Тимови на ЦИВИЛ – Центар за слобода, изминативе денови посетија неколку општини во Република Македонија и имаа средби со граѓанките и граѓаните, и со локални активисти. Продолжениот работен викенд ЦИВИЛ-ите успешно го поминаа во општините Битола, Струга, Охрид и Вевчани.
Додека еден од тимовите на ЦИВИЛ анкетираше и снимаше на улиците на Струга, Вевчани и Охрид, вториот тим го одржа регионалниот семинар за граѓанско новинарство во Струга.
ЦИВИЛ на терен ги слушна проблемите на граѓан(к)ите и нивните ставови и размислувања за актуелната политичка, безбедносна и економска ситуација во државата.
Д. Муратов