• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Дванаесетти ден предизборна кампања; Предизборни услови за гласови во вториот круг; Претседателски кандидати во парламентарна кампања

April 15, 2024
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Дванаесетти ден предизборна кампања; Предизборни услови за гласови во вториот круг; Претседателски кандидати во парламентарна кампања

April 15, 2024 15:40
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата за претседателските избори на Република Северна Македонија, што ќе се одржи на 24 април, влезе во дванаесеттиот ден. Кандидатите продолжуваат со собирите во општините низ целата земја, но и со учество на телевизиски интервјуа и изјави пред граѓаните.

Пендаровски: Во развиениот свет се влегува преку договор со првите комшии

„Нема друг начин да влезете во развиениот свет отколку да се договорите со првите комшии, па после да размислувате за интеграција во пошироките организации“, рече меѓу другото претседателскиот кандидат Стево Пендаровски,  на митингот во Крива Паланка.

Стево Пендаровски, канидат за претседател на РСМ

Пендаровски посочи дека првата крупна работа е тоа што пред  четири години влеговме во најмоќната воена организација во историјата на човештвото, НАТО, со тоа добивме тапија за територијалниот интегритет и суверенитет на државата и секој нејзин граѓанин.

Силјановска Давкова: Не прифаќајте диктати од соседи

„Немаме ништо против уставни измени со кои ќе се гарантираат европските стандарди во сите области, ама ве молиме, немојте да прифаќате диктати од соседи што се спротивни на европските вредности и на европското уставно право, бидејќи ние ќе го браниме европското уставно право. Не можам едно да им предавам на студентите за европското уставно право“, а друго да правам во реалноста, рече кандидатката Гордана Силјановска Давкова, на митингот во Кисела Вода.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка

Димитриевски: Бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ за мене се неприфатливи

„Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ за мене се неприфатливи, бидејќи го подриваат фундаментите на кој почива Охридскиот рамковен договор, за кој сметам дека е 100% реализиран“, рече во интервју за белградскиот весник „Политика“ претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски, кандидат за претседател

Ванковска: Мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци

Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација.

Билјана Ванковска, кандидатка за претседателка – Левица

Бујар, како што рече, е една чудна ѕверка која размислува дали да се кандидира за европски претседател или да се кандидирал за генерален секретар на НАТО.

Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци, порача претседателската кандидатка, Билјана Ванковска.

Јакимовски: Во ова тешко време многу е важно кој ќе биде врховен командант

“На 1 200 километри јужно од нас и на 1 200 километри воздушна линија северно од нас се одвиваат страшни војни. Тоа јасно покажува дека живееме во тешко време и многу е битно кој ќе биде врховен командант на оружените сили на Република Македонија, зашто за многу кратко време може да се случи да влеземе во страшна војна, зашто во 2013 година на тлото на Европа, НАТО немаше ниту еден тенк, денеска се преку 3000 тенкови“, рече кандидатот за претседател Стевче Јакимовски.

Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател

Предизборни услови за втор круг

Министерот за политички систем, Артан Груби во интервју изјави дека ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори, доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, на онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

„Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?“, соопштија од тимот на Пендаровски.

ОД ВМРО-ДПМНЕ овој услов на ДУИ го нарекоа уцена на Артан Груби.

Претседателски кандидати во парламентарна кампања

Претседателските кандидати Бујар Османи и Гордана Силјановска Давкова деновиве се расправаа околу повикот на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните, да им дадат 61 пратеник. Овој повик кандидатот на Европскиот фронт го нарече нај-националистички.

На ова преку социјалната мрежа Твитер возврати Давкова која „интергративците“ ги нарече криминалци.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ: СТОП за злоупотреба на деца во изборна кампања!

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на изборната кампања од речиси сите кандидати во трката за претседател на Република Северна Македонија.

Злоупотреба на деца во избона кампања / Фотомонтажа: ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневнополитичките случувања.

ИНИЦИЈАТИВА НА ЦИВИЛ –„ Ти одлучуваш. Гласај!“

Иницијативата на ЦИВИЛ носи наслов „Ти одлучуваш. Гласај!“ и обединува голем број јавни личности, јавни интелектуалци, уметници, универзитетски професори и активисти кои пред камерите на ЦИВИЛ говорат за важноста на гласањето и ги повикуваат граѓанките и граѓаните да излезат на гласање и да гласаат слободно и по сопствен избор.

Интересна новина е алатката за планирање на гласањето. Таа има цел да им помогне на граѓанките и граѓаните да го планираат своето гласање.

ЦИВИЛ ја лансира веб страницата ГЛАСАЈ. На оваа веб страница се објавуваат релевантни вести и информации за изборите, линкови до официјални извори, како и текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси.

Подготви: Д. Тахири во соработка со ЦМТ

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ