• Latest

24 ЧАСА: Шест европски организации со повик за одбрана на медиумските слободи; Зеленски – Безбедносните потреби на Украина го надминуваат корејското сценарио; Вучиќ ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Шест европски организации со повик за одбрана на медиумските слободи; Зеленски – Безбедносните потреби на Украина го надминуваат корејското сценарио; Вучиќ ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата

Неколку водечки европски организации и иницијативи издадоа заедничка изјава со повик за итна акција за одбрана на медиумските слободи и спротивставување на дезинформациите во Европа. ЦИВИЛ е една од шесте организации потписнички на Заедничката изјава, со наслов „На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа“.

Организациите, како што стои и во соопштението за јавноста, предупредуваат на растечките закани од популистички движења, руската хибридна војна и нерегулираните дигитални платформи.

Изјавата беше презентирана на 3 септември за време на снимањето на специјален подкаст и е заеднички поддржана од: Медија дијалог, Германска унија на новинари, Нов европски форум на народите, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Вестминстерска алијанса за Украина и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

На Економскиот форум во Карпач, Полска, овие шест водечки организации со заедничката изјава упатија повик за итна акција за одбрана на медиумската слобода и спротивставување на дезинформациите во Европа. Изјавата, со наслов „На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа“, предупредува на растечките закани од популистички движења, руската хибридна војна и нерегулираните дигитални платформи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Сè е можно, но мора да признаеме дека Јужна Кореја има голем сојузник – САД. И верувајте, тие имаат бројни системи за противвоздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност. Искрено, Украина се стреми да добие сигурни безбедносни гаранции, како што се системите Patriot што ги има Јужна Кореја. Но оваа споредба има свои граници: населението на Северна Кореја е нешто над 20 милиони, додека Русија има повеќе од 140 милиони жители. Заканите од Русија се пет, шест, па дури и десет пати поголеми. Затоа точна реплика на корејскиот модел веројатно нема да одговара на безбедносните потреби на Украина“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека многу го цени економскиот модел на Јужна Кореја.

РЕГИОН

Вучиќ најави можна набавка на оружје од Кина и ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 3 септември изјави дека го искористил присуството на воената парада во Пекинг за да види „што би било интересно да се стекне за потребите на српската армија, така што таа би била одвраќање за секој потенцијален агресор од соседството. Тој рече дека Србија нема да допре никого, но дека ја зајакнува својата армија за да „го заштити својот територијален интегритет“.

СВЕТ

Португалија одбележува национален ден на жалост по несреќата на жичницата во Лисабон, во која загинаа најмалку 15 лица

Португалија одбележува национален ден на жалост откако најмалку 15 лица загинаа кога жичницата излета од шините и удри во зграда во Лисабон. Извештаите на локалните медиуми сугерираат дека кабел се олабавил по трасата на железницата, предизвикувајќи таа да ја изгуби контролата – во тек е заедничка истрага меѓу полицијата и компанијата што управува со 140-годишната жичница Глорија.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за воведување на вештачка интелигенција во образованието?

 

АНАЛИЗИ

„Како што забележа  Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ), во дел од медиумите во земјава и во соседството, се дистрибуира изјавата на поранешниот претседател на Полска, Анджеј „Дуда: Зеленски сакаше да ја вовлече Полска во војна со Русија“, или на српски “Duda: Zelenski hteo da uvuče Poljsku u rat sa Rusijom“, преземена од полското политичко списание „Do Rzeczy“, во кое се пренесени одговори на новинарски прашања на поранешниот полски претседател Анджеј Дуда. Иако насловот е дословно преведен, домашните и српските медиуми имаат вметнато сопствена интерпретација при преносот на текстот, при што во своите текстови, за разлика од оригиналниот полски, украинскиот претседател го нарекуваат „шефот на киевскиот режим“, сосема во складот на формулацијата на руските пропагандисти“, се вели во анализата „Рускиот пропаганден наратив за „киевскиот режим“ се одомаќини во дел од македонските и српските портали“.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ