• Latest

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

April 15, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро во куќниот притвор – САД со осуда

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

Подетален преглед на публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“

April 15, 2025 13:39
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ДЕМОКРАТИЈА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По објавувањето на интернет, значајната публикација „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“ сега е достапна и во печатена форма. Овој документ од 200 страни обезбедува храбри препораки за политики, критички согледувања и глобален повик за акција за демократијата во време на војна, национализам и авторитаризам.

Публикацијта претставува најсеопфатниот резултат од Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во Скопје на 11–12 декември 2024 година. Истата ја одразува колективната работа на Иницијативата за одбрана на демократијата, формирана по настанот.

Дизајнирана и како референца и практична алатка, публикацијата го поддржува развојот и спроведувањето на национални и меѓународни стратегии за спротивставување на авторитарните закани, зајакнување на демократската отпорност и промовирање на човековите права.

Подетален преглед на публикацијата

Дел I – Препораки за политики: Опфаќајќи десет тематски делови, ова поглавје обезбедува суштински контекст, детални препораки и конкретни чекори, мерки и активности. Насочено е на политички лидери, актери од граѓанското општество, академци и агенти на промени.

Дел II – Гласови од конференцијата: Презентирајќи ги главните обраќања од истакнати европски и американски лидери и мислители, овој дел го доловува духот и интелектуалната основа на иницијативата.

Дел III – Активности и документирање: Овој дел ја документира агендата на конференцијата, работилниците, ангажманите со печатот и настаните за вмрежување. Вклучува презентација на изложбата Одбрана на демократијата: 25 години ЦИВИЛ и нуди ресурси за континуирано учење и застапување.

Водечките принципи на Иницијативата за одбрана на демократијата, одразени низ публикацијата, вклучуваат:

  • Обнова на политичката култура заснована на демократските вредности
  • Спротивставување на авторитаризмот, крајно десничарскиот екстремизам и националистичкиот радикализам
  • Поддршка на независните медиуми и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и хибридните закани
  • Застапување стратегии за запирање на руската агресивна војна против Украина и заштита на глобалниот мир и демократија

Публикацијата е достапна и во дигтален и во печатен формат. Достапна е онлајн во лесно читлив формат што може да се преземе под „Creative Commons 4.0 International License“, a одбрани печатени примероци се дистрибуираат на клучните институции, носители на одлуки, медиуми и меѓународните партнери.

Прочитајте ја публикацијата онлајн

Media Dialogue (Germany)
Defending Democracy
CIVIL MEDIA
Civil Today
Drejt
Green CIVIL

За проектот

Публикацијата е дел од проектот поддржан од Владата на Северна Рајна–Вестфалија и спроведен од меѓународниот конзорциум:

  • Младите за медиумите и Медиа Дијалог (Германија)
  • ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија)
  • Нов европски граѓански форум (Брисел)

Овие организации се ко-основачи на Иницијативата за одбрана на демократијата, посветена на спротивставување на антидемократските сили и градење сојузи за демократска трансформација и човекови права ширум светот.

Основачите на Иницијативата за одбрана на демократијата ги покануваат институциите, медиумите, граѓанското општество и поединците да ја истражат публикацијата, да ја споделат нејзината порака и да станат дел од глобалното движење за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – заедно, можеме да ја одбраниме демократијата и човековите права.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Одбрана на демократијата и човековите права“ПубликацијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ