Рускиот ракетен терор продолжува. Агресорот, соочен со постојани неуспеси на бојното поле во војна што требаше да трае само три дена, а трае три години, со несмалена жестина ги гаѓа невините цивили и нивните живеалишта и инфраструктурни објекти. На два дена пред црниот јубилеј од 1000 дена руска целосна агресија против Украина, украинската амбасадорка, Лариса Дир, напиша:
Ден 998. Во текот на неделата, рф употреби против Украина повеќе од 140 ракети, 900 наведувани авионски бомби и 600 дронови. Стратегијата на рф – терор. Стратегијата на Украина – да ги собори руските ракети и дронови. Стратегијата на партнерите – да ја поддржуваат Украина.
#RussiaIsATerroristState
Ден 998.
Во текот на неделата,рф употреби против Украина повеќе од 140 ракети, 900 наведувани авионски бомби и 600 дронови.
Стратегијата на рф – терор.
Стратегијата на🇺🇦–да ги собори руските ракети и дронови.
Стратегијата на партнерите–да ја поддржуваат🇺🇦#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/nSm90Ojjoi— Larysa Dir (@dir_larysa) November 17, 2024
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето видео обраќање објавено на Телеграм, го повика светот на обединување. Нам ни е потребно единство, на светот му е потребно единство. Само заедно можеме да го запреме ова зло“, рече претседателот Зеленски.
Џ. Д.