• Latest

24 ЧАСА: ДКСК отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ; Казахстан одби да се приклучи на БРИКС; Колегиум на ЦИВИЛ – отворено за сите актуелни теми

October 22, 2024

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДКСК отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ; Казахстан одби да се приклучи на БРИКС; Колегиум на ЦИВИЛ – отворено за сите актуелни теми

October 22, 2024 17:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Државната комисија за спречување корупција, отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет и веќе се постапува.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Прво издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна платформа: Отворено и остро за сите актуелни теми

ПОЛИТИКА

Експлозивно откритие на БГНЕС: Главниот советник на македонската претседателка Силјановска, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија

Отворениот противник на вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, објави БГНЕС. Даскаловски е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Тој доби бугарско државјанство по бугарско потекло во 2003 година, пасошот го обнови во 2022 година.

РЕГИОН

Босна и Херцеговина мора да биде во постојана готовност поради малигното руско влијание, а наводите за обука на лица кои требаше да предизвикаат немири во Молдавија за време на минатонеделниот референдум и претседателските избори треба да бидат темелно истражени, предупреди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.

СВЕТ

Путин, домаќин на самитот на БРИКС во Русија, бразилскиот и кубанскиот лидер го откажаа присуството,  Казахстан одби да се приклучи, а Русија веднаш одговори со забрана за увоз на овошје и зеленчук.

Според Набљудувачката мисија на ОН, септември е најсмртоносниот месец за украинските цивили во 2024

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на својата сметка на Х објави дека според последниот извештај на Набљудувачката мисија на ОН,септември стана најсмртоносен месец за украинските цивили во 2024: најмалку 208 цивили загинаа (46% од нив беа постари од 60 години; меѓу кои 9 деца), 1.220-повредени. Руските злосторства против украинските воени и цивилни заробеници бараат посебно внимание.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за функционерите со бугарски и други пасоши?

ГОВОР НА ОМРАЗА

Јавното обвинителство по 9 месеци одлучи дека заканата со „куршум“ за Дерала е „новинарско препукување“, продолжија повиците за „метак у глава“ – „Има ли некој да му стави метал на Дерала?“, гласи коментарот со повик за насилство на очигледно лажниот профил со името „Мирослава Симоновска“ на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, под текстот „Унгарија влегува во Северна Македонија со телекомуникациите преку 4iG Групацијата“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„По ова на Мицкоски од Салзбург и неговото “супер Преспански” и, аналогно на тоа, како што и тој самиот упатува, на таа основа да се преслика и Бугарскиот, некој сега и нему и на неговиот демагог од МНР, треба да им појасни дека едната тема, темата “Преспански”, е тема на ООН, а втората тема, темата “Бугарски”, е тема на ЕУ па, еве, во една реченица, малку ука која сака да појасни дека разликата меѓу статусната позиција на ООН и статусната позиција на ЕУ, како што вели и народната, е разлика како меѓу Бог и Шеширџија…“, пишува Зоан Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС во „Збунка“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: АнтикорупцискаБРИКСЖидас ДаскаловскиКолегиумУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ