• Latest

Неефикасна правна заштита на човековите права!

March 28, 2017

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неефикасна правна заштита на човековите права!

March 28, 2017 14:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Основните судови во Македонија се воздржуваат по прашања кои се однесуваат на заштитата и повредата на човековите права. Кога се одлучува во однос на пријави за дискриминација по различен основ, слобода на изразување, работнички права… , за судовите како да е најлесно – да не донесат одлука, или да донесат одлука без образложение! Ова е еден од заклучоците сместени во Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Република Македонија во 2016 година, подготвен од Македонското здружение за млади правници-МЗМП

Во текот на минатата година, Македонското здружение за млади правници – МЗМП работело на неколку различни категории на повреда на човековите права: дискриминација на Роми, дискриминација кон работнички поради бременост, дискриминација по основ на политичка (не)припадност, пристап до слободно и фер судење, слобода на изразување, заштита н лични податоци и социјална и здравствена заштита.

Гоце Коцевски

„Дискриминацијата врз Роми на граничните премини од граничните служби, продолжи и во 2016 година. Ромите непропорционално се изложени на построги контроли и многу често не им е дозволено да излезат од државата. Нашето здружение има поведено повеќе од 40 постапки“, истакна на денешната презентација на извештајот, Гоце Коцевски, коуредник на извештајот.

Во однос на слободата на изразување, како што рече Коцевски, фактот дека и по две години од аферата со прислушкувањето на телефонските разговори, сé уште нема правна и политичка разрешница, ја нарушува довербата на граѓан(к)ите во институциите.

„Во мај, одредени електронски портали објавија, а потоа дел од медиумите презедоа, лични податоци на граѓански активисти и членови на граѓански организации. Покрај имињата, беа објавени и податоци за лични примања, по основ на договор за вработување или договор на дело. Симптоматично е кој е извор на овие информации, со оглед на тоа дека само Управата за јавни приходи може да располага со вакви информации. Сепак, по повеќе од 10 месеци нема информации за правна разрешница. Информациите беа објавени со цел да се дискредитираат личности кои имаат различно мислење од она на актуелната власт“, смета Коцевски.

Дискриминацијата по однос на политичка (не)припадност, е многу честа во државата, но поради страв од губење на работно место или од дисциплинска постапка, многу ретко се пријавува. Овој вид на дискриминација најчесто се сретнува во јавната администрација и во државната управа, сметаат од МЗМП.

Лазар Сандев

„Политичката дискриминација најчесто следува како резултат на изразување на политички став, мислење, учество на протести, трибини…На тој начин, се ускратува правото на слобода на изразување по однос на политичката припадност надвор од работно време, кое се санкционира со губење на работно место, дисциплинска постапка, ускратување на право на одмор, мобинг на работно место…“, вели адвокатот Лазар Сандев, кој презентираше конкретни примери на вработени кои се соочиле со губење на работно место или професионално назадување во кариерата, само поради приврзаност кон одредена политичка партија.

Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

„Дискриминација по однос на бременост кај работнички е чест проблем особено во приватниот сектор. Во 2016 година поднесени се 20 претставки, поради непродолжување на договор за работа на определено време, откако работничките соопштиле дека останале бремени“, истакна Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, проектна менаџерка во МЗМП.

Покрај тоа што има напредок во однос на заштитата на правата на лицата со попреченост, споредено со пред шест години, како што вели Оровчанец Аранѓеловиќ, тие сé уште се најмаргинализирана група. Дискриминацијата на овие лица е во тоа што немаат соодветен пристап до јавни услуги, до социјална и здравствена заштита, недостаток на инклузивност во образовниот систем итн.

Годишниот извештај е дел од проектот на УСАИД за заштита на човековите права, спроведуван од Македонското здружение на млади правници, посветен на унапредувањето на заштитата и промоцијата на човековите права и демократските вредности во Република Македонија, преку правна едукација, стратешко застапување и зајакнување на капацитетите на правните професионалци и граѓанските организации.

Текст и фото: Марија Теговска

Tags: бремени женидискриминацијаизвештајлица со попреченостлични податоциМЗМПМлади правнициРомислобода на изразувањесудствоУСАИДчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ