• Latest

И канализацијата станува питка вода, но преку пречистителна станица!

May 8, 2017

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

И канализацијата станува питка вода, но преку пречистителна станица!

May 8, 2017 10:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Генерален реизбор на судиите, укинување на радиодифузната такса и на екстерното тестирање во образовниот систем, се меѓу првите чекори коишто ќе ги преземе новата власт во Македонија, најави лидерот на новото парламентарно мнозинство и претендент за прв човек на идната влада, Зоран Заев. Во однос на политичката и општествената криза, тој упати на започнување на процес на помирување во земјава.

Пишува: Петрит Сарачини

Не би сакал да се впуштам во коментирање на конкретните најавени чекори, кои се дел и од предизборните ветувања на социјалдемократите. Но, што се однесува до поентата за општественото помирување, без оглед на емоциите и жестоката поларизација на повеќе општествени полиња, таа е сосем во ред, дури и да не се согласувате во ништо друго со Заев. Едно општество, каде што разликите се доведени до ниво на насилна конфронтација, секако дека не може да чекори напред без да создаде минимална општествена кохезија околу тие чекори.

Поделеноста, различностите или различните мислења не се лоша работа. Напротив. Особено кога тие разлики подразбираат пристојно спорење и соочување на аргументите, ставовите, наодите, фактите, во еден амбиент омеѓен од правилата на демократијата, законите и етиката на јавно општење, што секако и неминовно доведува до напредок. За жал, нашите поделби и „полиња за натпревар“ произведуваат насилство, омраза, незнаење, мрак, назадување….

Па, како во такви услови да се оствари помирувањето? Дали „проштевањето на гревовите“, или не дај Боже, на криминалите, за кои сметам дека треба да има правично определена одговорност и соодветни санкции, се можниот лек кој ќе води кон помирувањето и шансите за напредок? Еве, да се осврнеме само на неколку состојби во две-три важни области, за да ги проанализираме „климатските услови и расположение“ за едно такво помирување.

Да почнеме од најосновното, од условите за постоење на правната држава. Зарем можете да замислите помирување со она што ексминистерката Јанкулоска го нарече МВРО-ВМРО, и целосното ставање на полицијата во функција на кршење на уставниот поредок, законите и човековите права, со години наназад?

Зарем мислите дека не се сеќаваме на безброј „дефилеа“ на луѓе со лисици пред камерите на режимот, со полицајци вооружени до заби, за сега да видиме како ги водат насилниците од нападот на Собранието, како на прошетка? Можете ли да барате помирување од оние недолжни жени кои специјалци ги влечкаа по судови за случајот „Монструм“? Или пак, од семејствата на Нешковски, Кежаровски, Божиновски, д-р Ставриќ…, од луѓе и семејства, кои режимот сакаше да ги зацрни и уништи, само затоа што не мислеа како началниците? Јас не гледам шанса за помирување, без казнување на ваквите постапки!

Како да се бара помирување, кога гледаме дека за невиденото насилство во Собранието се одредува осумдневен притвор, кога истото обвинителство и судовите бараат и досудуваат редовно 30 дена притвор за далеку побенигни кривични дела? Зарем треба да се помириме со „учество во толпа…“ и да заборавиме на серијата од 27 тешки кривични дела што ги видовме на 27 април, не само ние, туку и целиот свет? Зарем семејствата на оние што „лежат“ невино осудени, или пак, за украдени ќебапи, би требало да се помират со тоа?

А освен со последиците, пред да почнеме да се помируваме, или истовремено со тоа, ќе треба малку да се позанимаваме и со некои од главните причини кои овозможуваат достигнување на ваков стадиум на општествено лудило, кое што зафатило не маргинален, туку значаен дел од општеството. А тоа се состојбите во јавната комуникација, односно медиумите, но и образованието.

Зарем можете да замислите помирување и нов почеток за Македонија, како слободна и демократска земја, доколку клучните позиции и термини во влијателни медиуми ги окупираат луѓе како Латас, Ивона Талеска, Билјана Трендафилова, Миленко Неделковски, Бобан Нонковиќ, Цветин Чилиманов, Љупчо Златев…?

Зарем мислите дека со тоа ќе може да се помират стотици јавни личности, политичари, новинари, интелектуалци, уметници, граѓански активисти, па и сосем непознати за јавноста граѓани, кои со години беа, без ниту еден доказ за каква било злоупотреба, јавно масакрирани од началничките медиуми и нивните добро платени егзекутори, скриени под плаштот на новинарството, без за тоа никој да понесе ниту ронка одговорност? Зарем утре со нив, наместо да бидат сослушани од обвинители, треба да се седне на маса и да се разговара за слободата на медиумите?

Зарем можете да ги замислите „јавните маси“ на помирување, или екраните на националните телевизии, а околу нив да продолжат да седат и дефилираат луѓе, кои наместо во јавноста да понудат стручност и експертиза, без поговор поддржуваа и поддржуваат еден ирационален политички наратив, лудачки коктел на национализам, фашизам, религиски догми, теории на заговор, многу лаги, притаен и отворен говор на омраза и повици на насилство?

Производот на тој наратив е она што го видовме на 27 април. Нешто што, замислете, една „експертка“, на една режимска телевизија, бесрамно и безумно го нарече „најмирниот насилен упад во едно Собрание во историјата“!? Зарем некој треба од нормалните луѓе да побара да се помират со вакво лудило?!

Или, можеме ли да замислиме помирување со такво образование, во кое наставник тепа дете за да му покаже како Зијадин Села бил тепан во Собрание, а да не е сега во затвор?! Или, барем, соочен со кривично обвинение или суспензија и процедура за отстранување од образовниот процес? Или директор кој тера деца да одат на националистички протести, кои кулминираа со насилниот влез во Собранието, без за тоа да понесе каква било одговорност?

Можете да помислите на едно такво помирување, а да не зборуваме за квалитетот на условите во училиштата, книгите, работничките права на наставниот кадар, поделеноста на децата поради етничката припадност во различни смени, катови, различни крила и објекти на едно исто училиште… Зарем и со сето тоа ќе треба да се помириме? Можеме ли тоа да го побараме од наставниците, учениците, студентите, нивните семејства, родители…?

Секако дека не. Недостатокот на санкционирање на долгогодишниот криминал и кршење на човековите права и слободи во Македонија, како и создавањето на игнорантна и анестезирана јавност и граѓани кои лудилото го прифаќаат како нормалност, доколку помине без казни и одговорност, ќе биде само охрабрување таквите постапки да не запрат, туку да продолжат, а насилниците и криминалците набргу да се вратат на пиедесталот, во уште побрутална форма од она што го видовме на 27 април.

Вистина, и водата од канализација може да се претвори во вода за пиење. Секако, доколку помине низ соодветна пречистителна станица. Има многу такви примери во модерниот свет. Така, и со долгогодишната општествена криза во Македонија. Крајот на овој валкан режим и автократија може да биде еден добар, нов и чист почеток за сите, без оглед на припадноста. Но, само доколку валканиците поминат низ пречистителната станица – на основните принципи на демократијата, човековите права, правото и правдата!

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: влададемократијанасилствопомирувањепречистителна станицаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ