• Latest

Коментар на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за резултатите од изборите за составот на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје

November 27, 2024

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Коментар на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за резултатите од изборите за составот на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје

November 27, 2024 15:36
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 26 ноември 2024 година, во Хаг (Кралство Холандија), се одржаа изборите за составот на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје за периодот 2025–2027 година.

Како резултат на изборите, Република Северна Македонија и Чешката Република беа избрани за членки на Извршниот совет на оваа Организација.

Од Источноевропската група, до моментот на изборите, беа предложени три држави (за две места): Република Северна Македонија, Чешката Република и Руската Федерација.

Важна задача за меѓународната заедница беше (и продолжува да биде) спречувањето на изборот на РФ во составот на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

РФ не успеа да стане дел од Извршниот совет на Организацијата.

Државата-агресор РФ, која употребува муниција што содржи опасни хемиски супстанции, вклучувајќи хлорпикрин и други отровни материи, спротивно на Конвенцијата за забрана на развој, производство, складирање, употреба на хемиско оружје и за негово уништување, не може да биде дел од раководните органи на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Украина секојдневно евидентира и документира факти за кршење на нормите на меѓународното право, законите и обичаите на водење војна од страна на РФ, особено одредбите од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

Фактите за руските прекршувања Украина ги доставува до Техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Генералното собрание на ОН реагираше на прекршувањата на РФ со донесување на Резолуција на 5 ноември 2024 година за имплементација на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје. Во резолуцијата, меѓу другото, се повикува Организацијата за забрана на хемиското оружје да биде подготвена да ги истражи прекршувањата на РФ на одредбите од оваа Конвенција.

За Резолуцијата на Генералното собрание на ОН гласаа 155 држави, 16 се воздржаа, а само 9 гласаа против, што укажува на тоа дека светот ги осознава последиците од можната употреба на хемиско оружје и знае кој е директниот прекршувач на Конвенцијата и Повелбата на ООН.

Следна задача за меѓународната заедница треба да биде привлекување на РФ кон одговорност преку механизмите на Организацијата за забрана на хемиското оружје за употребата на хемиско оружје и хемиски средства за справување со немири како метод на водење војна против силите за безбедност и одбрана на Украина.

Високо го цениме придонесот на Северна Македонија во развојот и заштитата на меѓународното право, како и професионалната, ефикасна и координирана работа на македонскиот дипломатски тим.


Поврзана содржина: Коментар на Амбасадорката на Украина Лариса Дир по повод на усвојувањето на резолуцијата од Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за имплементација на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје (ЛИНК)

Tags: руска агресијаХагХемиско оружје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ