• Latest

Изборниот молк во тек, што предвидува законот за негово прекршување?

May 7, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборниот молк во тек, што предвидува законот за негово прекршување?

May 7, 2024 12:08
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од вчера на полноќ (6 кон 7 мај) започна изборниот молк за претседателски и парламентарни избори 2024, кој ќе трае до утре, 8 мај, ден на избори, до 19 часот кога ќе затворат избирачките места.

За време на изборниот молк се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување.

Според Изборниот законик, член 76-б, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Изборен законик, член 76-б

(1) За време на изборниот молк, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување
на учесниците во изборна кампања.
(2) Радиодифузерите и за време на изборниот молк продолжуваат да известуваат за изборниот
процес на денот на гласањето.
(3) При известувањето во деновите на изборниот молк, ќе се смета дека медиумите го прекршиле
изборниот молк доколку емитуваат, односно објават: какви било информации, фотографии,
аудио и аудио-визуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите;
какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на
нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои го
откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или
други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од
учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии, и од носители на
функции во органите на власта.

Во изборен законик за прекршување на изборникот молк се предвидува глоба од 4000 евра.

Изборен законик, Член 182

(1) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на
радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал) ако:-

– го прекршат изборниот молк (член 76-б).

(2) Глоба во износ од од 30% од одмерената глоба на радиодифузерот, печатените медиуми и
електронските медиуми (интернет порталите) ќе му се изрече и на одговорното лице на
радиодифузерот, печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет порталот) за
прекршокот од ставот (1) на овој член.

Б. Ј.

Tags: изборен молкизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ