• Latest
Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Под огнот на омразата: Борбата за слобода, вистина и човекови права продолжува

October 24, 2024

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Под огнот на омразата: Борбата за слобода, вистина и човекови права продолжува

October 24, 2024 12:11
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Повод за овој текст не се нападите и заканите против мене, туку храбрите луѓе кои излегоа јавно со коментари и пораки во моја одбрана.

Кога минатата година, во декември, добив директна закана по мојот живот, мене ми беше јасно од каде доаѓа тоа. Ми беше јасно точно кој стои зад заканата и како е поврзан со центрите на моќта. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ откри и повеќе детали и тоа го објави во извештај. Тимот отиде и еден чекор понатаму, па случајот го пријави во МВР и поднесе пријава до Јавното обвинителство. Тогаш, во декември, еден од најблиските членови на моето семејство ми рече дека ќе појде кај човекот што стои зад заканата да го понуди својот живот, за да ме поштеди мене. Можете да претпоставите кој во семејството може да каже такво нешто.

Малку е да се каже дека е непријатно да се живее со мета на грбот. Мета кон која стрелаат „црните тројки“ на пропагандата на радикалните националисти (сите), ултрадесничарите, антизападните и проруските оперативни центри на влијание. Нападите се секојдневни. Чиста омраза и навреди, многу често вулгарни. И многу лаги, ноторни лаги.

Неретко, во нападите има и директни закани со убиство или повици за егзекуција со стрелање, бесење, палење… И така секој ден. Интересно е тоа што голем дел од нападите се добро организирани. Иако на прв поглед се чинат како да ги напишал полуписмен човек, наративите што стојат зад тие пораки се внимателно осмислени. Неретко, нападите се напишани со кодиран јазик. Тоа е јазик со кој најчесто се користат новинарите, водителите и јутуберите, и се состои од навидум неутрални изрази и термини, но кои имаат длабоко негативно значење, а со кои ја наведуваат публиката кон одредени заедници или доведуваат одредени луѓе во врска со тие заедници, за кои, пак, се формирани стереотипи и предрасуди.

Ако ја погледнете содржината на тие пораки, ќе речете дека се противречни едни на други, но треба да се знае дека различни пораки се упатуваат на различни „меури“ во кои се наоѓаат луѓето. Не сите ги следат сите канали на комуникација, туку секој се определува за еден или неколку извори што се совпаѓаат со интересите, убедувањата и ориентацијата на секој поединечен корисник. Но тоа се веќе добро познати работи.

Тоа што сакав посебно да го истакнам во овој текст е дека – по девет месеци (!) – Јавното обвинителство одговори на пријавата за заканата по мојот живот со следните зборови: „се утврди дека објавениот коментар од лицето Александар Антиќ било новинарско препукување, без конкретна намера и цел да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот, Џабир Дерала, како и поради недостигот на докази за точната ИП адреса од каде е објавен коментарот, наоѓам дека, нема место за јавно обвинителско постапување“ (внесов минимални правописни исправки, оригиналот може да се погледне на овој линк, каде што е и извештајот од ЦИВИЛ Дезинфо мониторинг тимот – ЦДМТ).

Овде сакам да им се заблагодарам, пред сè, на сите мои колешки и колеги од ЦИВИЛ, за нивната самопрегорна работа во одбрана на човековите права и слободи, што ги прави и мои бранители. По оваа тревожна одлука на Јавното обвинителство, девет месеци по пријавата (!), со јавни коментари се појавија и проф. Емилија Целакоска, Прволинијашот (Фронтлајн) Јане Ѓорѓиоски и новинарскиот ветеран Зоран Иванов.

„Обвинителот и обвинителството си се само погодија со истиот оној куршум со кој заканувачите пукаа на Џабир“ напиша Зоран Иванов во ЦивилМедиа.

„Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала“ гласи насловот на коментарот на проф. Целакоска, пренесен во ЦивилМедиа.

„Кога куршумот кај и да е ќе те стигне според ОЈО е новинарско препукување“ напиша Јане Ѓорѓиоски во Фронтлајн.

„Одбрана на човековите права и слободата на говор во услови на растечки авторитаризам во Северна Македонија: Случајот на Џабир Дерала“ е насловот на анализата од Хедер Роберсон од Универзитетот Вирџинија, САД.

Сакам да им се заблагодарам најискрено и од срце.

Им благодарам и на сите што во пораки, јавувања и средби ја искажаа својата солидарност.

Горд сум и благодарен на Асоцијацијата на Југоисточна Европа од Германија која ми ја додели Наградата за солидарност 2024 за новинари од Југоисточна Европа.

Горд сум и благодарен и за Орденот за заслуги што ми го додели од Претседателот на Украина, Н. Е. Володимир Зеленски, во 2023 година, за мојата борба против руската воена пропаганда.

Му благодарам и на моето семејство и пријателите кои секогаш имаат разбирање, поддршка и добар збор за мене.

Немам зборови со кои таа благодарност можам целосно да ја изразам.

Ако куршумот некогаш и ме стигне, знам дека ќе заминам со исправена глава и гордо. Без оглед на можеби смешната поза на мртвото тело што ќе бидам насилно принуден да го напуштам. Со себе ќе понесам насмевка и топлина, бидејќи знам дека не сум сам. Борбата ќе продолжи. Тоа е борба за слобода, правда и правичност, вистина, човекови права и слободи… И не се сомневам: Ние ќе победиме!


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразаЈавно обвинителствоМВРподдршкасмртни заканисолидарност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ