• Latest

Француски „Либерасион“ со провокативна карикатура во која се исмева гладот во Газа за време на рамазанскиот пост

March 12, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Француски „Либерасион“ со провокативна карикатура во која се исмева гладот во Газа за време на рамазанскиот пост

March 12, 2024 13:14
in КОНФЛИКТИ, САТИРА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот дневен весник „Либерасион“ објави провокативна карикатура на којашто се исмејува гладот на Палестинците во Газа за време на рамазанскиот пост.

Се работи за карикатура нацртана од Корин Реј за весникот „Либерасион“ со наслов „Рамазан во Газа“ во која се прикажува разурнат град и рака што излегува од урнатините. Човек што тешко дише брка глувци и бубачки по улицата. Жена како седи на улица со прегладнето дете до неа и налутено вика кон мажот што трча, велејќи: „Не пред зајдисонце.“

Корисниците на социјалните мрежи оставаа лути коментари под објавата на „Либерасион“ велејќи дека карикатурата ги исмева жителите на Газа што се лишени од основните потреби и хуманитарна помош и се оставени да гладуваат.

Други прашуваа зошто сличен цртеж не е нацртан за тековната руско-украинска војна, а некои пак иронизираа со фактот дека сепак весникот или авторот сепак нема да се соочат со никакви последици и ниту една јавна личност нема да ја осуди оваа објава.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој се загинати речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади врз Појасот Газа загинати се над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според палестинското Министерство за здравство, како што пренесува Агенцијата Анадолу, најмалку 27 лица починале од неисхранетост и дехидрација во Газа поради израелската блокада.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Харис Сулејман

Tags: ГазакарикатурапровокацијаРамазанФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ