„Кога ќе се осврнеме на Договорот од Пржино, ќе видиме дека тој беше напорен процес, но доведе до решение. Од него сè уште треба да се исполнат одредени работи, пред сè, реформските приоритети. Се надеваме дека следната влада ќе се посвети на исполнување на реформите “, изјaви денеска евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.
Жбогар се осврна и на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.
„Правото на мирни протести е неприкосновено, сé додека тие се мирни и нема напади врз новинари или говор на омраза. Потребно е политичарите да слушнат што имаат да кажат демонстрантите, но одлуките не се носат на улица, туку во институциите“, вели Жбогар.
Во врска со најавите за посета на Јоханес Хан во Скопје, следната недела, евроамбасадорот изјави дека посетата не е официјално потврдена, но дека Брисел е заинтересиран за тоа што се случува во Македонија.