• Latest

Панел на ЦИВИЛ: Определбата на ВМРО-ДПМНЕ за ЕУ и НАТО е само декларативна!

January 17, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Панел на ЦИВИЛ: Определбата на ВМРО-ДПМНЕ за ЕУ и НАТО е само декларативна!

January 17, 2017 16:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На панел-дискусијата „Обезглавена Македонија“ која ЦИВИЛ – Центар за слобода ја организираше на 13-ти јануари, учесниците ги изнесоа своите размислувања и на темата „Дали ЕУ и НАТО се сé уште опција за Македонија?“ Панелистите д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и универзитетски професор, д-р Малинка Ристевска Јорданова од Институт за европска политика и Рамадан Рамадани, универзитетски професор и колумнист во неделникот „Фокус“, ги изнеоса своите гледишта за односот на досегашната власт кон евроинтеграциите на Македонија.

Малинка Ристовска Јорданова од Институтот за европска политика, рече дека во македонското општество не постои реална и аргументирана дебата за пристапувањето во Европската унија. Таа смета дека постои само инструментализација на тоа прашање и дека македонското општество не ги зема предвид сите настани кои што се случуваат. Иако декларативно сите партии се за ЕУ и НАТО, преку пораките кои ги испраќаат нивните членови и приврзаници, впечатокот е сосема поинаков.

„Барем според мене, можно е да се очекува дека Американците нема да бидат толку заинтересирани за регионот, како што се надеваа од ВМРО-ДПМНЕ, по победата на Трамп. Како што проценуваат некои од аналитичарите, и поголемото и засилено влијание на Русија во Европа, беше една од надежите на ВМРО- ДПМНЕ… Она што сакам да кажам е дека се сменети условите. Ние сега не можеме да разговараме дали сме за НАТО и ЕУ, како што сме разговарале пред 10 или 15 години, бидејќи ситуацијата таму е многу променета. Не можеме да ветуваме брз пристап во ЕУ, можеби можеме во НАТО. Во ЕУ, тоа секако не е случај. Мислам дека на јавноста треба да ѝ се презентира која е реалната слика… И покрај тоа што во преден план се става, барем декларативно, пристапувањето кон ЕУ и НАТО, важно е владеењето на правото, а реално огромна улога имаат геополитиката и безбедносните прашања. Реално, во следните десеттина-дваесет години, ние не можеме да очекуваме големи промени, или значително забрзување на процесот. Самото членство во ЕУ нема да има таква привлечна моќ, како што имаше досега. Со други зборови, останува многу повеќе на самите нас да се избориме за она што се европски вредности. Доколку и понатаму цениме дека Европската унија, односно, евроатлантските вредности се нашиот пат. А не – да очекуваме некој од страна, да дојде да ни ги сервира или да ни ги даде сите решенија. Ако внимателно анализираме, ќе видиме дека во 2001 и 2002 година, Европската унија и НАТО заедно, имаа многу поединствен глас во Македонија, отколку сега. Сега, имаат многу поголемо разногласие меѓу нив. Затоа што, во меѓувреме, таму се случија многу процеси, не само економската криза, туку и со ре-национализацијата на надворешната политика, државите-членки имаат повеќе улога во надворешната политика, а во однос на Македонија се покажа едно навистина големо разногласие“ рече Ристовска.

„Јас би сакал само кратко да наведам неколку клучни работи кои, со оглед на сите превирања што се случуваат во државата, ние некако, како да ги забораваме. Првата се однесува на НАТО. Како што знаеме, ние сме една од ретките земји која сака да влезе во НАТО, а која, всушност, од сите страни е сардисана од НАТО. Во смисла дека од петте соседи, имаме три соседи во НАТО, четвртиот е Косово, кое е, ете, така да речеме, во сопственост на НАТО, и Србија која е во Партнерството за мир. И ова е еден погоден факт, што ако направиме една хипотетичка ситуација, не 60% – Македонци и 30% – Албанци, туку, и да имаше 60% – Руси и 30% – Турци, пак ние ќе моравме да влеземе во НАТО. Треба да имаме предвид дека, иако НАТО е пред сé, воена организација, сепак, има свои политички цели, кои ние некако, во меѓувреме, ги забораваме“, вели Рамадан Рамадани.

Според Рамадани, Европа не само што е можна, туку и е единствената можна опција за Македонија. И тоа најмногу заради два елемента.

„Ако ние се вратиме на преддржавна конституција на заедништво, тогаш ќе забележиме дека кај најголемите заедници, кај Македонците и Албанците, речиси да нема друг процес кој толку ги обединува и ги става во искушение, освен евроинтеграциите. И овој кохезивен аспект на евроинтеграциите треба да се запази и почесто да се потсетуваме на него. Другиот аспект е дека всушност, копнеењето на Македонија кон евроитеграција во голема мера е копнеење кон правна држава. Знаете, ние имаме огромен број на Македонци и Албанци кои се надеваат дека со влегување во ЕУ, ќе има праведна држава“, изјави Рамадани.

За д-р Сашо Орданоски оптимистичката перспектива на Македонија e да стане членка на Европската унија. Песимистичката е да стане членка на ЕУ, кога со неа ќе претседава Турција.

„Ние немаме друг избор. За нас, ЕУ е помалку важна како дестинација, колку што е важен патот. А тој пат, еве, ние сега имаме шанса да почнеме да го одиме на сериозен начин. Светот влегува во фази кои што се не докрај предвидливи. И во позитивна и во проблематична насока. Јас мислам дека со ова што се случува сега во САД, мислам дека наскоро ќе сведочиме дека пикот на влијанието на Русија е достигнат. Мислам дека ќе видиме една изразита антируска политика од САД, без разлика на тоа што го говори Трамп. Ние сме сите многу импресионирани од тоа, но немојте да заборавите дека во надобар случај, човекот ќе биде претседател еден мандат… Што се однесува до НАТО, ние многу скоро ќе видиме, веќе оваа година, што ќе биде судбината на Македонија и во која насока ќе оди. Овие придвижувања кои НАТО ги прави и кои одат на една нова фаза на конфронтација и одговор на агресивното однесување на Русија, во светот мислам дека е тренд којшто треба да се следи. Од друга страна, не заборавајте, од вчера сме на еден голем чекор поблиску до разрешување на кипарскиот проблем. Ако се случи кипарското прашање да се затвори во наредните недели, и месеци, тогаш спорот со името меѓу Грција и Македонија одеднаш ќе добие друг контекст. И ви гарантирам дека во тој контекст, со промена на Владата, со промената на природата на НАТО и со приоритетот на Македонија да влезе во НАТО, таа работа ќе се придвижи далеку побрзо, отколку ова со Европската унија“ вели Ордановски.

М. Ивановска

Tags: БалканЕУинтеграцииМакедонијаМалинка Ристевска ЈордановаНАТОРамадан РамаданиРусијаСАДСашо ОрданоскиТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ