• Latest

Јавно мислење: Неспроведувањето на реформите е главна причина за застојот во евроинтеграциите!

February 17, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јавно мислење: Неспроведувањето на реформите е главна причина за застојот во евроинтеграциите!

February 17, 2017 16:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сé поголем број на граѓан(к)и сметаат дека главна причина зошто Македонија сé уште не е дел од Европската унија, е неостварувањето на домашните реформи. Истовремено, се намалува процентот на оние кои сметаат дека причина за застојот во евроинтеграциите се соседните држави кои го попречуваат влезот на Македонија во ЕУ. Ова го покажуваат податоците од „Анализата на јавното мислење на македонскиот процес на пристапување кон Европската унија (2014-216)“, подготвена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје.

Анализата е лонгитудинална и ги споредува податоците добиени од истражувањето спроведено во септември 2014-та, со тие од ноември 2016-та година. Податоците покажуваат и дека се зголемува бројот на граѓани кои сметаат дека Македонија не е подготвена за влез во ЕУ.

Поддршката за членство во Европската унија бележи тренд на опаѓање, од 80% во 2014-та, на 77% во 2016-та година.

„Сепак, поддршката продолжува да биде голема, и падот од 3% е очекуван со оглед на стагнацијата на пристапниот процес“, смета д-р Иван Дамјановски, истражувач во ИДСЦС. Тоа значи дека намалувањето на процентот не зависи од евроскепитицизмот кој владее во Европа и од политичката криза во земјата.

„Поддршката за членство на Македонија во ЕУ, не се заснова на очекувања за лични и материјални придобивки, туку на антиципација на идните општествени и економски придобивки од членството во ЕУ. Мнозинството на граѓани сметаат дека процесот на пристапување во ЕУ ќе има позитивен придонес кон зајакнување на владеењето на правото“, вели Дамјановски.

„Потребата од емпириски податоци, за да не се шпекулира во јавноста по однос на прашањата кои се однесуваат на перцепцијата за Европската унија, е целта поради која ИДСЦС ги прави овие истражувања“, изјави Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС.

Презентираните анализи се спроведени во соработка со германската Фондација „Конрад Аденауер“, како дел од активностите за поддршка на развојот на демократските процеси, преку промоција на креирање на политики базирани на истражување.

Марија Теговска

Tags: анализаанкетаЕУИДСЦСКАСМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ