи измени во макроекономијата и подигање на стандардот и барем приближно да знаат што е можно а што неможно и врз таа основа да препознаат кој тоа, ај да не кажам дека лаже туку – не ја кажува потполната вистина. Едно е сигурно – што и да ветуваат политичарите, во реалноста подоцна ќе мора да се држат до предвидените ставки на буџетот на државата, пишува Војо Маневски во колумната: „И Буџетот е рамка!“

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестидезинформацииизјавиконфликтимониторинг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ