• Latest

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
Фото: Скриншот од Viory video

Над 80 сандаци со нацистички материјали пронајдени во подрумот на највисокиот аргентински суд

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025 14:51
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Препораки и политики (Трет дел)

Контекст

Лажните поими за рамнотежа и неутралност станаа алатки на манипулација, често заменувајќи ги вистинската објективност и етичкото новинарство. Кога медиумите, граѓанските организации (ГО) и тинк-тенковите ги прифаќаат овие погрешни концепти, тие создаваат простор за дезинформации и малигни влијанија за ширење на непроверени. Овој концепт на „лажна рамнотежа„ се манифестира кога медумите претставуваат спротивставени гледишта во обид да изгледаат објективни, но притоа, тие ненамерно даваат еднаква тежина на штетните, лажни и екстремистички ставови. На пример, во контекст на глобалните конфликти, како што е војната на Русија против Украина, некои медиуми ги третираат неоснованите руски тврдења и наративи или воената пропаганда поддржана од државата како легитимни гледишта, со тоа претставувајќи искривена слика за состојбата. Ова ја поткопува способноста на јавноста да ги разликува фактите од фикција и ја замаглува линијата помеѓу вистината и манипулацијата.

Понатаму, широкораспространетото прифаќање на лажната рамнотежа приднесува кон нормализација на екстремистички и маргинални идеологии. Со подеднакво покривање на дезинформациите заедно со проверените факти, медиумите ненамерно ја валидираат штетната реторика, што им отежнува на граѓаните да прават разлика помеѓу веродостојни извори и оние со скриени мотиви. Овој пристап ја намалува довербата во професионалното новинарство, бидејќи ги става легитимните гласови на несогласување на истата платформа со штетните и непроверените тврдења. На крајот, ова создава средина каде вистината е замаглена, а јавното мислење станува сé повеќе подложно на дезинформациски кампањи. Наместо да се прифати неутралноста на сметка на фактите, објективноста мора повторно да се потврди како заложба за интегритет, транспарентност и одбрана на демократските вредности.

За ефикасно спротивставување на растечкиот бран на дезинформации, од суштинско значење е да се усвои попринципиелен пристап кон медиумското известување и вклучувањето на граѓанското општество. Граѓанското општество и медиумските актери мора да го отфрлат погрешниот поим за лажна рамнотежа и да ја приоритизираат фактичната точност и одговорност. Ова значи отфрлање на лажната еквивалентност помеѓу легитимнaта критика и штетната пропаганда, осигурувајќи дека сите тврдења се проверуваат врз основа на потврдени докази. Само со враќање на посветеноста на вистината и етичкото новинарство демократските институции и процесите може да бидат заштитени од растечкиот бран на авторитаризам, екстремизам и манипулација.

Препораки

Да се зајакнат граѓанското општество и медиумските актери. Граѓанското општество и медиумските актери со експертиза за спротивставување на странските малигни влијанија и хибридните закани мора да бидат зајакнати за да го споделат своето знаење, методологии и обука со други организации и медиуми за зајакнување на демократската отпорност.

На пример, организации кои успешно се спротивставиле на руските дезинформации во Источна Европа би можеле да соработуваат со колегите во други региони и низ Европа и пошироко кои се соочуваат со слични предизвици, обезбедувајќи обука за идентификување и разоткривање на лажни наративи. 

Да се реформираат стратегиите за финансирање: Донаторските заедници мора да ги преиспитаат своите стратегии за финансирање за да се осигура дека поддршката ќе стигне до организациите што се вистински посветени на демократските принципи. Ова вклучува осигурување дека финансиските средства се насочени кон независни медиуми и граѓански организации кои се фокусираат на известување засновано на факти и ги поддржуваат демократските вредности, наместо оние кои произведуваат површни и вештачки резултати. Посветеноста за транспарентност и отчетност во финансирањето би била клучна за избегнување ненамерно легитимирање на штетни наративи или организации кои ја поткопуваат демократијата.

Еден од клучните чекори би бил префрлањето на финансирањето од организации кои пропагираат лажна рамнотежа на оние кои се посветени на проверка на факти и иницијативи за медиумска писменост. 

Да се отфрли лажната рамнотежа и да се зајакнат демократските рамки: Со отфрлање на манипулативните поими за лажна рамнотежа и неутралност, граѓанското општество и медиумите може да станат поефективни во одбраната на демократијата и вистината. Медиумите мора да усвојат јасни етички стандарди кои им даваат приоритет на точноста и интегритетот наспроти перципираната неутралност. Ова може да се постигне со поставување на уредувачки насоки кои експлицитно ја отфрлаат лажната еквивалентност во известувањето.

Од руската целосна инвазија на Украина во 2022 година, некои медиуми во западните земји ја претставија руската државна пропаганда како легитимни гледишта, создавајќи погрешна „рамнотежа“. Наместо тоа, таквите медиуми мора да дадат приоритет на проверените информации и критички да ги испитаат сите извори за да се избегне овозможувањето на манипулација.

Да се поттикне медиумска писменост и критичко размислување: од суштинско значење е да се поттикнат програми за медиумска писменост во ширoк обем за да се едуцира јавноста за тоа како да се разликуваат веродостојни информации од дезинформации. Овие програми треба да бидат интегрирани во училишната настава, обуката на работното место и кампањите за подигање на јавната свеста, со фокус на препознавање дезинформации и разбирање на нивното влијание врз демократските процеси. Едукативните иницијативи кои конкретно се однесуваат на методите на хибридното војување и пропаганда може да ги опремат поединците со алатки што им се потребни за критички да ги оценат изворите на вести и да се спротивстават на злонамерното влијание.

Со оглед на глобалната природа на кампањите за дезинформации, меѓународната соработка е неопходна за борба против ширењето на штетни наративи. Граѓанското општество, медиумските организавии и владите треба да создадат платформи за споделување најдобри практики и координирање на напорите за борба против пропагандата, како што се преку меѓунардни коалиции на проверувачи на факти, независни новинари и експерти за дигитална безбедност.

Конкретни чекори, мерки и активности

  1. Зајакнување на улогата на медиумите и граѓанското општество во спротивставувањето на дезинформации
  • Да се отфрлат лажната рамнотежа и неутралноста со реафирмирање на објективноста како посветеност на вистината, професионалната етика и известувањето засновано на факти.
  • Да се развијат и промовираат стандарди за етичко новинарство кои активно се спротивставуваат на дезинформациите додека ја поддржуваат точноста и правичноста.
  • Да се разоткријат и дискредитираат малигните наративи преку истражувачко новинарство, иницијативи за проверка на факти и стратешки кампањи за спротивставување на дезинформациите.
  • Да се поттикне соработка помеѓу медиумите и граѓанското општество за да се развијат програми за обука кои ги подобруваат вештините во идентификувањето и разоткривањето на лажни наратвиви.
  • Да се користат нови технологии како што се вештачка интелегенција и машинско учење за идентификување и борба против нови форми на дезинформации и хибридни закани.
  • Да се поддржат програми за медиумска писменост што ги опремуваат граѓаните со алатки за критички да се вклучат во дигиталната содржина и да идентификуваат манипулативни наративи.
  1. Реформирање на ангажманот на донаторите и поддршка за граѓанското општество и медиумите
  • Да се даде приоритет на финансирање на организации кои имаат докажано искуство и вистинска посветеност во борбата против дезинформациите, хибридните закани и странските малигни влијанија.
  • Да се осигура инклузивност во одлуките за финансирање со препознавање на организации кои активно се справуваат со историското угнетување и конфликти наместо оние кои зајакнуваат лажна неутралност.
  • Да се воспостават механизми за отчетност за проекти финансирани од донатори за да се спречат вештачки резултати и да се осигура вистинско влијание во спротивставувањето на дезинформациите.
  • Да се развијат критериуми за финасирање кои ја препознаваат автентичноста и етичките стандарди во граѓанското општество и медиумски иницијативи.
  • Да се промовираат долгорочни одржливи модели на финансирање за граѓанските организации за да се осигура дека напорите за спротивставување на дезинформациите не се краткотрајни, туку присонесуваат кон трајна демократска отпорност.
  • Да се поддржат меѓусекторски партнерства кои вклучуваат влади, меѓународни тела и приватни сектори во финансирањето и спроведувањето иницијативи за спротивставување на дезинформациите.
  1. Подобрување на споделувањето на знаење и градење капацитети
  • Да се поддржат експерти за граѓанско општество и медиуми во развивање на методолоии, алатки и програми за обука за спротивставување на хибридните закани.
  • Да се олесни прекуграничнaта размена на знаење меѓу организациите искусни во спротивставувањето на малигни влијанија.
  • Да се поттикне создавањето на специјализирани истражувачки центри и тинк тенкови посветени на проучување и борба против хибридните закани.
  • Да се промовираат партнерства помеѓу академијата, граѓанското општество и медиумите за да се развијат пристапи водени од податоци за да се спротивстави на дезинформациите.
  • Да се развијат интегрираат регионални и глобални мрежи на експерти и практичари посветени на споделување најдобри практики и ресурси за спротивставување на дезинформциите.
  • Да се поддржи создавањето на дигитални платформи за споделување во реално време на истражување, најдобри практики и студии на случај за спротивставување на хибридните закани.

 


Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Одбрана на демократијата и човековите права“граѓанско општествоМедиумиотпорностПубликацијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ