• Latest

Албански медиуми: Ќе продолжат ознаките „нон –грата“ од САД за албанските политичари; Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар; забележани српски вооружени сили до косовската граница

March 22, 2024

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Ќе продолжат ознаките „нон –грата“ од САД за албанските политичари; Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар; забележани српски вооружени сили до косовската граница

March 22, 2024 10:35
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според американскиот помошник секретар Тод Робинсон, на САД им е јасно дека нон-грата ознаките на Стејт департментот треба да продолжат за сите оние политички или подземни експоненти кои се впуштаат во коруптивни практики.

Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар во Косово, додека следната недела повторно ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за опциите.

АЛБАНИЈА

Перископи: Американскиот помошник секретар вели дека ќе продолжи со „нон грата“ за корумпираните во Албанија

Според американскиот помошник секретар Тод Робинсон, на САД им е јасно дека нон-грата ознаките на Стејт департментот треба да продолжат за сите оние политички или подземни експоненти кои се впуштаат во коруптивни практики.

Робинсон ја истакна безусловната поддршка на Специјалното обвинителство на СПАК во борбата против корупцијата на високи нивоа и ја означи како „фантастична“ работата на обвинителите во високото истражно тело, што тој самиот ја смислил, пренесе Перископи.

Досја: Одобрена е Националната стратегија за социјална заштита 2024-2030 година, се планира да се потрошат 2,3 милијарди евра за ублажување на сиромаштијата

Трошоците за имплементација на националната стратегија за социјална заштита за периодот 2024-2030 година се проценуваат на 2,3 милијарди евра, при што 96% од сумата низ годините ќе се покрива од државниот буџет.

Одлуката „За одобрување на Националната стратегија за социјална заштита 2024-2030 година и акциониот план за нејзино спроведување“ е објавена во Службен весник. Преку него е насочено кон ублажување на сиромаштијата на секој поединец на потреба и подобрување на условите за живот на лицата со попреченост преку поддршка со финансиски шеми.

Оваа стратегија, меѓу другото, има за цел и проширување на социјалните услуги и консолидација на процесот на децентрализација на службата за социјална заштита за стабилно финансирање и проширување на географската покриеност, пренесе Досја.

КОСОВО

Сури: Денеска истекува рокот кога Косово и Србија треба да излезат со предлози за решавање на проблемот со динарот

Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар во Косово, додека следната недела повторно ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за опциите.

Двете страни на средбата на ниво на главни преговарачи што ја имаа во вторник, се обврзаа до 22 март да ги достават своите предлози за решавање на прашањето за користењето на српскиот динар на Косово, пренесе Сури.

РТВ 21: Српски вооружени сили се приближуваат кон Косово

Косовскиот премиер Албин Курти објави видео со српски вооружени сили се блиску до границата со Косово, пренесува ТВ21.

Курти  потсети на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ каде јавно му се закануваше на Косово. Во меѓувреме, тој информира дека во текот на денот се видени воени единици и ги уверува граѓаните дека со зголемено внимание ја следат состојбата.

КОЛУМНА

Коха: Моќта на зборовите

„Две децении по војната, малку нешта се променети во Србија. Политичкиот наратив на денешното српско раководство се разликува само по нијанси од вокабуларот од 90-тите. Ако нешто научивме од трагедиите во 90-тите, тоа е дека по воинствените зборови на српските лидери, самиот воен чин не чека долго.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната “Моќта на зборовите“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ